Author: Media Point

За основците и средношколците завршува зимскиот распуст и од утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Распустот беше продолжен со одлука на Владата заради функционалност на училиштата и второто полугодие наместо на 18 јануари почнува утре. Најверојатно и учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата. – За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е…

ПОВЕЌЕ ...

На 19.01.2023 во 18.43 часот во СВР Штип е пријавено дека во Итна медицинска помош Делчево бил донесен за укажување лекарска помош Д.Г.(69) од Делчево, кој по кажување на очевидец се повредил при несреќен случај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

ВИСОКА ПОБЕДА НА ЖКК БАСКЕТ КАМ ПРОТИВ КАВАДАРЕЧКИ ПРОБАСКЕТ Во 10. Коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица убедливо го совлада кавадаречки Пробаскет со 93:51 поен. ЖКК Баскет Кам до оваа видока победа рутински. Со тимска игра и пожртвуваност успеа да стигне до максимални “девет од девет” во домашното првенство. Најуспешни и немилосрдни кон противничкиот кош беа Марија Николов со 25 поени, 23 поени постигна Ана Милованова и 15 постигнати поени запиша одличната Зорица Караѓозова. Натпревар во кој сите кошаркарски на ЖКК Баскет Кам добија можност за двоцифрена минутажа на теренот.…

ПОВЕЌЕ ...

Не пропуштајте го прикажувањето на филмот “Макс и неговата бесна дружина” во Домот на култура во Македонска Каменица. Почеток, 17:00 часот. Среда на 25. Јануари 2023 година. Влез 70 денари. Кратка содржина на филмот: Вашиот нов дом во вистински замок – можете ли да замислиш нешто покул? Деветгодишниот Макс може. Затоа што замокот Геролдсек е дом за стари лица полн со збрчкани баби и дедовци. Но, тој сега живее во замокот за мајка му, која е медицинска сестра и самохран родител, да може да работи ноќни смени. Тој е единствено дете меѓу сите овие стари… Но, Макс наскоро се…

ПОВЕЌЕ ...

Непосредно пред продолжението на домашното првенство, поранешниот шампион на Македонија, Еуро Никел донесе нов играч кој ќе ја зголеми конкуренцијата на плејмејкерската позиција. Во составот на Кавадарци е вклучен 22-годишниот Александар Тодоровски кој во Еуро Никел доаѓа од второлигашот Баскет Кам, но има претходно искуство во Првата лига. Минатата сезона беше член на Работнички за кого одигра 17 натпревари во елитната конкуренција, а претходно кратко време престојуваше во Навико Академија ФМП и Вардар. Тодоровски е единствен нов играч во Еуро Никел оваа зима, а за својата минутажа ќе треба да се бори со искусните Дарко Соколов и Марјан Младеновиќ, како…

ПОВЕЌЕ ...

Игор Маринковски го фати Светиот крст, кој по повод празникот Богојавление-Водици, беше спуштен во водите на река Каменичка. 19. Јануари 2023 година – Традиционално, Светиот крст за Водици, во Македонска Каменица се спушта во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Игор Маринковски од Македонска Каменица. Стотици граѓани од Македонска Каменица го проследија овој чин, а на најсреќниот, градоначалникот на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му додели златник и пригодни подароци. По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа неколку пријавени учесници, меѓу кои Маринковски…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12. Јануари 2023 година – Општина Македонска Каменица го враќа бесплатниот јавен превоз за жителите од руралните средини. – Со утрешното пробно превезување на жителите од селата Саса, Моштица и Дулица, започнуваме со даденото ветување кон граѓаните за бесплатен превоз кон сите рурални средини, – стои во известувањето од кабинетото на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски каде во продолжение се вели дека, веќе од наредниот петок ќе биде воведен бесплатен јавен превоз за жителите и од останатите рурални средини. Во зависност од потребите, Општина Македонска Каменица ќе креира Возен ред, а според потребите на располагање ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Тимот на Каменица Саса, на пролет планира да ги подигне амбициите како клуб, и да одигра полусезна во ВМФЛ шампионатот што би требало да донесе нова насока за функционирањето на клубот. Финанскиот дел е покриен како од страна на општината така и од рудникот Саса, па од таа гледна точка раководните структури на клубот нема да имаат проблем. Ниту пак стручниот штаб очигледно кој за следната полусезона веќе промовира неколку нови имиња. Во прв ред тоа се браќата Иванови, Димитар и Благојче, Саше Дуков како искусно решение за нападот, Мартин Петровски, Мартин Тодоров, Кире Митков, Давид Мирковски, и Лука Здравковски…

ПОВЕЌЕ ...

КАЛИМАНСКО ЕЗЕРО ИМА 51 МИЛИОН КУБНИ МЕТРИ ВОДА 12.01.2023 – Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани почнаа со чистење и оспособување на каналската мрежа пред почетокот на новата наводнителна сезона на оризовите полиња во регионот. Со механизација се чистат земјени канали во должина од над триесетина километри на територијата на општина Чешиново-Облешево, во атарите на селата Кучичино, Бурилчево и Чифлик, а во текот на февруари и март треба да се оспособат уште околу 200 километри канали на подрачјето што го опфаќа хидросистемот. -Иако хидролошката состојба е неповолна и реките имаат исклучително низок водостој за овој период од годината, во…

ПОВЕЌЕ ...

Беровчанец пред казино се однесувал агресивно кон полициски службеници Izvor: mnet.mk 11 јануари 2023 На 10.01.2023 во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Берово го привеле Д.Р.(51) од Берово затоа што во казино во Берово агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По комплетирање на случајот, против Д.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...