Author: Media Point
Тренчевска: САСА е пример за современ руднички комплекс кој се грижи за благосостојбата на вработените и родовата еднаквост Во рамки на активностите посветени на економското зајакнување на жената, кои се спроведуваат во текот на месец март во склоп на кампањата „Гласна и храбра“, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети рудникот САСА. На средбата со раководниот и техничкиот тим на САСА, министерката се запозна со сите позначајни аспекти од работата на САСА, како и со ефектите од континуираните вложувања во модернизација на производството, во безбедноста и условите за работа, во професионалниот развој и благосостојба на…
Вие сте натпросечно интелигентни ако го добиете точниот резултат за помалку од 15 секунди Дали сте спремни? Овие загатки се идеален начин да го започнете денот и да го размрдате мозокот. Ако сте нивен љубител и љубител на математички проблеми, тогаш сте на вистинското место. Денеска ви подготвивме задача која треба да ја решите за помалку од 15 секунди. Ако успеете во ова, вие сте натпросечно интелигентни. На илустрацијата се нацртани корпи со овошје, зеленчук и леб и секоја од овие намирници претставува бројка. Откако ќе сфатите кој број го претставува секој предмет, лесно ќе дојдете до точното решение. Ако…
Миа Костова за еден ден собра 14.000 евра за лекување на момче од Скопје: дечки поместивме граници Познатата инфлуенсерка Миа Костова за еден ден собра 14.000 евра за лекување на момче од скопски Центар. „Дечки, поместивме граници со желба за Никола да биде добар и да се опорави што побрзо. Над 200 мали бизниси донираа производи и услуги и над 200 луѓе донираа за Никола, а со тоа ги запаметија малите бизниси кои излегоа навистина големи луѓе. За 24 часа собравме околу 4000 евра. Крајно, добив анонимна донација од 10.000 евра, дамата која втор пат во живот ми покажува дека…
Во Србија повлечена една серија од БСЖ-вакцината, во Македонија не се набавува од истиот производител 22.03.2023 15:43 Вакцината БСЖ кај нас, која се дава на бебиња е безбедна и ги задоволува сите стандарди и спецификации. Одобрена е од Агенцијата за лекови и строго контролирана. Здравствените власти смируваат – не постои опасност, ниту потреба да се повлече БСЖ-вакцината како што тоа е случај во соседна Србија. Таму се повлечени 834 ампули од овој медицински препарат. Јавноста и родителите се во паника, нема информација колку бебиња се имунизирани со вакцина од оваа серија и веќе бараат здравствените власти да испратат инспекција кај…
Јавното претпријатие за државни патишта ја комплетира реконструкцијата на делницата од регионалниот патен правец Р1304, од месноста Превалец кон влезот во Виница. Градежните работи ги изведуваат работници и механизација на ЈП „Македонијапат“ кои се ангaжирани на преасфалтирање на коловозот во должина од околу еден километар и ширина од шест метри, од хотелот „Слив“ до крстосницата со магистралниот пат А3. За реконструкција на последната фаза од патниот правец Јавното претпријатие инвестира седум милиони денари, а се очекува преасфалтирањето да се комплетира за неколку дена. Претходно беа заменети оштетените и дотраени сообраќајни знаци и патокази, а по завршувањето на градежните работи ќе…
Порано имавме многу голмани кои изведуваа пенали, слободни удари, односно асови со голгетерски учинок кој можат да имза видат многу играчи. Сега ретко гледаме такви ситуации, односно имаме по некој инцидентен случај голман да даде гол при прекин (корнер, слободен удар) но има некои исклучоци како што минатиот викенд во Чиле. На дуелот меѓу Кобресал и Коло Коло кој заврши со 3-1 третиот гол за домаќините го даде чуварот на мрежата, Леандро Рекена и тоа откако буквално погоди од гол на гол. Тој ја испрти топката на противничката половина, неговиот колега на спротивната страна имаше лоша проценка, па Рекена се…
Општина Македонска Каменица упати покана до граѓаните за учество на јавна работилница во склоп на програмата „Одржлив развој на Македонска Каменица” Проектот „Одржлив развој на Македонска Каменица“ се реализира во партнерство на Општина Македонска Каменица и Фондација САСА. Имплементатор на проектот е PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro. Јавната расправа е закажана за 29. Март 2023 година, со почеток од 10:30 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица. На 14ти Март во Домот на Културата во Македонска Каменица пред претставници од Советот на општината беше презентирана програмата „Одржлив развој на Македонска Каменица”. Програмата, како што известуваат од Општина Македонска Каменица,…
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел наркотична дрога марихуана и психотропна супстанца метамфетамин. Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница.
ПРОНАЈДЕНИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ И ОБЛЕКА ВО КОЧАНСКИ ДОЛ КАЈ ОРИЗАРИ 20.03.2023 – Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне, додека изведувал земјоделски активности на својот имот, забележал остатоци од облека и човечки коски, по што веднаш ја известил Полицијата. Од СВР – Штип го потврдуваат настанот, но не соопштуваат дали се работи за остатоци од постар датум. -На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР – Кочани било пријавено дека во нива на место викано Кочански Дол биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни – Кочани. По…
На 18.03 2023 во 22.25 часот во СВР Штип, 48 – годишна жена пријавила дека пред околу три месеци, С.М.(32) од Теранци, општина Чешиново-Облешево ја вознемирувал преку социјалните мрежи за да биде во љубовна врска со него. Според пријавеното, на 17.03 2023 во дворното место на ЈЗУ Здравствен дом Виница, С.М. и го земал мобилниот телефон и го скршил, а истото го направил и на 18.03 2023 околу 20.00 часот пред семејниот дом во Виница. За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, информираат од СВР Штип.
