Author: Media Point
Македонска Каменица, 13. Мај 2023 година – Во 19. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, на Градскиот стадион во Македонска Каменица екипата на ЖФК Каменица САСА со 2:0 го победи ЖФК Асс Унитед. Стрелци на головите за домаќините беа Ленче Андреевска и Ана Димитровска. – Победа за нашиот тим и нови 3 бодови! Честитки до девојките. Успеавме натпреварот да го одиграме со целосна иницијатива и доминација на теренот. Нашиот тим заслужено стигна до посакуванипт успех, – изјави тренерот и стратег на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски Линк до видеото од директниот пренос на натпреварот тука MediaPoint
Екипата на Саса од Македонска Каменица си ја заврши задачата и освои потребен бод кај Пелистер во Битола, па така го сочува статусот во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Мечот на стадионот „Петар Милошески“ заврши без голови, со резултат 0-0. Пелистер немаше императив за победа, а Саса играше внимателно затоа што бод ѝ одговараше за опстанок, па на крај и го освои. Арсими – Тетекс 3-4: Поради ремито на тимот од Македонска Каменица, во баражот патува Тетекс кој победи кај Арсими (3-4), но тој триумф е пиров затоа што иако двете екипи имаат ист број на бодови, Саса има подобар меѓусебен дуел. Лорик Љика (2)…
Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Годинава, во акцијата за првпат ќе се приклучи и Македонска Каменица, преку Јавното претпријатие “Камена Река”, двете училишта во градот, Здружението на пензионери и останати Еколошки и други организации. Генералка викенд се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16 000 волонтери. Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 од 12-ти до 14-ми мај, ќе биде собран отпадот од повеќе локации мапирани од страна на…
Од вечерва од 20 часот и 20 минути целосно затворен за сообраќај е патниот правец Штип-Скопје поради случена сообраќајна несреќа. Информацијата ја соопшти АМСМ. Во моментов нема повеќе информации за повредени или евентуално загинати лица. Овој пат правец претставува црна точка. Само во изминатите неколку месеци случени се неколку тешки сообраќајни несреќи со смртни последици.
Вчера, 11. Мај 2023 година на стадионот “Павел Шатев” – Ќумурно во Битола се одиграа Државните натпревари во фудбал во женска конкуренција за Средни училишта. Екипата на СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица е државен вицешампион во ова државно натпреварување. Во финалниот натпревар се сретна со екипата на СОУ Методи Митевски Брицо од Скопје. Трето место е екипата на гимназијата Таки Даскало од Битола. Ова е очекуван успех на каменичките фудбалери, бидејќи голем дел од учениците при СОУ Миле Јаневски Џингар се членови на најтрофејниот женски фудбалски клуб во поновата историја на македонскиот фудбал, екипата на ЖФК Каменица…
По изедначеното прво полувреме, во кое изненадувачки, „баделки“ имаа еден поен предност (27:26), пресудна беше третата четвртина од вториот финален натпревар во оваа серија која треба да го даде новиот шампион на Македонија. Односно периодот од 25. до 30.минута од играта во кој домашната екипа од негатива од два поени (36:38), стигна до резултатски пресврт. На крајот на третата четвртина, Баскет Кам 2011 поведе со (51:42), и предноста не ја испушти до крајот на натпреварот. А го одбележи едно неверојатно индивидуално остварување. Го реализираше Сања Адамовска. Македонската репрезентативка одигра меч за паметење. Забележа трипл-дабл ефект, до кој дојде преку реализација…
Кошаркарките од Македонска Каменица сега се на еден чекор до титулата. Денеска, повторно славеа со (62:53) за (2-0) во серијата. Вториот натпревар од големото финале, игран во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, донесе подобра игра на Бадел, но недоволно за успех. Бадел беше само добар спаринг пертнер за втор триумф на презизвикувачот Баскет Кам. БАСКЕТ КАМ 2011 – БАДЕЛ 1862 62:53 (2-0) По изедначеното прво полувреме, во кое изненадувачки, „баделки“ имаа еден поен предност (27:26), пресудна беше третата четвртина од вториот финален натпревар во оваа серија која треба да го даде новиот шампион на Македонија. Односно периодот…
Во женското кошаркарско првенство попладнево, со почеток од 16:30 часот во Спортската сала во Македонска Каменица, ќе се одигра вториот натпревар од финалната серија меѓу Баскет Кам и Бадел. Екипите кои веќе трета сезона во низа водат беспоштедна борба за шампионскиот пехар. Би рекле дека, Баскет Кам е екипата која му покажа на Бадел дека не е повеќе неприкосновен во македонската женска кошарка и практично го навика на порази. Бадел е екипата која, во иднина ќе мора да го бара своето место под македонското кошаркарско небо покрај доминантната екипа од Македонска Каменица, бидејќи Баскет Кам е тим која…
Возач е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Македонска Каменица – Кочани. Според полицијата, во несреќата учествувале возило „ауди“ кое излетало од коловозот, а потоа удрило во паркирана „мазда“. Вчера во 07.50 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Кочани, кај с.Истибања, виничко, патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.А.(34) од Кочани, излетало од коловозот и удрило во паркирано патничко моторно возило „мазда“ со винички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).…
Културно информативниот центар ”Романса” Македонска Каменица распиша Литературен конкурс за творби со поезија на тема “Св. Кирил и Методиј” Право на учество имаат учениците при во ООУ ”Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица. Најдобрите творби ќе бидат наградени со вредносни ваучери од 3000 денари за прво место, 2000 денари за второ и 1000 денари за трето место. – Творбите треба да се достават во 3 (три) печатени примероци во шифрирана форма и тоа:во посебен плик со податоци на секој од учесниците (авторите) во конкурсот, пликот да биде затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците…
