Македонска Каменица, 13. Август 2023 година – Денеска, на манастирско туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, Македонска Каменица се одржува осмото издание на манифестацијата „Ден на дијаспора 2023“. Во рамки на отварањето на настанот, пред присутните граѓани на Македонска Каменица и регионот, се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близанковски, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и претседателот на македонското здружение во Рикалдоне, Италија Златко Милчевски. Во рамки на настанот организаторите доделија благодарници за учесниците, претставник на македонското здружение во Рикалдоне, директорот на Агенцијата за Иселеништво, Слободан Близнаковски и градоначалникот на М.Каменица, Димчо Атанасовски кој пред присутните истакна…
Author: Media Point
Наодите од анализата „Млади и Попис“ укажуваат дека бројот на млади, на возраст од 15 до 29 години, во државата значително се намалува. „Ако во 2002 во државата една четвртина од населението биле млади, сега тој број е паднат на 18 отсто. Ако сакаме да ги задржиме младите, да им понудиме можности, да се инвестира во политики за млади и подобрување на нивниот живот, нивното секојдневие“,изјави, Дона Костуранова – Директор во Македонија за фондација за демократија на Вестминстер. „Треба да искреираме политики и да ги спроведеме тие политики, да го сопреме овој процес на иселување од државата на младите луѓе,…
Денеска попладне, во десниот магистрален канал за наводнување на хидросистемот Брегалница, на потегот од село Истибања кон Оризари е пронајдено тело на машко лице. По добиено известување, водата од Калиманско Езеро кон системот е запрена за олеснето извлекување на телото од каналот. Според непотврдени информации, до кои доаѓа Канал Осум од Кочани, станува збор за 29-годишно машко лице од село Истибања. На местото на настанот веќе се присутни екипи на МВР и ОЈО од Кочани,кои по направениот увид треба да го потврдат индентитетот на настраданиот. Извор: Канал Осум
Македонска Каменица, 10. Август 2023 година – Со натпреварот против ФК Скопје екипата на ФК Каменица Саса ја започнува новата натпреварувачка сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Натпреварот се игра во сабота на 12. Август, со почеток од 17:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица.
Истражување: Колку трошат бугарските граѓани во Берово, Пехчево и Делчево Интересна студија направена од ЦЕА/CEA за соседно Делчево и останатите помали градови од крајниот исток на државата, Пехчево и Берово. Истражувањето е во однос на приходите и можностите за нивно дополнително зголемување доколку бидат подобрени условите за престој и услугите во истите. За жал, забележиме дека, иако сме оддалечени само 22 километри од Делчево (30 километри од Граничниот премин Делчево) нашата Македонска Каменица не е опфатена во ова истражување. Најверојатно од причина што кај нас посетители од соседна Бугарија скоро и да нема. Кои се причините поради кои граѓаните од…
Ризикот од каснување од крлеж и развој на Лајмска болест зависи од многу фактори како што се: географска локација, сезона, тип на крлеж и колку долго крлежот бил прикачен на кожата. Иако многу луѓе веднаш одат на лекар по каснување од крлеж во страв од Лајмска болест, ризикот од заразување со инфекција што се пренесува преку крлеж е прилично низок, дури и ако крлежот бил закачен, нахранет и всушност носи инфективен агенс. Крлеж кој не се закачил (а со тоа сè уште не го испил својот крвен оброк) не пренел никаква инфекција. Бидејќи крлежот што пренесува Лајмска болест обично се…
Македонска Каменица, 09. Август 2023 година – Поради отстранување на поголем дефект на главна водоводна линија во близина на детската градинка Бамби, корисниците од улиците Македонска, Илинденска, Осоговска и улица Езерска, ќе бидат без снабдување со вода за пиење. Екипите на ЈП Камена Река веќе работат на отстранување на дефектот, од каде јавуваат дека снабдувањето со вода во овој дел од Македонска Каменица ќе биде нормализирано до 13:00 часот. Пишува: Горан Бразда / МедиаПоинт / Каменица.Мк
Се продава добро разработен Fast Food локал во центарот на Македонска Каменица поради заминување во странство Fast Food „Corner“ се наоѓа на една од најфрекфентните локации во градот. На самата главна улица, во непосредна близина на двете училишта во Македонска Каменица и повеќе околни стопански субјекти. Локалот поседува инвентар за служење и целокупна опрема за подготовка на секаков вид на fastfood специјалитети, како и висококвалитетна печка за пици и пастрамајлии. Исто така, FastFood ресторанот ги поседува сите рецептури и нормативи за подготовка на храна. Цена по договор. Повеќе информации можете да добиете на следниов контакт телефон +38971262060 (маркетинг…
Македонска Каменица, 28. Јули 2023 година – ФК Каменица Саса продолжува со контролни натпревари во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона 2023/24 во Втората фудбалска лига на Македонија. Утрешниот натпревар во Скопје против ФК Тетекс од Тетово, новиот стратег на каменичкиот второлигаш Баже Јанакиевски, покрај можноста за воигрување на екипата, ќе го искористи за следење на кондиционо-тактичката подготвесност во тимот и степенот на физичката подготвеност кај играчите. Натпреварот се игра во сабота, 29. Јули 2023 година, на стадионот во Маџари, со почеток од 18:00 часот. Во досегашниот подготвителен период, екипата на ФК Каменица Саса одигра контролни натпревари…
Резултатите од истражувањето спроведено од Медицинскиот колеџ во Илиноис покажуваат дека усвојувањето на осум здрави навики во средните години можат да го продолжат животот за 24 години. Научниците го испитувале влијанието на непушењето, здравата исхрана, добриот сон, управување со стресот, физичка активност, позитивни социјални односи со други луѓе, избегнувањето на алкохол и независност од опиоиди (аналгетици против силни болки). Жените со сите осум од овие навики на 40-годишна возраст би можеле да живеат во просек 21 година подолго од жените без ниту една од овие навики, покажува студијата. Додека 40-годишните мажи со сите осум навики би можеле да очекуваат да…
