Author: Media Point

Дваесет и шестгодишно момче утринава е пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер. Информацијата ја потврдија од СВР Штип, од каде информираа дека по насока на обвинител неговото тело без траги на насилство е предадено на обдукција. Смртта кај дваесет и шестгодишникот ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Делчево која се упатила кон неговиот дом веднаш по добивањето повик од роднина на несреќното момче.

ПОВЕЌЕ ...

Седечкиот начин на живот е еден од најголемите проблеми денес. Вежбањето е превенција од многу проблеми и болести предизвикани од седењето. Во зависност од вашата возраст, само неколку минути вежбање дневно може да има огромни придобивки. Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека секој четврти возрасен не вежба доволно, додека четири од пет адолесценти не вежбаат доволно. Ако ова се промени, би можеле да се избегнат пет милиони смртни случаи годишно во светот. „Редовната физичка активност е клучна за спречување и контролирање на срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак, како и намалување на симптомите на депресија и анксиозност, намалување на когнитивното…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за нови цени на горивата од вечерва на полноќ. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,5 денари, и според новата цена ќе чини 82 денари по литар. Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 86 денари, додека ЕУРОСУПЕР 95 и од утре ќе изнесува 84 денари по литар. Останува иста и цената на мазутот 41,3 денари, а екстра лесното масло поевтинува за 2 денари и според новата цена ќе изнесува 80,5 денари.

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ со ознаката „NMK“. – Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање…

ПОВЕЌЕ ...

Во однос на тоа дали треба заднички да се слави Гоце Делчев помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, мојот одговор е дециден-не! Зошто велам не? Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија. Ова меѓу другото во интервју за „Република“ го изјави универзитетскиот професор по историја, д-р Никола Жежов, спроти 4 февруари, кога ќе се чествува 151-годишнината од неговото раѓање. Според него, целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ј. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 30.11.2022, пријавениот со товарно возило „ман“ извршил превоз на сепариран песок на релација Штип-Кочани за потреби на правно лице од Кавадарци, кое вршело градежни работи. При контрола од полициски службеници било констатирано дека не поседува лиценца, со што постапил спротивно на одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќaj. Извор: Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

На 30.01.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во Итната медицинска помош Делчево со повреди бил донесен Т.М.(37) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите од струен удар додека извршувал работни задачи во фабрика во Делчево. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево. Извор: Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Жител на Кочани доби кривична пријава откако неговата снаа од брат пријавила дека тој ја нападнал нејзе и нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ќ.А. (46) од Кочани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „насилство“. На 18.01.2023 во Кочани, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа од брат и нејзиниот малолетен син“, се вели во полициското соопштение.

ПОВЕЌЕ ...

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛОВЕЧКОТО ДРУШТВО М.КАМЕНИЦА – САСА Ловечкото друштво М.Каменица САСА ги известува членовите дека ловот во ловиште Вратиславци, заклучно со денеска 31. Јануари 2023 година, е завршен. Во соопштението од ловечкото друштво се напоменува дека, секое непријавено движење во ловиштата ќе биде санкционирано согласно законот за ловство.

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за поскапување на горивата од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 1 денар по литар, додека дизелот ќе се покачи за 0,5 денари по литар. Така со најновата цена, од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 86 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 95 по 84 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 84,5 денари по литар.

ПОВЕЌЕ ...