Author: Media Point

На 25.03.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Делчево, 20-годишна девојка пријавила дека М.З.(23) од Делчево, со кого претходно била во љубовна врска, ја уценувал и ѝ се заканувал дека ќе објави експлицитни видео материјали кои ги имал направено додека биле заедно. По  комплетирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава. Извор: Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

БЕКТЕШИ НАЈАВИ ЕВТИНА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈА ОД ПРВИ ЈУЛИ Време зa читање: Можно е граѓаните повторно да користат евтина дневна тарифа на струја, и тоа од први јули. Владата и регулаторите работат на тоа, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. „Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден“, рече тој. И, додаде, би можело да има вишок на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври.…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, со почеток од 10:30 часот во Културно Информативниот Центар “Романса” се одржа јавен консултативен процес со граѓаните на Општина Македонска Каменица, каде беше претставен проектот „Одржлив економски развој на Македонска Каменица“, имплементиран од PrimePoint Partners. На настанот присуствуваа повеќе од 50 претставници на локалното население, владини и невладини институции, локални претпријатија, земјоделци, занаетчии, претставници на образовните и научните институции кои, ги споделија своите идеи за проекти за долгорочен развој на општината. Програмата, како што истканаа од PrimePoint Partners, има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување,…

ПОВЕЌЕ ...

Земјотрес со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во 2:41 часот на 72 километри источно од Скопје. Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе-Штип и е почувствуван од населението во Штип и околината.

ПОВЕЌЕ ...

Културно-информативниот центар”Романса ”Македонска Каменица распишува ликовен и литературен конкурс на тема ”Чекориме по патеката на мирот”. Конкурсите се распишуваат во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Средното општинско училиште во Македонска Каменица кое го носи името на херојот од нашиот град, Миле Јаневски Џингар. Право на учество на ликовниот и литературниот конкурс имаат учениците од прва до четврта година при СОУ ”Миле Јаневски-Џингар”од Македонска Каменица. Учениците може да учествуваат со изработка: цртежи, слики, скулптури и литературни дела. Бројот на ликовни и литературни дела за учество не е ограничен. Најдобрите дела ке бидат наградени со вредносни ваучери: • Прва…

ПОВЕЌЕ ...

🚘 Се продава 𝙊𝙋𝙀𝙇 𝘼𝙎𝙏𝙍𝘼 1.9 𝘾𝘿𝙏𝙄 🚘 📌 Возилото е во многу добра состојба. Носи мотор на Fiat. Произведено во 2006 година. 📌 Регистрирано е до 14.03.2024 година 🇲🇰 📌 Од опрема поседува алуминиумски бандажи, електрика на ретровизори и прозори, клима, команди на волан и останата стандард опрема за овој модел. Сменето масло во мотор со сите филтри. 📌 Возилото, неодамна е увезено од Италија 🇮🇹 ✅ Цена по договор 🚗 📲 Контакт телефон: +38970351580 * За повеќе информации за возилото кликнете на фотографијата подолу ⬇️⬇️⬇️ https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4455403 (Маркетинг објава)

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27. Март 2023 година – По повод Меѓународниот ден на театарот, денеска во детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица беше прикажана детската театарска претстава Љубопитната принцеза. Во театарската претстава учествуваа Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ. Драматуршката и сценската адаптација на претставата е направена од Шенка Колозова. За да ја погледнете фотогалеријата од денешната театарска претстава кликнете на фотографијата подолу

ПОВЕЌЕ ...

Дефанзивецот на турскиот прволигаш Демирспор, Јован Манев родум од Кочани, е пред шанса да дебитира за сениорската репрезентација на Македонија, откако дополнително беше повикан за настап на понеделничкиот пријателски дуел против Фарски острови. Тој треба да ја пополни празнината на стопрската линија по заминувањето на Муслиу и повредата на Зајков. „Среќен сум што добив покана од селекторот и ќе се потрудам во првата средба за А-селекцијата да ја оправдам довербата. За мене ова е исполнување на сонот. Сега е време да се докажам и во најдобрата македонска селекција“, изјави Манев за „Штипски асови“. Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, – Во среда, на 29. Март, со почеток од 10:30 часот, во просториите од Домот на култура во Македонска Каменица ќе биде одржан настан по повод вклучување на жителите на Македонска Каменица во процесот на градење на програмата за одржлив економски развој. На настанот ќе бидат бидат преставени потенцијалите на општината за развој на бизниси од областа на земјоделството и туризмот, кои би можеле да бидат поддржани во следните фази на проектот. Програмата има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување, пристап до финансии и…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 27. Март 2023 година – СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ж. (63) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. – На 19.02.2023 околу 14.00 часот во дворното место на нејзината семејна куќа во с.Тработивиште, 63 годишната М.Ж. предизвикала пожар, кој поради ветрот се проширил во околината на имотите и дворовите на соседите. Била опожарена површина од околу 1,5 хектари, а биле доведени во опасност и куќи на соседите. Извор: Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...