Author: Media Point
Македонска Каменица, 10. Април 2023 година – Од PrimePoint Partners Macedonia известуваат дека утрешната средба во склоп на проектот за “Одржлив развој за Општина Македонска Каменица” се одложува. Настанот е одложен по прогласувањето на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица, поради загинувањето на двајца наши сограѓани во сообраќајна несреќа која вчера се случи кај Асти во Пиемонт, Италија. – Нашиот тим изразува длабоко сочувство на семејствата и на сите граѓани на Македонска Каменица за прерано згаснатите животи на загинатите млади луѓе од градот, – стои во соопштението од PrimePoint Partners Macedonia Воедно, од PrimePoint Partners Macedonia додаваат дека во координација…
Македонска Каменица, 10. Април 2023 година – Денеска, со почеток од 19:00 часот, беше одржана итна Седница на Советот на општина Македонска Каменица, на која од страна на советниците едногласно беше донесена Одлука за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица. Одлуката за тридневна жалост на 11. Април, 12. Април и 13 Април 2023 година, е донесена поради трагичниот настан кој вчера се случи во Италија, каде животот го загубија двајца наши сограѓани. Од Советот на Општина Македонска Каменица информираат дека, по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата…
Моника Златановска е дипломиран професор по математика – информатика. Таа е дел од Едуфронт уште од неговото основање како предавач на почетните обуки од Digipath – Дигитална патека за програмирање во Scratch. Моника работи со најмладите ученици и затоа ја има одговорноста да им покаже дека програмирањето и креативната работа со компјутери е забавен процес. Воведувањето на децата во програмирањето преку Scratch за Моника е задоволство зашто таа поседува голема трпеливост и голем ентузијазам за работа со деца. Покрај предавањата, Моника активно учествува во креирање и прилагодување на содржините и активностите во наставната програма за Digipath програмирање во Scratch. Таа има…
Делчево, 10. Април 2023 година – На 10.04.2023, полициски службеници од Полициската станица Делчево ги привеле К.Г.(22) од Делчево и А.Б.(23) од с.Вирче, делчевско, затоа што на 09.04.2023 околу 23.35 часот на ул. „Методија Митевски Брицо“ во Делчево го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз Д.А. од Прилеп и Б.Г. од Делчево. По комплетирање на случајот против напаѓачите ќе биде поднесен соодветен поднесок. Извор: Билтен на МВР
Минустерството за надворешни работи ја потврди веста дека дека синоќа, во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Македонија. Во продолжението од текстот на МНР се вели: Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31…
На 08.04.2023 година, во сабота се одржа регионален натпревар по англиски јазик. На натпреварот кој се одржа во Кочани, од каменичкото средно училиште “Миле Јаневски Џингар”, учествуваше Никола Јефтимовски, ученик од II б клас, под менторство на проф. Емилија Ристовска. Ученикот освои второ место, со што се пласираше на Државен натпревар, кој ќе се одржи во месец мај во Скопје.
Младите фудбалери од ФК Академија САСА, генерации 2011,2012,2013 утре ќе патуваат на пријателски натпревар во Радовиш против врсниците од екипата на Azzurri. – Станува збор за добра екипа, со одлични услови за работа, каде нашите млади фудбалери ќе имаат можност да се дружат со своите врсници, да се надигруваат и да ги покажат своите фудбалски вештини, – истакнуваат од ФК Академија САСА Натпреварите се играат утре, вторник на 11. Април, на Спортскиот комплекс во Радовиш, со почеток од 15:00 часот.
Денеска, 08. Април 2023 година, ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица учествуваше на регионалниот натпревар по англиски јазик, каде ученици постигнаа солидни резултати. Јулија Ивановска V одделение- I место (93 поени) ментор: Маријана Стојановска Јовановска, Марија Стоименовска VI одделение- Il место (85 поени) ментор: Драгана Миланова, Андреа Лазаревска VII одделение- III место (82 поени) ментор: Александра Ѓеорѓиевска, Софија Ситновска IX одделение- II место (86 поени) ментор: Маријана Стојановска Јовановска. Денешниот натпревар беше организиран од ELTAM во Кочани. Од училиштето им посакуваат многу успех на државниот натпревар!
Македонска Каменица, 07. Април 2023 година – Вчера, се одигра 2. Коло од турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2023. Во четирите натпевари победи извојуваа екипите на Електро над Саса транзициони проекти, Администрација со тесна гол разлика славеше над Рудник, Хоризонт 910 беше поуспешен од Хоризонт 990 и Технички служби ја совладаа екипата на Машинско.
Македонска Каменица, 07. Април 2023 година – По повод големиот христијански празник Благовец и денот на здравјето, Пчеларското Здружение “Еко Кам Мед” од Македонска Каменица на учениците од I и II одделение при ООУ “Св. Кирил и Методиј” и штитениците при Центарот за лица со посебни потреби им подели теглички со мед. Покрај другите активности, беше одржана и презентација на медот како здрава храна.
