Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани ги известува и поканува сите дечиња и млади од регионот, на супер интересниот настан закажан за денеска, утре и во четврток на 01. Јуни 2023 година. Станува збор за најновиот филм од Авантурите на Биби и Боби – Пролетна магија. Кино прекциите се во следните термини: 30.05.2023 кино проекции во 12:30 и 13:30 часот 31.05.2023 кино проекции во 10:00, 12:30 и 13:30 часот 01.06.2023 кино проекции во 12:30 и 19:00 часот Влезниците се со единечна цена од 150 денари. Истите можат да се купат на Билетарата во институцијата, секој работен ден од…
Author: Media Point
Здружението на пензионери од Македонска Каменица, денеска во своите простории ги организираше Општинските пензионерски спортски игри. Пензионерите од Македонска Каменица се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини. Пензионерите кои постигнаа најдобри резултати ќе учествуваат на Регионалните спортски игри на 8. Јуни ќе се одржат во соседно Делчево.
Македонска Каменица обележа 79 години од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ Oливера Верa Јоциќ е родена во Сингелиќ, Скопско на 21 август 1923 година. Животот го загубила во село Саса, Македонска Каменица, на 22 мај 1944 година. Партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице постхумно одликувано со Орден на народен херој. Денес, во Македонска Каменица, со пригодна програма, читање на рецитали и положување на букети свежо цвеќе беа одбележани 79 години откако Вера Јоциќ го положи животот за слободна татковина. На одбележувањето на годишнината од смртта присуствуваа делегации од сите локални институции и претпријатија, како и граѓански…
По повод големиот христијански празник Св. Дух, Духовден, месната заедница во село Саса број 1, ги известува граѓаните на Македонска Каменица и регионот дека на 04. Јуни 2023 година, ќе се одржи Народен собир проследен со ручек за здравје. Делењето на рчекот за здравје ќе започне да се служи во 16:00 часот. – Ќе бидеме почестени со вашето присуство на народниот собир, однапред се заблагодарувам за присуството. Само така можеме да ги зачуваме христијснските и традиционалните вредности, – вели претседателот на Црковниот одбор во село Саса 1, Драган Маринковски.
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Сообраќајката се случила меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски ознаки, при што на лице место починал 62-годишен возач од Велес кој управувал со пикап-возило со скопски регистерски таблички. Во сообраќајката има и повредени лица кои се пренесени во штипската Клиничка болница, а шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека се врши увид од страна на полицијата и обвинител, а…
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 79 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВЕРА ЈОЦИЌ КИЦ “Романса” Македонска Каненица ги известува граѓаните дек, во вторник на 30. Мај 2023година со почеток од 11 часот, пред споменикот на народниот херој Вера Јоциќ ќе се одбележи 79 години од нејзината смрт. Каменица.Мк ќе го пренесува настанот ВО ЖИВО.
Општина Македонска Каменица преку градежните работни активности на ЈП Камена Река продолжува со уредувањето на речното корито на Каменичка Река. – Во завршна фаза е последната етапа од уредувањето на кејот на Каменичка Река, а веднаш потоа следува и чистење на речното корито, -истакнува Димчо Атанасовски, градоначалник на општина Македонска Каменица Од таму додаваат дека, продолжуваат посветено да ја градат најубавата општина во Македонија. Притоа, како што велат, ставаат посебен акцент на инфраструктурата и хортикултурното уредување.
ВО ПОЖАР ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕ СЕМЕЈНА КУЌА ВО КОЧАНИ 25.05.2023 – Во пожар што избувнал околу 10 часот целосно изгоре куќата на семејството Војови од Кочани. Според првичните сознанија нема повредeни или настрaдани лица, но направена е голема материјална штета. Во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кочани, која со три екипи и возила успеала за неполн час да го локализира огнот и да спречи негово проширување на соседните објекти. -Во моментот на избувнување на пожарот, во една од собите биле мојата снаа со внучето, но за среќа успеале навреме да се извлечат. Јас бев на работното место, а соседите ми…
Почина Тина Тарнер Славната пејачка Тина Тарнер почина денес во 83-та година. „Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“, почина денес во 83-та година по долго боледување во својот дом во Куснахт кај Цирих, во Швајцарија. Со неа светот губи музичка легенда и пример“, се наведува во соопштението. Таа во последните години имаше здравствени тешкотии, а ѝ беше дијагностициран рак на цревата во 2016 и имаше трансплантација на бубрег во 2017 година. Ѕвездата родена во Соединетите Американски Држави беше една од омилените рок пејачки, позната по харизмата на сцената и низата хитови вклучувајќи ги „Simply The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“, „What’s…
Задоцнетата регистрација во албанските институции, моментално го одложи отворањето на бугарскиот клуб во Пустец, Албанија. Бугарската фондација Македонија, која се претставува како основач, објавува фотографии на социјалните мрежи дека клубот иако најавено, денеска нема да се отвори, но со бугарите од општината заеднички ќе го слават денот на бугарската писменост. Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски во изјава за Сител вели дека фондацијата нема поднесено никакви документи, но одлука дали ќе се дозволи отворање културен клуб носат судовите, а не општината. Иако Колефски вели дека општината не издава довола, Фондацијата објави фотографија дека веќе се обезбедени и подготвени простории за бугарскиот…
