Author: Media Point
На 11.06.2023 во 19.05 часот во СВР Штип, И.М. (44) од с. Градец, виничко, пријавил дека околу 19.00 часот во неговиот двор во с. Градец бил физички нападнат од В.А. (42) од истото село. По документирање на случајот против В.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 11.06.2023 во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во с. Мојанци, кочанско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.В. (30) од с. Мојанци и Д.Л. (53) од Кочани. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави Јавен повик за сите заинтересирани спортски работници и организации, спортисти, љубители на спортот, навивачки групи и граѓани од Општина Македонска Каменица за одржување на работна средба за согледување на состојбите и изнаоѓање на начини и можности за подобро функционирање на Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“. Работната средба ќе се одржи на 17-ти јуни 2023 година, со почеток од 10 часот во Дом на култура – Македонска Каменица Целиот Јавен повик од градоначалникот Атанасовски го објавуваме во целост: Почитувани, Во мое име и во име на Општина Македонска Каменица, Ве повикувам…
https://www.youtube.com/watch?v=-DUWyjahkCc Македонска Каменцица, 12. Јуни 2023 година – Советот на Општина Македонска Каменица, на денеска одржаната XXIII седница, донесе одлука за зголемување на финансиската помош за санирање на штетите по силното невреме кое ја зафати соседната општина Делчево. Така, првично најавената помош од 500 000 денари, која градоначалникот Димчо Атанасовски ја најави веднаш по невремето, денеска беше зголемена на 600 000 денари. – Поради невремето што го зафати нашиот соседен град Делчево кое што остави фатални последоци од поплава и големи материјални штети кај населението Општина Македонска Каменица ќе донира парични средства во износ од 500 000 денари, уште веднаш…
Во 86. година од животот почина Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер. Пред неколку месеци му беше дијагностицирана леукемија. Берлускони ја водеше италијанската влада од 1994 до 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во моменталната влаедачка коалиција во Италија. Беше сопственик на неколку медиуми, а беше и претседател на фудбалскиот клуб Милан.
Наставничка од Берово пријавена од родител дека тепала ученик Педесетгодишен маж од Берово пријавил дека неговиот син бил физички нападнат од наставничката во основното училиште во кое учел. Според полицијата, настанот се случил во Берово, а го пријавил таткото со иницијали Ѓ.П.. За сега, нема информации за причините поради кои се случил овој настан. Се работи на расчистување на случајот.
Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се преусмерува преку Виница и Смојмирово. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ. На возачите им се препорачува крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
500 000 денари финансиска помош од Општина Македонска Каменица за санирање на последиците од синоќешното силно невреме во Делчево – Поради невремето што го зафати нашиот соседен град Делчево кое што остави фатални последоци од поплава и големи материјални штети кај населението Општина Македонска Каменица ќе донира парични средства во износ од 500 000 денари со цел санирање на штетите во најбрз можен рок, – стои во соопштението за јавност, кое пред малку, го објави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски Вчера, екипи на ТППЕ – Македонска Каменица и членови од ДПД “Саси” организирани и опремени веднаш пристигнаа во поплавените…
На 08.06.2023 во 13.43 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека на ул. „Македонска“ во Виница настанал пожар во куќа сопственост на А.А.(53) од Виница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница. Во пожарот повредени лица нема, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.
Денеска завршува училишната година за средношколците, основците ќе учат до среда Крај на училишната година за средношколците. Основците ќе учат до 14 јуни, како што беше најавено од МОН. Првиот екстерен испит, задолжителниот мајчин јазик, 15.620 матуранти го полагаа на 27 мај, а утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. На избор на матурантите им се дадени седум предмети. Министерот Јетон Шаќири рече дека во новата учебна година ќе има учебници и дека до септември има доволно време. За грешките во учебниците се повикува на комисијата и на педагошката служба.
На 07.06. 2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода С.В.(68) од Виница затоа што со стаклен предмет нападнал полициски службеници додека извршувале службени задачи. По комплетирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
