Author: Media Point
Општина Македонска Каменица го објави Прашалникот за прибирање на предлози за креирање на Буџетот за 2023 година – Во насока на креирање на најдобар можен Буџет на Општина Македонска Каменица за 2023 година, а со цел утврдување на реалните приоритети и надминување на вистинските проблеми на граѓаните, потребно е сите заеднички да се активираме и да ги избереме најдобрите проекти кои ќе се реализираат во текот на наредната година, стои во објавата од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски Од Општината појаснуваат дека, Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и можност за доставување на Ваши предлози, а Вашата…
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Македонска Каменица и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата, – стои во соопштението за јавност објавено од градоначалникот Димчо Атанасовски Колективниот договор за вработените во ЕЛС, од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Бојан Трипуноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Македонска Каменица Миран Митревски од…
Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода 23-годишниот кочанчанец Д.Ј.. При претрес во неговиот дом во Кочани, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена марихуана. Д.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Извор: radiokocani.mk
Македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт. ЖКК Баскет Кам е номиниран во сите женски категории и се наоѓа во потесниот избор за награди. ЛИНК ДО ЛИСТАТА КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ГЛАСАТЕ ЗА ЖКК БАСКЕТ КАМ: ПРЕДЛОГ-НОМИНАЦИИ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ ВО КОШАРКАТА ВО 2022 ГОДИНА НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ: (Според принцип на одбирање/заокружување на предложените поени) ПЕТ поени за најдобриот избор, ТРИ поени за вториот, и ЕДЕН поен за третиот предложен кандидат/кандидатка или клуб во вашиот избор Сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија…
Македонска Каменица, 29. Ноември 2022 година – ЈП Камена Река започна со изградба на одводни канали од секундарната атмосферска канализација во централното градско подрачје на Македонска Каменица. – Со ова, трајно решаваме уште еден повеќегодишен проблем со одводнувањето на атмосферските води, кои постојано предизвикуваа штети врз имотите на жителите од оваа урбана средина во Македонска Каменица, – велат од ЈП Камена Река Градежните работи за изградба на одводните канали, ЈП Камена Река ги спроведува околу колективните живеалишта на улиците Руенска, Рударска и 28-ми Август во Македонска Каменица.
Според одлуката на Регулаторната комисија, бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продаваат по намалени цени, додека пак мазутот ќе поскапи Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за два денара за литар, па така, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.…
Денеска се одигра редовното 10. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Екипата на ЖФК Кочани, на градскиот стадион во Кочани ја пречека екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица. ЖФК Каменица САСА целосно ја оправда улогата на фаворит, совладувајќи го младиот тим на ЖФК Кочани со 0:10. Стрелци на головите за ЖФК Каменица САСА беа Талевска, Шопска и Костова со по еден погодок и повторно Ана Димитровска одигра немилосрдно кон противничката мрежа постигнувајќи дури 7 погодоци. – Очекувана победа во Кочани против младата домашна екипа, нашите фудбалерки изиграа одлично со многу комбинации и ефективна завршница, – изјави…
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани. Оваа делница е во должина од 13,75 км и согласно динамиката на работа истата треба да биде наскоро готова и ставена во функција. Премиерот Ковачевски истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација. „Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со…
Македонска Каменица, 26. Ноември 2022 година – Шаховскиот клуб “Каменица Саса” ги објави победниците на младинското и сениорското градско првенство на Македонска Каменица за 2022 година. Кај сениорите во машка конкуренција победник е Меџит Куртовиќ. Додека кај сениорките, најуспешна на градското шаховско првенство беше Валентина Васевска. Првенството во сениорска конкуренција, доби продолжение преку одржувањето на младинското шаховско градско првенство. Тука од пријавени 12 млади шахисти, најуспешен во младинска конкуренција беше Иван Атанасовски. Победник кај пионерите беше Матеј Атанасовски. Судија на градското шаховско првенство во Македонска Каменица беше Лазо Стаменковски, претседател на Шаховскиот клуб “Каменица Саса” и долгогодишен победник и…
Македонска Каменица, 25. Ноември 2022 година – Општина Македонска Каменица донираше телевизори за потребите на детската градинка “Бамби”. – Денеска, за потребите на ЈОУДГ “Бамби” дониравме четири телевизори, со кои ќе се подобри спроведувањето на воспитно-образовниот процес во установата. Телевизорите се набавени во рамки на субвенциите од Договорот за мобилни телекомуникациски услуги, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски при денешната посета и работната средба со директорката на Јавната општинска установа детската градинка “Бамби”, Тодорка Велиновска Градоначалникот Атанасовски во изјавата истакна дека, “Од наредната недела започнува исплата на одобрените средства за сите првачиња и за средношколците запишани во прва година во СОУ…
