Author: Media Point
Македонска Каменица, 29. Јуни 2023 година – Денеска во ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица се одржа свечено доделување на свидетелствата на учениците од I-VIII одделение. Со тоа официјално заврши учебната 2022/23 година во каменичката деветолетка. Во рамки на свеченоста, директорот на училиштето, Виктор Георгиевски им додели книги на учениците со одличен успех, на учениците со освоени награди на регионални и државни натпревари, како и на сите ученици прогласени за првенци на генерацијата во оваа учебна година. Од училиштето, на учениците им посакуваат убав летен распуст, исполнет со многу среќни моменти.
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски упати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам. Честитката Ви ја пренесуваме во целост: “На сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Посакувам во овие празнични денови да споделите радост, мир и благосостојба во вашите семејства и помеѓу пријателите. Овие денови нека ви бидат исполнети со добрина, единство, хармонија и меѓусебно разбирање”.
На 27.06.2023 полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ќ.А.(47) од Кочани, затоа што во 21.58 часот во населбата Трајаново трло со метален предмет го нападнал неговиот брат Е.А.(36) од Кочани. За случајот е запознаен Јавен обвинител. По комплетирање на случајот против Ќ.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ВО ДОЦНИТЕ ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ НА 29. ЈУНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ТЕРАСТИЧНО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ Македонска Каменица, 28. Јуни 2023 година – Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во четврток, на 29 јуни во доцните вечерни часови ќе биде спроведено терастично третирање против комарци на вкупна површина од 200 хектари. – Прскањето против комарци ќе го врши фирмата ДООЕЛ „Трули Нолен”НМ со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по…
Македонска Каменица, 28. Јуни 2023 година – На 10. Јули 2023 година во Македонска Каменица започнува најголемиот ноќен турнир во мал фудбал КАМЕНИЦА КУП 2023. Богат награден фонд за победниците, со многу интересни содржини, забава и награди за публиката. – Сакам да ја искористам приликата, со големо задоволство да го најавувам првиот Ноќен турнир во мал фудбал КАМЕНИЦА КУП 2023 кој ќе започне на ден 10.07.2023 година. Турнирот во мал фудбал ќе се оджува во новиот спортски комплекс во Македонска Каменица. Во оваа прилика сакам да го најавам богатиот награден фонд и големиот број на награди за публиката и младите…
Денеска во Македонска Каменица, директори и претставници од Јавните комунални претпријатија од Источниот регион одржаа регионална работна средба, каде преку предлози и планови, дисктураа за приоритетно решавање на проблемите со кои се соочуваат претпријатијата. Од страна на Лолита Стојановска, како Извршен директор на АДКОМ, присутните беа известени за добиелниот грант од МЖСПП, кој предвудува одржување на 8 настани, по еден во секој од планските региони. На денешната работна средба беше разговарано за дефинирање на темата за настанот во Источниот регион, како и за начинот, местото и датумот на одржување на истиот. Во понатамошниот тек на работната средба, присутнит разговараа за…
Македонска Каменица, 27. Јуни 2023 година – Од Општина Македонска Каменица информираат за засилени активности на терен после периодот со обилни врнежи од дожд. – Реализиравме поголем број на активности за решавање на одводнувањето на атмосферските води, хортикултурно и урбано уредување на јавните површини во градската средина, – истакнува градоначалникот Атанасовски во соопштението за јавност објавено на социјалните мрежи Во продолжението од текстот се вели дека целосно е завршена атмосферската канализација на улица 28 Август и улица Руенска. Крак на атмосферската канализација на улица Рударска. Во моментов се работи на изградба на вториот крак. Исто така, работиме на санација на…
Уште еден успех на младите шахисти од Шаховскиот Клуб Каменица Саса Шаховскиот клуб Каменица Саса од Македонска Каменица забележа одличен успех во натпреварите од младинското шаховско првенство на Македонија кое во периодот од 17 до 23.06.2023 година, се одржа во Струга – Учествувавме со четири млади шахисти, Иван Атанасовски, Димитар Атанасовски, Андреј Јангеловски и Александар Ивановски, и сите тие освоија солидни бодови и пласмани во своите категории. Инаку на шаховското младинско првенство на Македонија, учествуваа над 150 деца од повеќе од 20 шаховски клубови во Македонија, – истакнуваат од Шаховскиот клуб од Македонска Каменица Голема благодарност, од клубот упатуваат до…
Известување од СВР Штип: На 26.06.2023 во 08.00 часот во Полициската станица Кочани, Љ.А.(54) од с. Грдовци, кочанско, пријавил дека на 25.06.2023 околу 05.00 часот од неговиот дом се оддалечила неговата мајка И.А.(85). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Жена од Виница е тешко повредена кога со автомобилот излета од патот. „На 25.6.2023, во 18 часот, било пријавено дека на регионален пат во близина на виничка крстосница, патничко моторно возило ‘голф’, со винички регистарски ознаки, управувано од Ј. Е. (67) од Виница, излетало надвор од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила Ј. Е., констатирани во Медицинскиот центар во Штип“, велат од МВР. Извршен бил увид.
