Author: Media Point
Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8°C, а максималната од 15 до 21°C. Во Македонска Каменица променливо облачно, попладне со можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Се продава плац со површина од 231 m2 на улица „14 Јули“ во Македонска Каменица. Плацот е со платени комуналии, целосна документација со одобрен проект за изградба на објект на градежна маркица од 92 m2 (По + П + П1). Број на градежни парцели: 3729/2 и 3730/2. Цена по договор. Контакт телефон +389 78 413 831
Се продава земјиште погодно за изградба на викендица или куќа за живеење. Земјиштето се наоѓа во приградската населба Павлиш Дол, на само 2 километри од Македонска Каменица, веднаш до регионалниот пат кон село Саса. До земјиштето има асфалтиран пат, систем за снабдување со вода и струја. Вкупна површина на парцелата, со чист имотен лист, е 510 м2. Цена по договор. Повеќе информации за огласот на контакт телфонот: +389 75 309 676
На 19.04.2023 во 17.15 часот во Полициската станица Кочани, , од Итната медицинска помош Кочани, било пријавено дека за укажување лекарска помош се јавил В.Н.(21) од Македонска Каменица кој што околу 15.40 часот се здобил со повреда при работа во фабрика во Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани.
Македонска Каменица, 18.04.2023 година – Свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ објави радосна вест за верниците од Македонска Каменица и регионот. – Со голема радост ве известуваме дека на 23.04.2023година (2 недела на Воскресение -Томина) ќе се изврши чинот на осветување на манастирот посветен на Собор на Св. Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса на м.в Среден рид. Чинот на осветување ке го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија. Воедно ќе биде отслужена и Света Божествена Архиерејска Литургија. По завршувањето на чинот на осветување на манастирот и Светата Литургија ќе биде…
На регионалниот натпревар по Природни науки, одржан на 10 Април 2023 година во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица учество зедоа повеќе ученици од 4, 5 и 6 одд. Од училиштето информираат дека учениците под менторство на наставниците Царка Митревска, Иван Крстевски, Зоран Ангелов и Виолета Накова, ги имаат постигнато следиве резултати: • Дарио Стоименов Пофалница , Теона Николовска III награда • Дамјан Стоименовски III награда ,Бисера Владимировска Пофалница, Лука Ѓорѓиевски Пофалница • Константин Стоименовски III награда • Каја Малчовска I награда Vб одд. ,Немања Костадиновски II награда Vб одд. ,Ерик Арсов III награда Vб одд. ,Јана Петровска III…
Викендов по повод најголемиот христијански празник имавме убав продолжен викенд. Неработни денови беа 14 април Велики Петок, и денешниот втор ден на Велигден, 17 април, понеделник. Оваа недела според календарот, ќе работиме само три дена, па повторно имаме продолжен викенд. Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам, а истиот се паѓа во петок. Веднаш следната недела, на почетокот на мај имаме продолжен викенд. 1 Мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот ќе имаме добра можност да испланираме некое патување.
Македонска Каменица, 15. Април 2023 година – Пред малку, ФК Каменица САСА на својот официјален налог на социјалните мрежи, објави одлична вест. Младиот Петар Митревски (16) е повикан во У17 репрезентацијата на Македонија. – После неколку одиграни натпревари за нашиот тим, Петар Митревски е повикан за У17 селекцијата на Македонија на собирот од 17 до 21 Април. Среќно Пепи и ти посакуваме многу успешни натпревари, – стои во текстот од објавата на ФК Каменица САСА Ова е одлична шанса и дополнителна можност за младиот Митревски, знаејќи дека настапите во младинските репрезентации, секогаш носат ново и позитивно натпреварувачко искуство. Митревски, во…
Македонска Каменица, 15. Април 2023 година – Пред малку, ФК Каменица САСА на својот официјален налог на социјалните мрежи, објави одлична вест. Младиот Петар Митревски (16) е повикан во У17 репрезентацијата на Македонија. – После неколку одиграни натпревари за нашиот тим, Петар Митревски е повикан за У17 селекцијата на Македонија на собирот од 17 до 21 Април. Среќно Пепи и ти посакуваме многу успешни натпревари, – стои во текстот од објавата на ФК Каменица САСА Ова е одлична шанса и дополнителна можност за младиот Митревски, знаејќи дека настапите во младинските репрезентации, секогаш носат ново и позитивно натпреварувачко искуство. Митревски, во…
Полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(24) и Д.И.(24) од Делчево, информираа денеска од МВР. По преземени мерки и активности, со судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот на С.М.(24), при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, по судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории во кои живее Д.И.(24) во Делчево, при што биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, кутија со остатоци од марихуана и дробилка. При преглед на патничко возило „ауди“, пак, сопственост на Д.И., била пронајдена и одземена уште една ќеса со марихуана. Двајцата биле…
