Author: Media Point
Ги инсталиравме корпите за селектирање и одложување на батерии во сите локални и образовни институции во Македонска Каменица. Со веќе потпишаниот договор со “Нула отпад” воспоставуваме одржлив систем за управување со електронски отпад и отпадните батерии. Систем кој во континуитет ќе се спроведува и ќе допринесе до намалување на ваквиот отпад во Македонска Каменица. Исто така, Договорот за соработка со “Нула отпад” предвидува воведување на можност, граѓаните кои што имаат ваков вид на отпад, преку оставање на податоци до ЈП Камена Река, истиот да биде преземен од нивните домови.
На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола, – стои во соопштението на МВР Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Центарот за култура “Бели мугри”- Кочани ви ја претставува изведбата на македонско- срската хит комедија “Обвинителка” Единствената изведба во Кочани, заинтересираните можат да ја проследат во сабота, со почеток од 20:00 часот. Карти за претставата, можат да се набават по цена од 200 денари, на билетарата во институцијата. Работно време за набавка на билет: 16.05.2023 – 08.00-16.00 часот 17.05.2023 – 08.00-16.00 часот 18.05.2023 – 08.00-20.00 часот 19.05.2023- 08.00-20.00 часот 20.05.2023- 14.00 часот па се до почеток на претставата. Главните улоги во македонско српската комедија ,,Обвинителка”, ги имаат Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски Автор: Огнен Неделковски Режија:…
Физички ја нападнал, ја принудил на секс и го снимал чинот – уапсен жител на Виница кој ја малтретирал вереницата 17.05.2023 23:18 Дваесет и шестгодишен жител на Виница и приредил пекол на неговата 20-годишна невенчана сопруга во семејниот дом. Недоразбирањето што го имале, минало во физички напад, принуда на полов однос од кој направил и експлицитни снимки, соопшти СВР Штип. Случајот е пријавен во полиција која го лишила од слобода. „На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А. (26) од Виница, затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана…
Македонска Каменица ќе биде домаќин на завршницата од женската јуниорска конкуренција. Градот кој го има новиот шампион во женска сениорска конкуренција, Македонска Каменица, односно клубот Баскет Кам 2011, ќе бидат домаќини на финалниот турнир од М18 лигата-жени кој ќе се игра на 20 и на 21. мај. Во наддавањето на кое учествуваше уште еден клуб учесник во завршницата на ова натпреваруавње од младинските лиги, Крива Паланка, Баскет Кам 2011 понуди најдобри услови и ќе биде организатор на турнирот на кој освен овие две екипи учество ќе земат и екипите на Тим Арена од штип, односно Бадел 1862 од Скопје. Одредени…
Тимот „MakBot Pioneers“ отпатува на Светското првенство по роботика ,кое од 18-21 Мај, ќе се одржи во Маракеш-Мароко. Од СОУ “Гошо Викентиев” Кочани упатија благодарност до сите оние кои допринесоа да се реализира ова патување. Да се оствари сонот на младите ученици, да бидат со врсниците – натпреварувачи од целиот свет. Упатија честитки до учениците за успехот во целиот предизвик, за упорноста, способноста и знаењето. – Посебна благодарност до Општина Кочани за нивната финансиска поддршка и до сите фирми кои ни излегоа во пресрет и помогнаа да се соберат средства за овој натпревар, – додаваат од MakBot Pioneers тимот, исто…
Стадионот “Ѓорче Петров” во Скопје, утре со почеток од 16:00 часот, ќе ги прими екипите на ЖФК Љуботен од Тетово и ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица како финалисти во Купот на Македонија. Утрешното големо финале од Купот на Македонија директно ќе биде пренесувано на МРТ. Овие две екипи се директни конкуренти за освојување и на шампионатот на Македонија, каде во моментов Љуботен има минимална предност пред девојките од Македонска Каменица. Победникот ќе биде решен буквално во последниот натпревар од првенството кој ќе се одигра пред тетовската публика. Рудник САСА Македонска Каменица Општина Македонска Каменица #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
Македонска Каменица, 15. Мај 2023 година – Вчера, во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа државниот натпревар по математика за ученици од 6 до 9 одделение. На натпреварот учествуваа два ученика од ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица. Марија Стоименовска од 6 одделение под менторство на предметниот наставник Валентина Ристова и Филип Ангелов 7 одделение, под менторство на наставникот Драган Соколовски. Филип Ангеловски покажа солидни резултати, додека Марија Стоименовска успеа да ги освои сите “100 од 100” поени. Со тоа Марија, успеа повторно да го претстави своето училиште во најдобро светло. Општинското основно училиште “Св.…
Имаше сериозна конкуренција во соиграчите како што се Сања Адамовска и Цветанка Димова… Кошаркарката на Баскет кам 2011, Елена Тасевска беше избрана и за најкорисен играч во завршната серија од финалето на плеј-офот во женска конкуренција. Македонската репрезентативка одигра одлично и во третиот меч од финалето, прв одигран во Скопје. Особено важни беа нејзините поени во последната, решавачка четвртина од овој последен меч во сезоната. На крајот, за 36:15 минути во игра, дојде до дабл-дабл ефект изразен преку реализација од 22.поени (5/9 за три, 1/6 за два и 5/6 за еден поен), дополнети со десет скока (два офанзивни), три освени…
Баскет Кам го симна од „тронот“ Бадел и ја освои втората шампионска титула во домашното, македонско кошаркарско првенство. Тимот од Македонска Каменица ја доби и третата финална пресметка со „баделки“ славеа со 68-58 и со максимални 3:0 во победи ја заокружија финалната серија. Иако домашниот тим одигра добро прво полувреме кое го реши во своја полза со 33-26. Во вториот дел гостинките беа оние го диктираа темпото, но и резултатот. Во третиот период кој Баскет Кам го доби со 15-6, беше најавен пресвртот, па во последната четвртина гостинките само ја одржуваа предноста и на крајот заслужено се радуваа. Елена Тасевска…
