Author: Media Point

Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска ги прифати во својата јурисдикција и им определи епархии и задолженија на четирите архијереји на Православната охридска архиепископија (ПОА) на митрополитот Јован Вранишковски, која на 5 јуни годинава беше припоена со МПЦ-ОА. Светиот архијерејски синод донесе одлука со која Делчевско каменичката епархија ќе ја предводи епископ г. Марко, со титула епископ делчевско каменички. Седиштето на епархијата ќе биде во манастирот “Св. Богородица Балаклија” кај Делчево. Крушевско-демирхисарската епархија ќе ја предводи митрополитот г. Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски; потоа на чело на Дељадровско-илинденската епархија ќе застане епископ г. Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски. Епископот г. Давид…

ПОВЕЌЕ ...

На 19.06.2023 во 15.35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во автомеханичарска работилница во населбата Оризари, кочанско, со повреди се здобил В.С.(79) од Виница. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека околу 15.30 часот во автомеханичарската работилница, Б.Д.(62) од Кочани стартувал товарно моторно возило, сопственост на В.С., , при што го удрило В.С. Притоа, В.С. се здобил со тешка телесна повреда констатирана во болницата  во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19. Јуни 2023 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ објави дека денеска се доделени свидетелствата на матурантите во училиштето во учебната 2022/23 година. – На учениците им посакуваме да бидат горди на себе. Горди на своите дела, како што ние се гордеевме на нивните успеси. Поминавме заедно девет години во школските клупи. Заедно ги доживувавме сите ваши радости, таги, успеси и неуспеси, – истакнуваат во соопштението од училиштето Од училиштето информираат дека, Софија Ситновска е ученичката која годинава се стекна со епитетот Првенец на генерацијата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица. Таа со примерното поведение,…

ПОВЕЌЕ ...

На 18.06.2023година, во 00:05 часот на ул.„Руенска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле А.С.(24) од село Цера. Лицето е приведено поради агресивно однесување кон полициските службеници кои во моментот преземале службени дејствија. По комплетирање на случајот против А.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Како што објави македонската полиција вчера попладне околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата. Во тешката несреќа момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, вели полицијата. – Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, јави МВР.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19. Јуни 2023 година – Денеска, со почеток од 10:00 часот, беше одржана вонредна Седница на Советот на општина Македонска Каменица, каде советниците едногласно донесоа Одлука за прогласување на Ден на жалост во нашата Општина. Одлуката за Ден на жалост, како што инфирмираат од Советот на Општината, е донесена поради трагичниот настан во кој вчера животот го загуби наш млад сограѓанин. За Ден на жалост се прогласува утрешниот ден, 20. Јуни 2023 година, вторник.

ПОВЕЌЕ ...

Преку Регионалниот ЦУК Кочани е добиено известување од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови има зголемен доток во браната „Калиманци“. Во моментот, дотокот е 25м3/с со тенденција да расте. Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво. Како сигурносна мерка, надлежните за браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места. Исто така, во ЦУК е добиено известување дека на патниот правец „Долни…

ПОВЕЌЕ ...

На 15.06.2023 во 19.50 часот во Полициска станица Делчево е пријавено дека во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош е донесен В.Г.(51) кој, според пријавеното, околу 18.44 часот на Граничен премин „Делчево“ додека извршувал работни задачи како вработен во Царинска испостава Делчево, паднал од висина од кабина на камион кој бил застанат за царинска контрола, при што од лекар му е констатирана тешка телесна повреда. За настанот е запознаен Јавен обвинител.

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајната полиција кај Чачак спречи трагедија, запирајќи автобус полн со патници пред да се урне мостот на Морава. Само дваесет минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува селата Мрчајевац и Слатина во Чачак, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај тоа што сообраќајот беше во прекин се обиде да го помине мостот. Според српските медиуми сообраќајот на тој мост е забранет со одлука од ноември лани. Српските медиуми пишуваат дека не се знае што ги навело Македонците на тој пат. „Можно е да следеле лоши навигациски карти, кои…

ПОВЕЌЕ ...

ДПД САСИ Македонска Каменица објави Повик за донации на средства наменети за набавка на соодветна опрема за потребите на друштвото кое треба да функционира како дополнителна и логистичка поддршка на терен на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица. Повикот го објавуваме во целост: Почитувани, Ги повикуваме сите правни субјекти, државни/локални институции и физички лица кои се во можност да донираат опрема и средства кои ќе бидат наменети за обезбедување на соодветна работна и огноотпорна заштитна опрема, технички средства и останата опрема која е потребна за побрза и поефективна работа на друштвото. Сите оние кои ќе изразат желба за донација на…

ПОВЕЌЕ ...