Македонска Каменица, 01. Јуни 2023 година – Доброволното противпожарно друштво “Саси” од Македонска Каменица продолжува со обуки за членовите на друштвото. Денеска, од страна на командирот Малин Трајчевски и пожарникари при ТППЕ Македонска Каменица, во кругот на противпожарниот објект во градот, одржаа нова обука за членовите на ДПД “Саси”. – Со овие обуки ќе се продолжи и во наредниот период, со што членовите на нашето доброволно противпожарно друштво, ќе може да учествуваат во разни интервенции и ќе бидат подготвени за учество во акции како дополнување на професионалната противпожарна единица, – стои во соопштението на “Саси” од Македонска Каменица Воедно, од…
Author: Media Point
Македонска Каменица, 01. Јули 2023 година – Како што стои во Соопштението упетено од свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” до верниците од Македонска Каменица и регионот, утре 02. Јули 2023 година, недела по педесетница; Свети апостол Јуда Јаковов; Преподобен Пасиј Велички ; Свети Јован Шангајски, во Манастирот посветен на Собор на Св. Архангел Михаил, во Аџиско маало во село Саса, со почеток од 08:00 часот ќе биде отслужена Света божествена литургија. Децата до 7 годишна возраст може да се причестат без предходна подготовка. По завршувањето на Светата божествена литургија ќе биде поделен посен ручек за здравје на…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.А. (23) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела „измама“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 26.05.2023 пријавениот, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, го довел во заблуда Д.Ј. од с.Блатец, виничко, и од него прибавил фотографии и лични документи, по што на 05.06.2023, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, од различни финансиски друштва подигнал брзи кредити во вредност од 75.000 денари и ги ставил на банкарска сметка на име на Д.Ј., а…
Македонска Каменица, 29. Јуни 2023 година – Денеска во ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица се одржа свечено доделување на свидетелствата на учениците од I-VIII одделение. Со тоа официјално заврши учебната 2022/23 година во каменичката деветолетка. Во рамки на свеченоста, директорот на училиштето, Виктор Георгиевски им додели книги на учениците со одличен успех, на учениците со освоени награди на регионални и државни натпревари, како и на сите ученици прогласени за првенци на генерацијата во оваа учебна година. Од училиштето, на учениците им посакуваат убав летен распуст, исполнет со многу среќни моменти.
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски упати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам. Честитката Ви ја пренесуваме во целост: “На сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Посакувам во овие празнични денови да споделите радост, мир и благосостојба во вашите семејства и помеѓу пријателите. Овие денови нека ви бидат исполнети со добрина, единство, хармонија и меѓусебно разбирање”.
На 27.06.2023 полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ќ.А.(47) од Кочани, затоа што во 21.58 часот во населбата Трајаново трло со метален предмет го нападнал неговиот брат Е.А.(36) од Кочани. За случајот е запознаен Јавен обвинител. По комплетирање на случајот против Ќ.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ВО ДОЦНИТЕ ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ НА 29. ЈУНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ТЕРАСТИЧНО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ Македонска Каменица, 28. Јуни 2023 година – Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во четврток, на 29 јуни во доцните вечерни часови ќе биде спроведено терастично третирање против комарци на вкупна површина од 200 хектари. – Прскањето против комарци ќе го врши фирмата ДООЕЛ „Трули Нолен”НМ со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по…
Македонска Каменица, 28. Јуни 2023 година – На 10. Јули 2023 година во Македонска Каменица започнува најголемиот ноќен турнир во мал фудбал КАМЕНИЦА КУП 2023. Богат награден фонд за победниците, со многу интересни содржини, забава и награди за публиката. – Сакам да ја искористам приликата, со големо задоволство да го најавувам првиот Ноќен турнир во мал фудбал КАМЕНИЦА КУП 2023 кој ќе започне на ден 10.07.2023 година. Турнирот во мал фудбал ќе се оджува во новиот спортски комплекс во Македонска Каменица. Во оваа прилика сакам да го најавам богатиот награден фонд и големиот број на награди за публиката и младите…
Денеска во Македонска Каменица, директори и претставници од Јавните комунални претпријатија од Источниот регион одржаа регионална работна средба, каде преку предлози и планови, дисктураа за приоритетно решавање на проблемите со кои се соочуваат претпријатијата. Од страна на Лолита Стојановска, како Извршен директор на АДКОМ, присутните беа известени за добиелниот грант од МЖСПП, кој предвудува одржување на 8 настани, по еден во секој од планските региони. На денешната работна средба беше разговарано за дефинирање на темата за настанот во Источниот регион, како и за начинот, местото и датумот на одржување на истиот. Во понатамошниот тек на работната средба, присутнит разговараа за…
Македонска Каменица, 27. Јуни 2023 година – Од Општина Македонска Каменица информираат за засилени активности на терен после периодот со обилни врнежи од дожд. – Реализиравме поголем број на активности за решавање на одводнувањето на атмосферските води, хортикултурно и урбано уредување на јавните површини во градската средина, – истакнува градоначалникот Атанасовски во соопштението за јавност објавено на социјалните мрежи Во продолжението од текстот се вели дека целосно е завршена атмосферската канализација на улица 28 Август и улица Руенска. Крак на атмосферската канализација на улица Рударска. Во моментов се работи на изградба на вториот крак. Исто така, работиме на санација на…
