Author: Media Point
Се продава добро разработен Fast Food локал во центарот на Македонска Каменица поради заминување во странство Fast Food „Corner“ се наоѓа на една од најфрекфентните локации во градот. На самата главна улица, во непосредна близина на двете училишта во Македонска Каменица и повеќе околни стопански субјекти. Локалот поседува инвентар за служење и целокупна опрема за подготовка на секаков вид на fastfood специјалитети, како и висококвалитетна печка за пици и пастрамајлии. Исто така, FastFood ресторанот ги поседува сите рецептури и нормативи за подготовка на храна. Цена по договор. Повеќе информации можете да добиете на следниов контакт телефон +38971262060 (маркетинг…
Македонска Каменица, 28. Јули 2023 година – ФК Каменица Саса продолжува со контролни натпревари во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона 2023/24 во Втората фудбалска лига на Македонија. Утрешниот натпревар во Скопје против ФК Тетекс од Тетово, новиот стратег на каменичкиот второлигаш Баже Јанакиевски, покрај можноста за воигрување на екипата, ќе го искористи за следење на кондиционо-тактичката подготвесност во тимот и степенот на физичката подготвеност кај играчите. Натпреварот се игра во сабота, 29. Јули 2023 година, на стадионот во Маџари, со почеток од 18:00 часот. Во досегашниот подготвителен период, екипата на ФК Каменица Саса одигра контролни натпревари…
Резултатите од истражувањето спроведено од Медицинскиот колеџ во Илиноис покажуваат дека усвојувањето на осум здрави навики во средните години можат да го продолжат животот за 24 години. Научниците го испитувале влијанието на непушењето, здравата исхрана, добриот сон, управување со стресот, физичка активност, позитивни социјални односи со други луѓе, избегнувањето на алкохол и независност од опиоиди (аналгетици против силни болки). Жените со сите осум од овие навики на 40-годишна возраст би можеле да живеат во просек 21 година подолго од жените без ниту една од овие навики, покажува студијата. Додека 40-годишните мажи со сите осум навики би можеле да очекуваат да…
Следува значително намалување на дневните температури за околу 10 степени – Временска прогноза за 27.7.2023 Во западните делови променливо облачно со локален дожд, во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). UV=8 Во Македонска Каменица сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. 16 Берово, Попова Шапка, 17 Битола, 18 Крива Паланка, 19 Охрид, Прилеп, Струмица, Лазарополе, 20 Гевгелија, Македонска Каменица, Маврови Анови, Крушево, 21 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Претор, 22 Велес,…
Во текот на литниот распуст, со спроведување на повеќе активности, локалната самоуправа инвестира во подобрување на условите за работа во основното и средното училиште во Македонска Каменица. – „Во текот на летниот период, интензивно спроведуваме градежни работи за целосна реконструкција на веќе дотраениот водоводен и канализационен систем во основното училиште. Исто така, инсталираме нов противпожарен хидратантен систем, неопходен за обезбедување на подобри услови за безбедност и заштита, на учениците и наставниот кадар, при нивниот престој и работа во установата“ – вели во изјавата градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Паралелно со овие активности, како што тој додава, во каменичкиот средношколски…
Одбележана 52 годишнината од раѓањето на херојот Миле Јаневски Џингар Македонска Каменица, 24. Јули 2023 година – Денеска, по повод 52 години од раѓањето на херојот Миле Јаневски Џингар, во Македонска Каменица се одржа Меморијална тура во природа, каде учество земаа велосипедисти и љубители на мотоспортот од нашиот град. Меморијалната тура со должина од скоро 12 километри, започна во 18:00 часот, од местото на раѓање на Миле Јаневски Џингар во село Костин Дол (маало Ума) и заврши пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица. Меморијалната тура во природа е во организација на семејството, пријателите и почитувачите…
По повод големиот христијански празник Свети Илија – Илинден, во Долна Саса ќе се одржи народен собир. Претседателот на црковниот одбор во село Саса 1, Драган Маринковски истакна дека во рамки на частувањето на празникот, со почеток од 16:00 часот, ќе биде поделен осветен ручек за здравје. Од Црковниот одбор во село Саса 1, со упатената покана до сите сограѓани да бидат дел од народниот собир, изразуваат особена радост што ќе бидат почестени од присуството на што поголем број сожители од Македонска Каменица и регионот. Само така можеме да ја зачуваме традицијата пренесувана од колено на колено низ годините наназад,…
Се издава двособен стан во Македонска Каменица. Станот е на улица „Рударска” 2/2. Постои можност за издавање на станот со или без мебел, во зависност од потребите на заинтересираните. Повеќе информации околу огласот, можете да побарате на следниов контакт телефон + 389 78 213 660
Македонска Каменица, 22. Јули 2023 година – Во рамки на подготовките пред почетокот на натпреварите во Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса ќе одигра контролен натпревар против ФК Осогово од Кочани. Натпреварот ќе се одигра утре, недела 23. Јули, со почеток од 17:30 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Натпреварувачката сезона започнува на 12. Август, па најверојатно овој краток период од новите тренерски имиња во двата клуба максимално ќе биде искористен за кондициско-тактички вежби и неколку контролни натпревари. Во текот на минатата недела, екипата на ФК Каменица Саса одигра пријателски натпревар против Пелистер…
Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува ново разорно невреме како суперклеточната бура која ќе го парализира Балканот. Имено, невремето кое однесе неколку животи во неколку балкански земји, проследено со силен ветер налик на ураган кој носеше се пред себе, кршеше прозорци и покриви, фрлаше контејнери, корнеше дрвја и соборуваше кранови, повторно на ист начин ќе се прошири низ полуостровот. Се очекува денес црни облаци од Словенија ќе стигнат до Хрватска, а на крајот да ја парализираат и Србија. За наша среќа, ваквата бура се очекува да ја одмине државава. Според синоптичкото одделение при УХМР, подрачјето на Македонија ќе остане…
