Author: Media Point

Во 86. година од животот почина Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер. Пред неколку месеци му беше дијагностицирана леукемија. Берлускони ја водеше италијанската влада од 1994 до 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во моменталната влаедачка коалиција во Италија. Беше сопственик на неколку медиуми, а беше и претседател на фудбалскиот клуб Милан.

ПОВЕЌЕ ...

Наставничка од Берово пријавена од родител дека тепала ученик Педесетгодишен маж од Берово пријавил дека неговиот син бил физички нападнат од наставничката во основното училиште во кое учел. Според полицијата, настанот се случил во Берово, а го пријавил таткото со иницијали Ѓ.П.. За сега, нема информации за причините поради кои се случил овој настан. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се преусмерува преку Виница и Смојмирово. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ. На возачите им се препорачува крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ПОВЕЌЕ ...

500 000 денари финансиска помош од Општина Македонска Каменица за санирање на последиците од синоќешното силно невреме во Делчево – Поради невремето што го зафати нашиот соседен град Делчево кое што остави фатални последоци од поплава и големи материјални штети кај населението Општина Македонска Каменица ќе донира парични средства во износ од 500 000 денари со цел санирање на штетите во најбрз можен рок, – стои во соопштението за јавност, кое пред малку, го објави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски Вчера, екипи на ТППЕ – Македонска Каменица и членови од ДПД “Саси” организирани и опремени веднаш пристигнаа во поплавените…

ПОВЕЌЕ ...

На 08.06.2023 во 13.43 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека  на ул. „Македонска“  во Виница настанал пожар во куќа сопственост на А.А.(53) од Виница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница. Во пожарот повредени лица нема, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска завршува училишната година за средношколците, основците ќе учат до среда Крај на училишната година за средношколците. Основците ќе учат до 14 јуни, како што беше најавено од МОН. Првиот екстерен испит, задолжителниот мајчин јазик, 15.620 матуранти го полагаа на 27 мај, а утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. На избор на матурантите им се дадени седум предмети. Министерот Јетон Шаќири рече дека во новата учебна година ќе има учебници и дека до септември има доволно време. За грешките во учебниците се повикува на комисијата и на педагошката служба.

ПОВЕЌЕ ...

На 07.06. 2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода С.В.(68) од Виница затоа што со стаклен предмет нападнал полициски службеници додека извршувале службени задачи. По комплетирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Манастирско – туристичкиот комплекс “Еленец” во село Цера, Македонска Каменица ќе биде домаќин на уште едно издание на традиционалната манифестација “Бабина Баница”. Најмасовната манифестација на подрачјето на општина Македонска Каменица и регионот ќе се одржи на 11 Јуни 2023 година, со почеток од 10:30 часот. Традиционално, покрај натпреварите во приготвување на специјалитетот Бабина баница, настанот превидува културно забавна програма со локален бенд. Годинава се одржува јубилејното 10 издание на Бабина Баница. Манифестацијата е во организација на Здружение на пензионери од Македонска Каменица во соработка со Општина Македонска Каменица. Реализацијата на истиот е поддржана од КИЦ “Романса” Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Одличен резултат на шахистите од ШК “Каменица Саса” – Македонска Каменица На првиот официјален квалификациски екипен турнир во организација на Шаховска федерација на Македонија, во конкуренција на 15 екипи, ШК Каменица Саса го освои 6 место. – На овој квалификационен турнир за влез во Втората шаховска лига на Македонија, шахистите од Македонска Каменица освоија ист број на бодови како и 4 – то пласираната екипа на 7 – ми Ноември од Гевгелија, – велат од ШК Каменица Саса Турнирот се одржа во хотелот Континентал во Скопје во периодот од 27 Мај, до 4 – ти Јуни 2023 година. – ШК…

ПОВЕЌЕ ...

Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово. За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на благодатниот пат на вистината и правдата и Кој ќе го прослави Христа. Пред самото Свое Вознесение, Исус го повторил Своето ветување за праќањето на Утешителот: „Ќе примите сила кога на вас ќе слезе…

ПОВЕЌЕ ...