Author: Media Point
Поради обилни врнежи во кочанско можно е излевање на реките Кочанска и Оризарска Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека поради обилни врнежи, зголемен прелив на брана и повисок водостој на реките Кочанска и Оризарска, можни се излевања на двете реки. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Штип преку РЦУК Кочани вечерва извести дека во кочанскиот регион има обилни врнежи, а со тоа е згоелемен преливот на браната од акумулацијата Гратче. Зголемен е и водостојот на реките Кочанска и Оризарска. Водостопанство Брегалница од Кочани пак информира дека поради врнежите што го зафатиле регионот Пониква и општините Kочани,…
Блиски роднини на поранешни функционери и актуелни политичари во земјава се дел од сопствениците на фирмите кои заработуваат од брзи кредити. Од вкупно 35 финансиски друштва, 60 проценти, односно 23 компании, се основани од македонски државјани – пишува РСЕ на македонски јазик. Во бизнисот со брзи кредити „тежок“ 150 милиони евра, меѓу 35 фирми за брзи кредити, 23 се домашни компании, а меѓу основачите се и блиски роднини на двајца поранешни премиери. Убавка Заева, стрината на Зоран Заев е сопственик на финансиското друштво Пеон од Струмица. Управител на оваа фирма е нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева. Убавка Заева е и мајка…
„Титан“ остана без воздух? – Мина и последниот проценет час за залихите на кислород во исчезнатата подморница Кислород би можело да снема денеска во 13:08 часот, е проценката на американската крајбрежна стража за исчезнатата подморница „Титан“. „Би-Би-Си“ пренесува дека капетанот, кој ја водеше потрагата, изјави дека не знае каде би можел да се наоѓа пловниот објект. Иако пресметките сугерираат дека 96-часовните залихи на кислород се потрошени, стручњаците, сепак, нагласуваат дека тоа е непрецизна проценка која би можела да трае повеќе часови, доколку патниците презеле мерки за рационално трошење на воздух. Подморницата „Титан“ исчезна во неделата наутро и засега не се…
Земјотрес со интензитет од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 9 часот и 53 минути со епицентар на 11 километри западно-северозападно од Берово. Потресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа земјава го регистрирала земјотресот со епицентар на 113 километри југоисточно од Скопје во Делчевско-беровското епицентрално подрачје Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Извор: mms.mk
Македонска Каменица, 22. Јуни 2023 година – Културно уметничкото друштво ,,Вера Јоциќ” од Македонска Каменица со афирмираниот музички состав “Модерато” заминуваат на турнеја во Пиемонте, Италија. Целта на турнејата, како што информираат од КУД “Вера Јоциќ”, ќе биде промоција на македонскиот толклор и традиција помеѓу нашите иселеници и граѓаните на Пиемонте, Италија. За музичкиот дел и за презентирање на македонските песни ќе се погрижи вокалната исполнителка Елена Велевска. Настанот ќе се одржи во “Pizza Tre Secoli” во Рикалдоне, на 15. Јули 2023 година, со почеток од 19:00 часот. Влезот е слободен.
Полицијата го приведе 22-годишнот Б.А. од Кочани. При претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од канабис и дробилка. На 20.06.2023 во 15.45 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(22) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од растението канабис и дробилка, соопштија од МВР. Б.А. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонска Каменица креира одржлив економски развој на заедницата преку примери од Словенија Градоначалникот на Македонска Каменица, заедно со претставници од Central Asia Metals, Фондацијата Рудник САСА и PrimePoint Partners, учествуваа на студиско патување во Словенија со цел размена на знаење и учење од словенечките искуства и нивна примена во проектот„Одржлив економски развој на општина Македонска Каменица“. За време на студиското патување делегацијата оствари состаноци во неколку рударски општини во Словенија, бизнис акцелератори, инкубатори, организации за развој на туризмот, како и локални и регионални агенции за развој кои работат во насока на одржлив локален туризам и економски развој. Димчо Атанасовски -…
Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска ги прифати во својата јурисдикција и им определи епархии и задолженија на четирите архијереји на Православната охридска архиепископија (ПОА) на митрополитот Јован Вранишковски, која на 5 јуни годинава беше припоена со МПЦ-ОА. Светиот архијерејски синод донесе одлука со која Делчевско каменичката епархија ќе ја предводи епископ г. Марко, со титула епископ делчевско каменички. Седиштето на епархијата ќе биде во манастирот “Св. Богородица Балаклија” кај Делчево. Крушевско-демирхисарската епархија ќе ја предводи митрополитот г. Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски; потоа на чело на Дељадровско-илинденската епархија ќе застане епископ г. Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски. Епископот г. Давид…
На 19.06.2023 во 15.35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во автомеханичарска работилница во населбата Оризари, кочанско, со повреди се здобил В.С.(79) од Виница. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека околу 15.30 часот во автомеханичарската работилница, Б.Д.(62) од Кочани стартувал товарно моторно возило, сопственост на В.С., , при што го удрило В.С. Притоа, В.С. се здобил со тешка телесна повреда констатирана во болницата во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.
Македонска Каменица, 19. Јуни 2023 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ објави дека денеска се доделени свидетелствата на матурантите во училиштето во учебната 2022/23 година. – На учениците им посакуваме да бидат горди на себе. Горди на своите дела, како што ние се гордеевме на нивните успеси. Поминавме заедно девет години во школските клупи. Заедно ги доживувавме сите ваши радости, таги, успеси и неуспеси, – истакнуваат во соопштението од училиштето Од училиштето информираат дека, Софија Ситновска е ученичката која годинава се стекна со епитетот Првенец на генерацијата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица. Таа со примерното поведение,…
