Археолошкиот локалитет „Кале„ кај штипското село Крупиште, се уште ја чува тајната за тоа дали на овие простори се напишани првите словенски букви. Од пронајдените наоди со сигурност не може да се потврди дека токму овде е лоциран градот Равен, центар на Брегалничкото Кнежество. Сепак последното археолошко откритие- камен, кадешто се напишани неколку букви од глаголицата, се доволен доказ дека писменоста потекнува или се случувала во овие краеви „Ние пред две години истражувавме на локалитетот кај с.Крупиште и таму ги најдовме тие докази. На камен беа напишани неколку букви од глаголицата. Тоа се наоѓа во нашата институција. После тоа…
Author: Media Point
Завршницата во женската пионерска лига ќе се игра викендов, во салата на КК „Вардар“ во Скопје… Кошаркарскиот клуб „Вардар“ од Скопје ја доби организацијата на финалниот турнир од М12 лигата-жени. Понудија најдобри услови за организирање на турнирот кој следува на 27. и на 28. мај, а ќе се игра во нивната сала „Под Кале“ во Скопје. Одредени се и сатнините на одигрување на полуфиналните натпревари. Во првото полуфинале кое ќе се игра на 27.мај (сабота), ќе играат екипите на Вардар и Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, закажано е за 12.часот. А два часа подоцна, од 14. часот, за…
Како што информираат од ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, на Државниот натпревар по Биологија, одржан на 20. Мај 2023 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, учество зеде ученичката Софија Ситновска. – И годинава, Софија Ситновска постигна одличен резултат освојувајќи Втора награда на државниот натпревар, – стои во објавата од училиштето, од каде на Софија Ситновска и на менторот проф. Љупка Ристовски им посакуваат уште многу успеси во иднина. Софија Ситновска е одличен ученик при каменичката деветолетка, каде учествува на натпревари по повеќе предмети. Исто така, учествува на локални, државни меѓународни литературни конкурси и ликовни колонии и работилници.
Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра. Во истата општина се стационирани и европскиот гигант за производство на ќерамиди, мега кондиторска индустрија, голема македонска фирма за производство на мебел и високо технолошка гринфилд инвестиција за производство на декоративни садници. Овие шест фирми заедно лани во малата Виница внеле 227 милиони евра, – пишува Фактор.Мк Не, овде не станува збор за некое мало место во Швајцарија. Станува збор за македонско градче на истокот располано под падините на Плачковица, познато по родните полиња, историската „виничката афера“…
Дербито на дваесетото коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија помеѓу екипите на ЖФК Тиверија и ЖФК Каменица САСА заврши без погодоци. Стратегот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски натпреварот го оценува како еден од најдобро одиграните натпревари во оваа натпреварувачка сезона, иако неговата екипа се врати од Струмица само со бод! – Нерешен резултат на гостувањето во Струмица кај одличната екипа на Тиверија. Можеби најквалитетниот натпревар сезонава изигран во ПЖФЛ, честитки девојки, – истакна Златковски во објавата на социјалните мрежи Следното коло ЖФК Каменица САСА го пречекува ЖФК Кочани како загревање пред гостувањето во Тетово против ривалот за…
Македонскиот државјанин Д.Л. (21), кој вечерва во 19 часот и 40 минути беше ранет во грбот на аголот од улиците Цар Николаја Втори и Максим Горки, најверојатно е случајна жртва на пукање. Во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а со два куршуми Д.Л.Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет. Ранетиот Д.Л., бил донесен од негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го сокрил и повикал полиција и брза помош. Тој со ранет другар се движел од Његошева кон улицата Максима Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако донесе пријател до…
Полицијата поднесе кривична пријава против двајца мажи, едниот од Берово, а другиот од Штип, но со живеалиште во Берово, под сомнение дека силувале 21-годишна девојка со здравствени проблеми, соопшти МВР. „ОВР Берово до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Ш.Д.(28) од Берово и Ш.Д.(43) од Штип, со живеалиште во Берово, поради постоење основи на сомнение дека извршиле обљуба врз 21-годишна девојка од Берово, која имала здравствени проблеми“, се вели во полициското соопштение. Извор: slobodenpecat.mk
Родители на ученици од кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“ споделија снимка на која се гледа како нивните деца, кои се на екскурзија во Франција, го туркаат автобусот за да запали. Како што пренесува порталот „Дума“, родителите не се задоволни од превозот. Учениците сведочат дека проблемите се појавиле уште на почетокот на патувањето, кога во Кавадарци дошле два автобуса, од кои едниот имал технички недостатоци. Директорката на гимназијата, Јасмина Чулева, за „Дума“ изјави дека по првата интервенција, во која бил направен вонреден технички преглед и бил обезбеден исправен автобус, засега екскурзијата се реализира без проблеми, но дел од родителите го тврдат спротивното. ПОВРЗАНИ…
КИЦ Романса ги информира љубителите на книгата дека, во петок на 26.05.2023 година, пред Домот на Култура ќе се одржи еднодневен саем на книгата од продуцентската куќа “САКАМ КНИГИ”. – Еднодневниот саем ќе трае од 10:00 до 18.00 часот. Сите заинтересирани кои сакаат да го посетат саемот и да ги купат најновите изданија, ги покануваме да повелат пред Домот на култура, – велат во поканата од КИЦ “Романса” Македонска Каменица.
По кусо боледување ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, објави порталот ММС. Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството. Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш беше во болницата „8 Септември“. Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет. Мустафов беше многу популарен во својата земја поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика.
