Author: Media Point
Талевски, МАР: Со инвестиции во одржлив развој и одговорно работење домашната рударска индустрија ќе го добие местото во општеството што го заслужува Актуелните кризи со кои се соочува македонската економија не го заобиколија рударскиот сектор, но тој уште еднаш покажа дека е витална стопанска гранка која може да се соочи и со најтешките предизвици и притоа да продолжи со инвестициите и развојот, да испорачува сигурност, стабилност и поддршка за луѓето, за локалните заедници и за економијата на земјата. Ова меѓу другото во интервју за Исток прес го истакнува претседателот на МАР – Македонската асоцијација на рударството, Ивица Талевски. Во него…
Делницата од експресниот пат Кочани – Штип што неодамна беше пуштена за сообраќај претставува вистинска опасност за учесниците во сообраќајот, особено на потегот од некогашната Подлошка крстосница до надвозникот кај селото Тркање. Учесници во сообраќајот што секојдневно ја користат делницата реагираат дека на посочениот потег има неколку места каде има недозволени вклучувања, а на одреден дел недостастува дел од банкина каде камиони и автомобили се приклучуваат од стариот на новиот експресен пат. – Експресниот пат на потегот од некогашната Подлошка крстосница до надвозникот кај Тркање е небезбеден. Особено е врши недозволено вклучување кај „Амфенол “ и бензинската пумпа во близина…
Државниот завод за статистика соопшти дека природниот прираст на населението во земјава е намален. Во четвртото тримесечје од 2022 година изнесува – 616 лица што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто. Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.…
Институции и образовни установи од Македонска Каменица, вчера потпишаа Договор за соработка со ,,Нула отпад’’ ДОО Скопје за постапување со отпадна електрична и електронска опрема како и за начинот на постапување со отпадни батерии и акумулатори. Во текот на наредните денови ќе пристигнат и корпи за селектирање на батерии кои ќе бидат поставени во сите образовни институции и на повеќе фрекфентни локации во Македонска Каменица. Договор за соработка со “Нула отпад” потпиша и ЈП Камена Река, со кој се предвидува воведување на можност, граѓаните кои што имаат таков вид на отпад, преку оставање на податоци до претпријатието, истиот да…
Нашето училиште реализира повеќе активности со кои го одбележа месец февруари – месец посветен на лицата со ретки болести. На 24 февруари (петок) беше организирана работилница под менторство на наставникот Љупка Ристовски на која учествуваа ученици од 9 одделение: Софија Ситновска, Мелани Ѓорѓиевска, Милена Зафировска, Илина Јаневска од 9а одд., Ивона Илиевска, Амела Зеќировска, Милена Спиридонова, Николија Стаменковска и Михаела Ивановска од 9б одд., како и учениците Мила Михаиловска, Теона Николовска, Ена Спасевска, Михаела Пaвловска и Мартина Мицевска од 9в одделение. Преку изработка на цртежи, хамери и свои лични творби, учениците се потрудија да ја подигнат свеста на луѓето за…
За да се изврши дигитална трансофрмација на институциите во Македонија потребно е да се оптимизираат сите процеси и функции кои ги обезбедуваат тие институции и истите да се овозможат преку употреба на дигитални средства. Рачната и хартиена работа треба да се замени со работа базирана на софтвер и Информациско-комуникациски технологии. Сите услуги кои ги даваат централните и локалните институции кон граѓаните и стопанството треба да бидат достапни преку Интернет, преку компјутер и мобилен телефон, 24 часа, 365 дена во годината. Најдобро е дигиталната трансформација да се базира на домашни компании кои со тоа ќе го зајакнат својот човечки потенцијал, ќе…
Слободно можеме да кажеме дека ова песна стана евергрин.. Тоше Проески уште на почетокот на кариерата имаше можност да работи со еден од најпознатите македонски поп композитори. Станува збор за Григор Копров, авторот кој досега има напишано безброј хитови, како за Тоше, така и оснатите македонски поп пејачи. Но, знаевте ли која е првата песна која тој ја создал за Тоше? Станува збор за песната „Усни на усни“, која и ден денес е апсолутен хит. За тој факт одличен доказ е тоа што многу младенци се одлучуваат токму на оваа песна да го изиграат својот прв танц, но и каверите…
Таи Нгок од Виетнам тврди дека не спиел од 1962 година, откако ја загубил таа способност по треска. Виетнамецот роден во 1942 година нема објаснување за ваквата состојба. Некои мислат дека може да биде PTSD од војната во која учествувал, додека други веруваат дека има исклучително ретка медицинска состојба. Бински остана цела ноќ со Нгок за да види дали навистина спие, и тој беше буден цела ноќ за време на видеото! Целата приказна можете да ја погледнете во видеото подолу. Извор: kumanovskimuabeti.mk
Денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи…
Дали треба да се ограничи пристапот на социјалните мрежи за децата без соодветен надзор? Дали треба да се забранат некои социјалните мрежи за децата за да не можат да ги употребуваат без соодветен надзор? Ова прашање се отвора откако во борбата за клик и лајк повеќе на социјални мрежи згасна живот на дете, четиринаесетгодишно девојче кое живо изгоре по струен удар од каблите над пругата кај железничката станица „Илинден“, во обид, според очевидци, да сними интересно видео за на „тик-ток“. Според премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе се разгледува опцијата за регулирање на упоребата за социјалните медиуми, ама во иднина.…
