Православните христијани денеска ги празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена и Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера, зарди што го доби името Велики. Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите.…
Author: Media Point
За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња. Во оваа насока, веќе се подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за благосостојба на животните со кои се предвидува воспоставување систем за контрола на размножувањето на кучињата токму преку регистрација на одгледувачници и евидентирање на регистрираните одгледувачи на куче. Со оваа мерка се очекува оние сопственици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција (не сакаат да се регистрираат како одгледувачница или регистриран сопственик на куче), да го стерилизираат, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче…
По повод утрешниот голем христијански празник Света Троица (Педесетница – Духовден), на Магилката во Македонска Каменица ќе се одржи традиционалниот народен собир со делење на благословен ручек за здравје на населението. Благословувањето и делењето на ручекот за здравје ќе започне во 15:00 часот. Сите наши сограѓани и добронамерници, може да повелат на „Магилката“ и заедно, во едно убаво неделно попладне, да го одбележиме христијанскиот празник Света Троица. Исто така, сите помагатели во обновата на објектот и уредувањето на просторот на „Магилката“, се поканети и добредојдени на утрешниот народен собир. Ве очекуваме! За многу години празникот браќа и сестри христијани!
Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37-годишна жена. Претходно информиравме дека во судир меѓу две возила на лице место загинаа 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Бројката на жртви во сообраќајната несреќа е три, а во моментов во штипската Клиничка болница се хоспитализирани четири повредени лица. Сообраќајот на оваа делница од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и сообраќајот се…
Македонска Каменица, Јуни 2023 – Во рамки на честувањето на христијанскиот празник Св. Троица, на 06. Јуни 2023 година, во Долна Саса ќе се одржи традиционалниот рударско народен собир. По тој повод, од месната заедница во Долна Саса упатуваат покана за присуство до сите рудари и граѓани на Македонска Каменица и регионот. Народната веселба започнува напладне, со пригодна музичка програма во исполнение на Модерато Бенд од Македонска Каменица. Благословувањето на ручекот за здравје и светата литургија започнуваат во 15:00 часот. Делењето на благословениот ручек за здравје ќе биде со почеток од 16:00 часот. Во име на месната заедница на Долна…
Повредени 79 годишен возач и 78 годишна сопатничка откако со возило излетале од коловозот. – На 01.06.2023 во 14.30 часот било пријавено дека на клучка од експресен пат Кочани –Три чешми и излез од експресен пат кон ТИРЗ Штип, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(79), во кое сопатничка била А.В.(78), двајцата од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешка телесна повреда, а А.В. со телесна повреда, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА КАМЕНИЦА.МК: Во вторник на 06. Јуни ќе…
Двајца жители на Дулица со физичка пресметка го нарушиле јавниот ред и мир На 31.05.2023 во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Македонска Каменица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.П.(27) и Н.Г.(25), двајцата од с.Дулица, – известува СВР Штип. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА КАМЕНИЦА.МК: Во вторник на 06. Јуни ќе се одржи рударско народниот собир во село Саса 1
Известување од Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” за распоредот на свештените лица за Духовденската задушница на вечните почивалишта во Македонска Каменица Сабота, 03.06.2023 година – Моштица 06:00 часот, о.Мартин – Саса 06:00 часот, о.Дарко – Грчки гробишта 07:30 часот, о.Мартин – Луковица 07:30 часот, о.Дарко – Св. Илија – Стари градски гробишта 08:30 часот, о. Мартин и о. Дарко – Капела – Нови градски гробишта 09:30 часот, о.Мартин и о.Дарко Од свештенството при Светиот храм известуваат дека, во петок попладне, свештеник ќе биде присутен на Новите градски гробишта (Кај Капела) во 15:00 часот, о.Дарко. Кај старата градска црква Свети…
Полициски службеник од Виница заработи кривична пријава. Од Полицијата соопштија дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднеле кривична пријава против полицискиот службеник М.А., командир на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Виница при ОВР Виница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, став1 од Кривичниот законик. „Пријавениот на 31.08.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен…
Утре, 31. Мај 2023 година, ќе се одигра последното 22. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија Натпреварот помеѓу ЖФК Љуботен и ЖФК Каменица САСА, кој ќе игра на Спортскиот центар АМС во Тетово со почеток од 17:00 добива епитет на дерби на првенството, бидејќи натпреварот буквално го одредува и шампионот на Македонија за 2022/23 сезона. ЖФК Каменица САСА мора да победи на утрешниот натпревар, како би ја вратиле титулата од првенството во Македонска Каменица. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на официјалната веб страна на ФФМ: https://tv.ffm.mk/ *Линк до преносот ќе биде споделен и на каменица.мк, од каде…
