Author: Media Point

Денеска се навршуваат 16 години од загинувањето на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески, кој го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Традиционално, како и во изминатите години маратонците го започнаа својот маратон, за денеска напладне да стигнат во родното Крушево на Тоше. Маратонците ќе бидат пречекани во Крушево, на Гумење, а на вечното почивалиште на Тоше, ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува обожавателите и почитувачите на неговото дело во Крушево и по 16 години од неговото…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, во рамки на 8. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Истатов Скопје одиграа одличен натпревар кој заврши со 4:1 во корист на домашната екипа. Сите поединци од домашната екипа дадоа силен придонес кон победата над Истатов. Тука, треба да ги вброме одбраните на голот и мотивираноста на младата голманка Марија Јаневска од Македонска Каменица, која се повеќе ја добива својата шанса на голманската линија во составот на шампионскиот тим на ЖФК Каменица САСА. Екипата на ЖФК Каменица САСА останува единствената непоразена екипа во…

ПОВЕЌЕ ...

Почина познатиот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китановски (68). Негови колеги и пријатели се збогуваат со него на социјалните мрежи, и се уште нема официјални податоци околу тоа што се случило. Сепак, како што за ,,Фокус” изјави неговата пријателка фолк пејачката Вики Среброва, од она кое засега го знаат е дека денеска полиција отворила во неговиот дом и го пронашле безживотното тело. Како што вели, најверојатно причината за смртта е инфаркт, и не се знае дали Китановски починал во петокот или во саботата. Хумористот зад себе имаше над 50-годишна кариера. Роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод,…

ПОВЕЌЕ ...

Предноста која ја креираа во првиот дел, кошакарките од Македонска Каменица ја претворија во сигурна победа (82:69) Бранителот на шампионската титула, екипата на Баскет Кам 2011 излезе како победник во натпреварот во кој за противник ја имаше екипата на Крива Паланка. Својот постоечки квалитет екипата од Македонска Каменица го потврди со една доста колективна игра, во која немаше некои поентерски отскокнувања. Во првиот дел од мечот обезбедија солидни (24:15), кои до полувремето ги зголемија на уште повисоки (46:31). За гостинките добра вест беше тоа што беа подобри во другите две, но тоа не беше доволно за да стигнат до позитивен…

ПОВЕЌЕ ...

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Чествувањето на овој христијански празник има повеќевековна традиција во нашиот регион. Покров на Пресвета Богородица (Покрита Богородица) организирано, со народни собири и ручек за здравје, се чествува на Јазова Чука во село Драмче и на истоимениот манастир во село Цера. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена…

ПОВЕЌЕ ...

Како што објавува ТППЕ во Прилеп, ноќеска бил пријавен пожар во викендица – работилница во близина на Прилеп. При интервенција од нивна страна е забележан настан кој одлучиле да го споделат со јавноста. – Екипи од ТППЕ интервенираа на пожарот, при што пожарот за брзо време бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат. При интервенцијата од наша страна е приметен еден настан кој сакаме да го споделиме со вас, – велат од ТППЕ Прилеп, од каде додаваат дека, од пламените јазици бил изгорен и оштетен скоро целиот инвертар, но не и иконата од Господ Исус Христос, која била во внатрешниот…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, сабота 14. Октомври 2023 година, со почеток од 08:00 часот, по повод христијанскиот празник Покров на Пресвета Богородица ќе се одслужи Света Божествена Литургија  во Горноцерскиот манастир на Еленец. – Почитувани верници по повод престојниот празник “Покров на Пресвета Богородица” утре, ќе се одслужи Света Божествена Литургија во манастирот Еленец, кој е посветен на овој празник. Светата Божествена Литургија е со почеток од 08 : 00 часот. Повелете на заедничка соборна молитва, – велат во поканата од свештенството при Светот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица Во чест на благденот “Покров на Пресвета Богородица” се празнува на 14…

ПОВЕЌЕ ...

САСА ја прекина соработката со досегашниот тренер, нов шеф на стручниот штаб е Горан Гоцевски Македонска Каменица, 11. Октомври 2023 година – Како причина за прекинот на соработката со досегашниот тренер, Баже Јанакиевски од клубот ги наведуваат незадоволителните резултати во досегашниот дел од првенството. Нов шеф на стручниот штаб на клубот е Горан Гоцевски. – Ги анализиравме постигнатите резултати од почетокот на сезоната и од причина што истите не се на задоволително ниво, клубот донесе одлука за смена на досегашниот тренер. Независно од сите напори, квалитети и посветеноста во досегашната работа во клубот, постигнатите резултати, не се на…

ПОВЕЌЕ ...

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар. За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

ПОВЕЌЕ ...

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, објави видео како брка мечка во селото Ќировница, каде што локалните жители се под постојан страв во последно време од наездата на овие животни. „Вечерва низ тесните улички на с. Жировница…Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон“, напиша Ангелов кој при тоа веќе информираше за владината одлука да не се намалува бројноста на кафеавата мечка, туку да се дислоцира во ненаселени места. По поплаките на жителите од Општина Маврово-Ростуше дека од мечките кои се симнуваат во селата и влегуваат во…

ПОВЕЌЕ ...