Доброволното противпожарно друштво САСИ Македонска Каменица започна со воведни запознавања и обуки за членовите на друштвото Македонска Каменица, 16. Јуни 2023 година – Во текот на претходните денови на дел од членовите на ДПД САСИ во кругот и просториите на ТППЕ во Македонска Каменица од страна на командирот на ТППЕ, Малин Трајчевски беше реализирано воведно запознавање од областа на теорија и типови на пожари, запознавање со техничките средства, опремата и возилата кои ги поседува Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица. – Со овие воведни запознавања и обуки ќе се продолжи и во наредниот период. Се надеваме дека, во наредниот период…
Author: Media Point
Шведска е на добар пат да стане прва земја во светот каде не се пуши, ако се знае дека помалку од 5 отсто од возрасната популација пуши. Таа треба да ја постигне оваа значајна пресвртница во наредните месеци – 17 години пред целта на ЕУ за 2040 година, со пад на стапките на пушење од 15 отсто на 5,6 отсто во последните 15 години. „Ниту една друга земја на ЕУ не е ни блиску до ова“, изјави за Euronews д-р Делон Хуман, коавтор на извештајот „Шведското искуство: патоказ за општество без чад“. Тој укажа на „револуционерната стратегија“ на Шведска за…
Македонска Каменица, 15. Јуни 2023 – По синоќешните поројни дождови кои ја зафатија територијата на Општина Македонска Каменица, екипите на ЈП Камена Река се на терен и делуваат на повеќе критични локации и најпогодени места од невремето – Со вклучена крупна механизација, од раните утрински часови, екипите ги чистат земјените свлечишта во приградската населба Павлиш Дол, во Саса кај маало Османлии и Ристовско маало, како и во Паровско маало во село Косевица, – стои во текстот од соопштението за јавност објавено од ЈП Камена Река Во продолжението од текстот на соопштението од ЈП Камена Река додаваат дека, “будно ја следат…
Една од најдобрите македонски кошаркарки, силниот центар Ивана Кметовска по една сезона на интернационална сцена се враќа во Македонија. Кметовска која настапуваше во Европкупот за Сепси од Романија во минатата сезона се реши да ја прифати понудата на шампионот Баскет Кам каде што беше дел од тимот кој ја донесе првата клубска круна во Македонска Каменица. За составот од Македонска Каменица ова воедно значи и решавање на еден од најголемите проблеми во ростерот, а тоа е висок играч, односно центар. Па така составот на Баскет Кам, инаку актуелни шампионки на Македонија во новата сезона ќе бидат уште посилни. Инаку Кметовска…
Скопје, 05. Јуни 2023 година – Нашата сограѓанка, Ана Михаиловска, како студентка на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е меѓу 12-те добитници на признанието „Инженерски прстен“ за 2023 година. Ана Михаиловска, како студент на ФПТН при УГД е добитник на повеќе државни награди. Наградата “Инженерски прстен” за 2023 година е уште едно нејзино врвно достигнување. Признанието го доби, на 05. Јуни 2023 година, од претседателот Стево Пендаровски како покровител на манифестацијата “Инженерски прстен”. „Инженерски прстен“, признание за успешни студенти од инженерските дисциплини, по 20. пат добија најдобрите студенти од македонските факултети за инженерски дисциплини.…
Стефани Јанева и Матеа Антовска од Македонска Каменица се во составот на кошаркарската репрезентација на Македонија до 12 години По успешно завршените селективни тренинзи во Скопје, Стефани Јанева и Матеа Антовска заедно со најдобрите кошаркарки во генерацијата 2011 патуваат на седумдневен репрезентативен камп во Маврово. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Квалитетна и поволна монтажа на сите видови керамички плочки (Маркетинг објава) Ова е одличен успех за двете кошаркарки на ЖКК Баскет Кам по осовеното вицешампионско место во ПлејОф натпреварувањето и нивната супериорна игра во текот на целиот првенствен дел од шампионатот. Шампионскиот клуб од Македонска Каменица продолжува да реди репрезентаривни имиња…
Направете го вистинскиот избор за Вашиот дом! Искусен мајстор врши поволна и квалитетна монтажа на сите видови керамички плочки на тераси, кујни, купатила, скали. Побарајте на телефон 075 820 682 и уверете се во врвниот квалитет и услуга.
На 11.06.2023 во 19.05 часот во СВР Штип, И.М. (44) од с. Градец, виничко, пријавил дека околу 19.00 часот во неговиот двор во с. Градец бил физички нападнат од В.А. (42) од истото село. По документирање на случајот против В.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 11.06.2023 во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во с. Мојанци, кочанско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.В. (30) од с. Мојанци и Д.Л. (53) од Кочани. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави Јавен повик за сите заинтересирани спортски работници и организации, спортисти, љубители на спортот, навивачки групи и граѓани од Општина Македонска Каменица за одржување на работна средба за согледување на состојбите и изнаоѓање на начини и можности за подобро функционирање на Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“. Работната средба ќе се одржи на 17-ти јуни 2023 година, со почеток од 10 часот во Дом на култура – Македонска Каменица Целиот Јавен повик од градоначалникот Атанасовски го објавуваме во целост: Почитувани, Во мое име и во име на Општина Македонска Каменица, Ве повикувам…
https://www.youtube.com/watch?v=-DUWyjahkCc Македонска Каменцица, 12. Јуни 2023 година – Советот на Општина Македонска Каменица, на денеска одржаната XXIII седница, донесе одлука за зголемување на финансиската помош за санирање на штетите по силното невреме кое ја зафати соседната општина Делчево. Така, првично најавената помош од 500 000 денари, која градоначалникот Димчо Атанасовски ја најави веднаш по невремето, денеска беше зголемена на 600 000 денари. – Поради невремето што го зафати нашиот соседен град Делчево кое што остави фатални последоци од поплава и големи материјални штети кај населението Општина Македонска Каменица ќе донира парични средства во износ од 500 000 денари, уште веднаш…
