Author: Media Point
Македонска Каменица, 08. Март 2023 година – По повод одбележување на 8. Март -Меѓународниот ден на жената, учениците од IVa клас при СОУ Миле Јаневски Џингар, Андреј Лазаревски и Лина Стојчевска подготвија презентација за средношколците од I година. – Целта на презентацијата беше да ги запознаат учениците со дел од правата на жените и нивната рамноправност. Причините за празнување на овој ден и придонесот кон разбивање на стереотипите, стои во објавата од СОУ Миле Јаневски Џингар кои во продолженеие од истата, на сите припаднички од понежниот пол им го честитаа празникот 8. Март. Пишува: Горан Бразда Ристовски
Меѓународниот ден на жената – 8 Март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир. Од тогаш, Меѓународниот ден на жената се прославува на глобално ниво со фокус на движењето за правата на жените, родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата против…
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода И.Г.(30) од село Моштица, општина Македонска Каменица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи, информираа од МВР. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Извор: СкопјеИнфо/ Дневен Билтен на МВР
ВО ПОЖАР ВО КУЌА ВО ОРИЗАРИ НАСТРАДА ПОВОЗРАСНА ЖЕНА 07.03.2023 – Во пожар што претпладнево избувна во семејна куќа во населбата Оризари настрада повозрасна жена, а објектот е целосно оштетен. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани, веднаш по дојавата за огнот пристигнале на местото и почнале интервенција за гаснење со три возила и петмина пожарникари. -Нешто пред 10 часот добивме повик за пожар на куќа на улицата „Љупчо Сантов“ во Оризари и излеговме на терен. При интервенцијата беше констатирано дека има починато едно женско лице на 79-годишна возраст, со изгореници на дел од телото. Со повреди се здоби и…
Значајна победа на ЖФК Каменица САСА во дербито на 13. Коло за нови три бодови во борбата за лидерското место во Првата женска фудбалска лига на Македонија. – Нашите девојки, расположени за игра одлично го одиграа натпреварот, со целосна контрола и доминација на натпреварот, – стои во објавата од клубот по вчерашната победа ЖФК Каменица САСА до победата стигна со двата постигнати гола на Ана Димитровска и еден на Елена Панеска. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
ЖКК Баскет Кам на две кола пред крајот го осигура шампионското место во Првата кошаркарска лига на Македонија ЖКК Баскет Кам му носи нова причина за славје на нашиот град! Македонска Каменица повторно е шампионски град! ЖКК Баскет Кам е шампион во регуларниот дел во Првата кошаркарска лига на Македонија! Составот на Баскет Кам 2011 ја прекина мини-серијата на неуспешни игри со победа во Струга. Екипата од Македонска Каменица стигна до нималку лесен триумф (60:54), кој им дава комфорна предност од две победи (скор 10-2), во однос на двоецот Бадел 1862 и Вардар (двете по 8-4). На дуелот во…
Терминот од 19:00 часот, во вторник на 07. Март во Домот нс култура е резервиран за кинопроекција на урнебесната комедија “Роден лажго”. Од КИЦ Романса известуваат дека оваа супер интересна комедија е наменета за публика над 14 годишна возраст. Влезниците, со цена од 100 денари, веќе се пуштени во продажба во Домот на култура во Македонска Каменица.
Дефинитивно ниту кај дамите не е досадно. Иако квалитетот е далеку од посакуваното ниво, доаѓаат изненадувачки вести. Како што пишува спортскиот магазин СпортМедија, екипата на Вардар предводена од селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов на дуелот против Гризли Баскет се обидела да мами со внесување на кошаркарка на теренот која ја немало во записникот пред мечот. Ашаданов на терен ја испратил Николиќ, но десетина секунди после тоа, било откриено дека станува збор за измама. Веднаш било реагирано, кошаркарката била испратена на трибини, Ашаданов заработил техничка грешка. Овој натпревар е заведен од службена победа на Гризли Баскет, Вардар нема…
Два пријателски натпревари на фудбалските групи до 11, односно 13 години од ФК Академија САСА, утре ќе одиграат пријателски натпревари против ФК Орлетата од Благоевград во соседна Бугарија. Утре патуваме во Благоевград, Бугарија каде две наши групи ќе одиграат пријателски натпревари против своите врсници од ФК Орлетата. Фудбалерите до 11 и до 13 години, покрај можноста за надигрување на зелениот терен, ќе имаат можност за запознавање и целодневно дружење, – истакнуваат од управата на ФК Академија САСА од Македонска Каменица ФК Академија САСА, работи како младинска фудбалска школа, каде во моментов активно тренираат над 40 млади фудбалери од Македонска Каменица.…
УБАВА ВЕСТ: Прва изложба на цртежи од младите каменички уметници од ликовната секција при КИЦ „Романса“ Македонска Каменица Како што стои во известувањето од КИЦ Романса Македонска Каменица, по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената, во Домот на култура ќе биде отворена правата изложба на цртежи изработени од младите каменички уметници при ликовната секција. – Отварањето на ликовната изложба е на 8. Март 2023 година, со почеток од 12 и 30 часот. Ликовната изложба, заедно со учениците при ликовната секција, ќе ја отвори ликовниот уметник и менторот кој ја води ликовна секција, Климентина Соколовска – истакнува директорот на…
