Author: Media Point
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а пособено на жените и децата, се вели во соопштението од МПЦ. Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток,…
Од 1 јули целосно се забранува продавањето на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси, односно тоа се оние кеси кои во маркет се продаваат за 15 денари. Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси. Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Според истиот ќесите од 2 поскапеа на 15 денари пред година и пол. Претставници на производителите на последната средба со министерката за животна средина, Каја Шукова, кажаа дека материјалот за изработка на биоразградливите кеси е тешко достапен за македонскиот пазар и дека се соочуваат со потешкотии во континуираното призводство на овие кеси.…
Заврши првото пријавување за ученици во Средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица. Пријавени се вкупно 40 ученици. Второто пријавување од првиот уписен рок ќе се врши на 27 и 29 јуни. – Најголем интерес во првото пријавување има за машинската струка, каде има запишано ученици и од соседно Делчево. Зголемен интерес кај учениците има и за гимназиско образование, – истакна директорката Данче Донева Гоцевска Директорката на училиштето очекува поголем број на пријавени ученици и во останатите струки, рударска и текстилна, при второто пријавување на учениците ќе се врши утре, на 27 јуни до 24.00 часот и на…
https://youtu.be/nPqCmX16KLc М-р Христијан Николовски доаѓа од катедрата за етнокореологија на Музичката академија при УГД – Штип. Роден е во Делчево, а сега редовно е вработен како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ во Скопје и ангажиран како насловен доцент на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев “ Штип. Етнокореологот Николовски е дел од реализацијата на повеќе практични работилници каде несебично го пренесува своето знаење и познавања за инструментот тапан. Тој на фејсбук објави фотографии од неговите новоизработени тапани, нешто што очигледно е негова животна пасија. Во текстот вели дека, работи трудољубиво и истрајно, а љубовта кон тапанот ја наследил од…
Славица Ангелова од Струмица е победник во најголемото музичко шоу на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023. По деветмесечна музичка „борба“, работа и труд на менторите да им го приуштат најдоброто на своите кандидати, конечно триумфираше најдобриот. Публиката одлучи тоа да биде Славица, чиј ментор во шоуто беше Ѓорѓе Давид. -Славица е филигран која од втор план влезе и направи сериозна приказа. Имавме некои емотивни проблеми во текот на натпреварот, но се разбуди на време, рече Ѓорге Давид пред прогласување на победникот. А ни Славица вечерта не веруваше дека ќе биде победник. По прогласувањето таа рече: -Пред сѐ благодарам…
Германскиот парламент завчера го одобри новиот закон за имиграција, дизајниран да привлече квалификувани работници во земјата, која страда од недостиг на работна сила што тежи врз економијата. Законот беше усвоен со 388 гласа „за“ – за него гласаа владејачката СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 234 пратеници гласаа против, а 31 беа воздржани, јави Рутерс, а пренесува Танјуг. Конзервативниот парламентарен блок составен од опозициската ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ гласаше против нацрт-законот, тврдејќи дека ќе им го олесни влезот на неквалификуваните работници. Против тоа беше и крајнодесничарската партија АфД. Законот вклучува систем заснован на бодови кој ги намалува…
Сообраќајот на патот Берово – Делчево кој беше во прекин кај село Смојмирово, од 17 и 10 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од АМСМ. По попладневото невреме што г зафати регионот на Берово, надојдената вода се повлекува од Смојмирска река. Патот Берово-Виница, пак, е прооден периодично и се уште се расчистува. Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок. Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на…
Вчера во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство министерот Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на општина Кочани, Љупчо Папазов, на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, на општина Кратово, Тодорче Николовски, како и Центарот за развој на Источниот плански регион и Центарот за развој на Североисточниот плански регион, потпишаа Мемодрандум за заедничка соработка во реализацијата на проектот – Изградба на ски центар на Царев Врв и развој на ски туризам на Осоговските Планини. Првиот чекор кон реализацијата на ски центарот Царев Врв е обезбедување на солидна информациона основа за изработка на урбанистички…
Денеска се празнуваат Свети Вартоломеј и Варнава. Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варнава, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е…
Претпладне сончево, попладне со дожд и грмежи Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максмалната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови, нестабилно со пороен дожд,…
