Author: Media Point
Има десеткратно зголемување на капацитетот на соларни централи за струја. Ќе има периоди, особено летно време, кога струјата преку ден, ќе биде речиси бадијала. Власта најавува задолжително поставување батерии во соларните централи за вишоците струја да се чуваат за кога ќе треба. Со инвестицискиот бум во изградбата на соларни централи за производство на струја, кои произведуваат само додека има сонце, може да дојде до ситуација во исто време да се произведе многу повеќе струја од потребното, па нејзината цена во одредени периоди да биде речиси нула. Извозот исто така ќе биде многу тежок, затоа што Македонија не е единствената земја…
Утре, среда 22. Февруари 2023 година, во Домот на култура со почеток од 19:00 часот, гостува театарот Златен Елец со изведбата на театарската претстава “Грета”. “Грета” е работена според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете. Режиja и адаптација на Тамара Стојаноска. Улогите ги играат Димитрина Мицкоска и Ане Блажовски. „Грета“ раскажува приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени во “Грета” се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им…
Бети Котовчевска / Фото: Приватна архива „Барав начин како да се вратам кон себеси, како да станам посилна верзија од себе, за на крајот да завршам со најјаката верзија и така до бесконечност. Вим Хоф, мојот втор татко, тој беше мојот главен учител. А, потоа си оставен сам на себе – ти, дишењето и ладната вода“, вели Бети. Холандскиот екстремен спортист Вим Хоф е светски познат по неговата неверојатна способност да издржува студ. Тој тврди дека со оваа пракса се зајакнува човековиот имунитет и поради тоа го осмислил неговиот метод, кој има три компоненти: правилно дишење, постепено изложување на студ, односно студена…
Низа поплаки за високи сметки за струја – ЕВН тврди дека нема никогаш да наплати повеќе од она што корисникот го потрошил Поскапа струја, недостиг на отчитувачи или погрешно прочитани броила? – Низа граѓански поплаки за високи јануарски сметки за струја. До Регулаторна се пожалиле преку 70 домаќинства, на кои првиот регулатор Бислимовски индиректно им порача: друга е адресата на која треба да затропаат за решение на проблемот. Вели, треба да се прочита реалната состојба на броилата за да се коригираат сметките во иднина. ЕВН со одговор – компанијата има доволен број на отчитувачи. Тврдат дека екипите на Електродистрибуција отчитувањето…
Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски има нов клуб и потпиша договор со бугарскиот клуб Септември Софија. Стојановски пред неколку дена се раздели со Шкендија каде ги мина изминатите шест месеци и разгледуваше понуди. Ја одбра онаа на бугарскиот клуб, која беше најпримамлива и така 25-годишникот ќе биде втор македонски играч во овој клуб, по Костантин Чешмеџиев. Напаѓачот претходно играше во Хрватска и Франција каде ги носеше дресовите на Горица, Дугопоље, РНК Сплит, Шабмли и Ним, а на домашната сцена беше дел од Металург и Ренова.
Бразилката Јоелма Алвес Габриел е нова фудбалерка на вицешампионот во домашното првенство и освојувачот на Купот на Македонија, ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица – Станува збор за фудбалерка која во претстојната година ќе допринесе со креативност, ефективност и бразилска магија во играта на тимот, – велат од ЖФК Каменица САСА Јоелма Алвес Габриел доаѓа од екипата на ЖФК Флуминензе од Бразил. Има настапувано за Понте Прета и Крузеиро. Универзална фудбалерка која одлично се снаоѓа на повеќе позиции од средниот ред на теренот! #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
По 21 година организаторите го откажуваат култниот „ОФ -фест“, откако Министерството за култура одлучи да им додели само половина од сумата која ја добија лани. Одговорните на фестивалот велат дека доделените милион денари за проекти од национален интерес во културата, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на фестивалот.. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор. Од третманот на ОФФест, како и на есенскиот Скопски џез фестивал, кому, исто така, му се скратени средствата од актуелната министерка за култура веројатно не треба да бидеме изненадени. Особено ако ја…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАСПОРЕДОТ НА ЗАДУШНИЦИ НА СВЕШТЕНСТВОТО ПРИ “СВ. УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРПДИЦА” ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Задушници,18.02.2023 година, Сабота • Село Саса 06:00 часот, отец Дарко • Село Моштица 06:00 часот, отец Мартин • Грчки гробишта 07:30 часот, отец Мартин • Село Луковица 07:30 часот, отец Дарко • Стари градски гробишта, Црква Св.Илија 08:30 часот, отец Мартин • Нови градски гробишта, Капела 09:30 часот, отец Дарко Свештенство при Светиот храм “Св. Успение на Пресвета Богородица”, град Македонска Каменица
Од Шкендија во Шкупи, ова е трансфер – бомбата во преодниот рок. Влатко Стојановски и раководството на шампионот имаат договор, па во секој момент се чека и на промоцијата на напаѓачот кој ќе биде големо засилување за тимот на Гоце Седлоски. Познато е дека Стојановски беше во Шкендија минатата есен, но не одигра според вкусовите на тетовци, следуваа разговори за раскинување на договорот, па така сега Влатко се одлучи да ја прифати понудата на Шкупи. Тој на Чаир доаѓа како слободен играч откако предмалку тетовци официјално објавија дека повремениот репрезентативец не е веќе дел од нивниот табор. Кога сме кај…
Един Хоџа, Наумче Михајловски,Дејан Трајанов Чеде, Лука Станковиќ од Србија, Горан Каркински, Трајче Михајловски, Синиша Чамзиќ, Енис Имериовски, Емилија Симеонова, Бранче Глигоров и Хисен Таири се македонскиот национален пица тим кој ќе се натпреварува на светскиот пица шампионат во Римини од 20-22-ри Февруари. На Pizza senza frontier -шампионатот ќе земат учество околу 1000 пицамајстори од целиот свет.Повеќето од нашите репрезентативци се дел од најпознатото италијанско училиште за мајстори Accademia Pizzaioli која има своја филијала во Кочани – Accademia Pizzaioli Macedonia под водство на Зоран Јовановски Паламаро, првиот пица инструктор во светот кој не е италијанец а има 3 златни ѕвезди…
