Author: Media Point

Лидер, гордост, класа – зборови со кои ЖФК Каменица САСА ја опиша фантастичната Мила Талевска при продолжувањето меѓусебната соработка до 30. 06.2025 година. – Талевска е една од нашите капитенки и веќе 4.5 години е срцето на нашиот тим. Една од главните виновнички за освојувањето на двете титули во последните три сезони и освојувањето на Купот на Македонија. Незаменливата Мила Талевска денеска стави потпис на нов договор со кој ја продолжуваме успешната соработка до 30.06.2025 година. Пресреќни сме што те имаме и што ќе газиме заедно како и до сега, – стои во соопштението од ЖФК Каменица САСА #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

Пензионерите ќе може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари, е одлука што е донесена на седница на владата, по предлог на Министерството за труд и социјална политика. На деловните банки им се препорачува преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата. Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши на 30 јануари (понеделник), пензиите во износ од 11.001 денар до 14.000 денари на 31 јануари, (вторник), пензии во износ од 14.001 до…

ПОВЕЌЕ ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас во финалето на Австралија Опен со 3-0 (6-3, 7-6, 7-6) и се врати на челната позиција на АТП ранкингот. Ноле се радуваше пред полните трибини во својата омилена „Род Лејвер Арена“. По ланското фијаско, депортацијата и оставањето без шанса за битка, Ѓоковиќ се врати посилен и сосема заслужено го крена трофејот во Мелбурн. Финалната средба тргна израмнето, Циципас имаше две брејк-топки на самиот старт кои не ги искористи, а за тоа дојде казната. Ѓоковиќ во четвртиот гем дојде до предност, која потоа му го трасираше патот низ првиот сет. Српскиот ас со…

ПОВЕЌЕ ...

 МВР информира дека вчера полициски службеници од виничкото ОВР Виница го лишиле од слобода И.А.(32) од Виница во чиј дом е најдена марихуана. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, две дробилки, ризли и пари, известуваат од полицијата. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Означен почетокот на зимските активности за кадетите Нема „зимски одмор“ ниту за селекцијата на играчи родени 2007 година (и помлади), затоа што почетокот на оваа седмица, означи и своевидно продолжение на активностите на уште една наша машка репрезентација. Во репрезентацијата на играчи родени 2007 година (и помлади) е и Матеј Митревски од Македонска Каменица. Станува збор исклучителен млад талент со светла кошаркарска иднина. Веќе неколку сезони бележи одлични натпревари во младинските категории на матичниот клуб Баскет Кам. Репрезентацијата ќе има доста обврски во оваа календарска година, а ќе бидат заокружени со настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, за кошаркари…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА објави дека, денеска потпис на едногодишниот договор стави Ања Симоновиќ. Станува збор за српска интернационалка која доаѓа од екипата на ЖФК Будуќност, Црна Гора. Според објавата од клубот, Симоновиќ е фудбалерка која настапува на повеќе позиции од средниот ред на теренот. Заедно со управата и навивачите на ЖФК Каменица САСА ѝ посакуваме многу успеси и среќа на Ања Симоновиќ. Продолжуваме заедно до шампионската титула на Македонија! #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има на следниве места: Страцин, Крива Паланка – г. п. Деве Баир, Попова Шапка, Маврово, Стража и Ѓавато. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони и на голомразица.…

ПОВЕЌЕ ...

На денешниот состанок со претставници од општина Македонска Каменица, на градоначалникот Димчо Атанасовски му беше претставен оперативниот план за првата фаза од проектот за оддржлив развој на Општина Македонска Каменица – Во оваа фаза од проектот фокусот ќе биде на пронаоѓање и градење на капацитетите кои ќе го имплементираат проектот на локално ниво, утврдување на туристичката и земјоделска стратегија за промоција на општината, како и дефинирање на брендот на Македонска Каменица, – велат од PrimePoint – Општина Македонска Каменица ќе се движи во вистински правец, преку создавање на долгорочен концепт за развој и ангажман на сите локални фактори, како и…

ПОВЕЌЕ ...

Најголема просечна нето-плата во Република Македонија добиваат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, покажаа податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во ИТ индустријата во ноември 2022 година земале нето-плата во просек од 84.018 денари, по што следи секторот Воздухопловен транспорт со нето-плата од 63.289 денари, додека по нив следат од секторот Останати стручни, научни и технички дејности со плата од 53.243 денари. ДЗС, исто така, објави дека просечната нето-плата по вработен во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари.

ПОВЕЌЕ ...

Денес се навршуваат 42 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен тоа што поседуваше огромен талент имаше огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. „Тоше“ Проески познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор…

ПОВЕЌЕ ...