Author: Media Point

На денешниот состанок со претставници од општина Македонска Каменица, на градоначалникот Димчо Атанасовски му беше претставен оперативниот план за првата фаза од проектот за оддржлив развој на Општина Македонска Каменица – Во оваа фаза од проектот фокусот ќе биде на пронаоѓање и градење на капацитетите кои ќе го имплементираат проектот на локално ниво, утврдување на туристичката и земјоделска стратегија за промоција на општината, како и дефинирање на брендот на Македонска Каменица, – велат од PrimePoint – Општина Македонска Каменица ќе се движи во вистински правец, преку создавање на долгорочен концепт за развој и ангажман на сите локални фактори, како и…

ПОВЕЌЕ ...

Најголема просечна нето-плата во Република Македонија добиваат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, покажаа податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во ИТ индустријата во ноември 2022 година земале нето-плата во просек од 84.018 денари, по што следи секторот Воздухопловен транспорт со нето-плата од 63.289 денари, додека по нив следат од секторот Останати стручни, научни и технички дејности со плата од 53.243 денари. ДЗС, исто така, објави дека просечната нето-плата по вработен во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари.

ПОВЕЌЕ ...

Денес се навршуваат 42 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен тоа што поседуваше огромен талент имаше огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. „Тоше“ Проески познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор…

ПОВЕЌЕ ...

Претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Македонска Каменица претежно облачно со повремени врнежи од дожд.

ПОВЕЌЕ ...

Цените на половните автомобили се зголемија за околу 30 отсто во текот на минатата година и ќе продолжат да растат. Тоа може уште повеќе да ги доближи до речиси новите, велат претставници на соодветните здруженија во Бугарија. Љубомир Доросиев од Здружението на увозници на половни автомобили вели дека цените на таканаречениот секундарен пазар се зголемени за најмалку 30 отсто. „Очекувам отсега и оваа година цените на автомобилите да останат во истиот редослед, односно со повисоки цени. Бугаринот претпочита половен автомобил, додава Доросиев, посочувајќи дека: „Во 2022 година ќе бидат регистрирани околу 30.000 нови и 260.000 половни автомобили“. Александар Костадинов од…

ПОВЕЌЕ ...

РОДИТЕЛИТЕ треба да издвојат цело богатство за училишна опрема, а на крајот таа буквално паѓа на изнемоштениот грб на децата, чии тела растат и се развиваат. Училишните чанти полни со книги не смеат да надминуваат 10 проценти од телесната тежина на детето. Истражувањата покажуваат дека 65 проценти од болките кај децата во вратот и рамениот појас и 35 проценти во лумбалниот ‘рбет се јавуваат како последица на тешки чанти и ранци, велат физиотерапевтите. Според нив, ранецот мора да биде цврст и да има широки ремени, а детето да го носи на двете рамења. Препорачливо е да користите ремени за да…

ПОВЕЌЕ ...

ЈАВЕН ПОВИК на Културно информативниот центар “Романса” од Македонска Каменица за формирање на ликовна секција во рамки на установата. – Ликовната секција ќе започне со работа од 01.02.2023 година. Ќе ја води Климентина Соколовска -дипломиран ликовен уметник од областа на класичното сликарство. Ова е прв таков обид за формирање на ликовна секција во нашиот град. Затоа упатуваме Јавен повик до сите ученици,студенти и останати граѓани од Македонска Каменица да се пријават најдоцна до 01.02.2023 година. Пријавувањето се врши во Домот на Култура, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, – стои во текстот од соопштението за јавност објавено од…

ПОВЕЌЕ ...

Граѓаните и компаниите се почесто земаат кредити Граѓаните и фирмите зависни од банкарски кредити. За близу 10% пораснале вкупните кредити, односно и домаќинствата и корпоративниот сектор лани се повеќе се задолжувале, покажуваат податоците на Народната банка. Побарувачката кај граѓаните на годишно ниво пораснала за 7,3 проценти. Податоците на Централната банка покажуваат дека граѓаните најмногу земале станбени кредити чија побарувачка за една година пораснала за 12,7%, додека потрошувачките кредити на годишно ниво пораснале за 6,3 отсто. Кај фирмите пак, побарувањата за кредити месечно пораснале за 2,6%, како резултат на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес…

ПОВЕЌЕ ...

Ни Тунис ни Македонија не заслужуваат да бидат во Президент купот, но тоа е спортот, рече македонскиот селектор Кирил Лазаров после вчерашниот пораз на Светското првенство во ракомет, па сега главна цел е младите да соберат што е поголемо искуство од играње натпревари на големо натпреварување. „Тунис има квалитетни играчи, тие се селекција која како и ние, не заслужува да игра Президент куп, но тоа е ракометот. И пред почетокот на Президент купот кажав дека ова ќе биде можност за помладите ракометари, дека шанса ќе дадеме на помладите за да стекнат што е можно поголемо искуство и самодоверба за во…

ПОВЕЌЕ ...

Стресот е прилично непријатен и исклучително неповолен и за психичкото и за физичкото здравје, а понекогаш самото тело покажува дека се бори со премногу стрес, т.е. кортизолот – „хормонот на стрес“ е во раст. Како да се препознае превисоко ниво на стрес? – Стручњаците издвојуваат три основни симптоми. Немирно спиење Ако човекот се буди често во текот на ноќта или спие немирно, тоа значи дека е под преголем стрес. Чувство на замор Вишокот стрес се изразува и преку постојан замор и покрај доволната количина на сон или испиено кафе. Постојана глад Непрекинатата глад, или пак, невообичаено зголемената желба за слатки,…

ПОВЕЌЕ ...