Author: Media Point

Новата учебна година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица започнува со целосно завршена реконструкција на тоалетите во училиштето. Како што истакна директорката на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Данче Гоцевска, „станува збор за проект кој опфаќа целосна реконструкција на тоалетите, спроведен со поддршка на Општина Македонска Каменица и градоначалникот Димчо Атанасовски“. – Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, поставени се нови санитарни елементи, нови врати, како и целосна реконструкција на ѕидовите и плафонот, – додава Гоцевска. Со ваквите проекти значително ги подобруваме условите во училиштето, согласно најсовремените стандарди и потреби на учениците. Проект…

ПОВЕЌЕ ...

Дозволи ни да Ве воведеме во светот на совршената хармонија на неодоливите пица вкусови! Пица Ресторан „Филитеа“ – Кочани Највкусните пици создадени со љубов! Искусно приготвени јадења со свежи состојки, полни со одбрани традиционални вкусови Пица ресторан „Филитеа“ Кочани Работно време: Секој ден од 08 – 24 часот Трговски центар Кочани – I кат Контакт телефон: 070 922 100 Дали сте подготвени за совршениот вкус на пица? Секое парче храна во „Филитеа“ ќе ве одведе на неверојатно патување со вкусовите на крцкавите и меки сирења, карамелизирани лукови со чили и пикантни сосови. Неодоливата комбинација на сочен…

ПОВЕЌЕ ...

Дамјан Стоименовски настапи на Студентско Лето во Маглај – фестивалот каде кариерата ја започнаа Северина и Лепа Брена На 8 и 9 Септември се одржа меѓународниот фестивал Студентско лето во Маглај. На двете фестивалски вечери настапија 34 учесници од седум држави, а меѓу нив и од Македонија. Нашата земја ја претставуваа: Дамјан Стоименовски, Никола Зацески, Огнен Здравковски, и Мите Стоилков. Нашиот сограѓанин Дамјан Стоименовски се претстави со песната „Громови на душа“ од Тоше Проески. Фестивалот „Студентско лето“ е еден од најстарите фестивали во Босна и Херцеговина. Во далечната 1964 година, клуб на студенти одлучи да организира…

ПОВЕЌЕ ...

На 08.09.2023 во 19:00 часот на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за Гранични работи Југ е лишен од слобода Р.К.(32) од Струмица. Во товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал. За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата мигранти се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка. Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Членовите на Црковниот одбор при маснастирот Свети Петар и Павле во село Главовица, упатуваат барање до сите граѓани од регионот, до сите правни субјекти и општествено одговорни компании, според своите можности да донираат парични средства потребни за изградба на пристапен пат до манастирот. Со тоа, како што истакнуваат од Црковниот одбор, во иднина ќе биде олеснет пристапот на верниците и локалното месно население до манастирот. Со надеж дека барањето ќе биде прифатено, упатуваме јавна благодарност за помошта. Сите заинтересирани лица и правни субјекти, кои сакаат да донираат средства и да помогнат во изградбата на пристапниот пат до манастирот Свети Петар…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево одбележа 79 години од ослободувањето на градот и 32 години од независноста на Македонија. Во чест на празникот на градот се одржа и Свеченост на која се обрати градоначалникот Горан Трајковски. Посочувајќи дека изминатава година беше тешка за Делчево, поради силното невреме и поплавите, Трајковски изрази јавна благодарност до сите кои во тие моменти солидарно го помогнаа Делчево. На свеченоста по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, покрај другите гости присуствуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој прими Плакета за солидарност и понудена помош од страна на…

ПОВЕЌЕ ...

Денот на независноста годинава се одбележува под мотото „Гласник на слободата“ На 8 септември 1991 година, 95 отсто од граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Меѓу поважните датуми од патот кон независноста кои му претходеа на референдумот се 25 јануари 1991 кога првиот состав на повеќепартиско Собрание усвои Декларација за независност, а два дена подоцна го избра Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. По референдумот, пак, на 17 ноември 1991 беше усвоен Уставот, а следуваше и монетарно осамостојување и воведување на денарот на 26 април 1992. Денеска, 32 години…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК 1.Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2023 година и согласно Правилник за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,,…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Атанасовски со честитка до учениците по повод почетокот на учебната година „Ми беше задоволство утрово да присуствувам на приредбата во ООУ Св. „Кирил и Методиј” со цел заедно да им посакаме добредојде на првачињата. Од срце посакувам денешната неизмерна детска среќа да ги води учениците во текот на целата учебна година“, – истакнува Атнасовски во честитката до учениците при ООУ Св. Кирил и Методиј во Македонска Каменица. На учениците, подарувајќи им скромни подароци, по повод почетокот на учебната година, градоначалникот Атнасовски им посака да бидат добри деца и ученици за да ги оправдаат очекувањата на заедницата и општеството. Атанасовски…

ПОВЕЌЕ ...

Откако и теоретски го обезбедија пласманот во осминафиналето на Европското првенство, македонските одбојкари попладнево од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје за противник ја имаат Холандија во битка за второто место во групата Ц и полесен противник во нокаут фазата која ќе ја продолжат во Бари. Со двете победи, над Данска (3-1) и Црна Гора (3-0), како и поразот од неприкосновената Полска (0-3), македонските одбојкари се на третото место во групата со шест бодови, три помалку од второпласираната Холандија која има одиграно и натпревар повеќе. Пред комплетирање на групната фаза во Скопје, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски утре…

ПОВЕЌЕ ...