Младата кошаркарка на Баскет Кам 2011 во целост ја заслужи главната индивидуална награда на собирот во Македонска Каменица Веднаш по завршувањето на финалниот натпревар во кој екипата на Бакест кам 2011 стигна до шампионскиот трофеј, беше избран и најкорисниот играч на турнирот во Македонска Каменица. Главното индивидуално признание, од рацете на Јелена Антиќ, селекторот на женската репрезентација „Под 18“ години, замина во рацете на Марија Николов. И повеќе од заслужени, ако се земат в предвид двете нејзини одлични партии, како во полуфиналето против Бадел 1862, така и во финалниот меч против ривалот од Крива Паланка. Во последниот натпревар од сезоната,…
Author: Media Point
Во големото финале на турнирот, девојките од Македонска Каменица беа подобри од оние од Крива Паланка (69:50) Големото финале на турнирот во Македонска Каменица донесе големи возбудувања, а полното гледалиште во салата „Кирил и Методиј“ виде квалитетен натпревар на двете најдобри младински екипи во овој момент. Победата и златните медали останаа во малото рударско гратче, Баскет Кам 2011 ја освои титулата во женска јуниорска конкуренција КРИВА ПАЛАНКА – БАСКЕТ КАМ 2011 50:69 Одлични шест стартни минути имаа кошаркарките на Баскет Кам 2011, предводени од расположената Караѓозова, креираа почетно водство од (17:5). Но екипата на Крива…
МВР информира дека на 20.05.2023 во утринските часови во координирана и заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Штип, ОВР Кочани, ОВР Берово и СВР Струмица сузбија криминална организирана група која препродавала кокаин, амфетамин и марихуана на подрачјата на Штип, Кочани, Виница и Берово. Според информациите, криминалната група подолг период работела на препродажба на наркотични дроги на овие подрачја и имала логистичка поддршка од полициски службеник од ОВР Берово, кој им помагал со давање…
Иако неодамна призна дека се бори со телесна дисморфија, односно дека не го сака своето тело, на црвениот тепих не изгледаше така. Меган Фокс покажа бујно деколте под проѕирен црн фустан. Меган позираше во проѕирен фустан кој во преден план го откриваше нејзиното се побујно деколте. Свилениот дел од црната креација и ги прекри само нозете, додека горниот дел раскажа своја приказна, а многумина мислат дека Меган повторно ги зголемила градите. Актерката Меган Фокс воодушеви со своето појавување на забавата на магазинот „Спортс илустрејтед“ (Sports Illustrated) во Њујорк, а пристигна во придружба на раперот Машин Ган Кели. Иако двојката наводно…
Марија Николов беше прво име во победничката екипа. Реализираше дабл-дабл од 27. поени и 10. скока, а освен тоа додаде и по четири асистенции и исто толку освоени топки. Милованова имаше 13.поени (и осум асистенции), а Караѓозова уште 11.поени. Кај Бадел 1862, со 13 поени заврши Стојковска, додека Димковска додаде уште десет. Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21.мај (недела) од 14.30 часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 25.000 денари. Натпреварот за третото место…
Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски упатува Јавен повик до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители, за доставување на барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година. Јавниот повик од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица е распишан врз основа на Правилник за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители бр.09-634/1 од 09.04.2021 година и Правилник за измена и дополнување бр.08-1742/1 од 21.09.2022 година. За остварување на финансиската помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година, како што стои…
21-годишен жител на беровското село Митрашинци доби кривична пријава за тешки дела против општата сигурност, откако ја потпалил семејната куќа додека во неа биле неговите блиски, со кои имал кавга, соопшти МВР. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д.(21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 17.03.2023 во село Митрашинци, беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа во која било присутно неговото семејство, загрозувајќи ја нивната сигурност“, се вели во полициското соопштение. Извор: slobodenpecat.mk
Ги инсталиравме корпите за селектирање и одложување на батерии во сите локални и образовни институции во Македонска Каменица. Со веќе потпишаниот договор со “Нула отпад” воспоставуваме одржлив систем за управување со електронски отпад и отпадните батерии. Систем кој во континуитет ќе се спроведува и ќе допринесе до намалување на ваквиот отпад во Македонска Каменица. Исто така, Договорот за соработка со “Нула отпад” предвидува воведување на можност, граѓаните кои што имаат ваков вид на отпад, преку оставање на податоци до ЈП Камена Река, истиот да биде преземен од нивните домови.
На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола, – стои во соопштението на МВР Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Центарот за култура “Бели мугри”- Кочани ви ја претставува изведбата на македонско- срската хит комедија “Обвинителка” Единствената изведба во Кочани, заинтересираните можат да ја проследат во сабота, со почеток од 20:00 часот. Карти за претставата, можат да се набават по цена од 200 денари, на билетарата во институцијата. Работно време за набавка на билет: 16.05.2023 – 08.00-16.00 часот 17.05.2023 – 08.00-16.00 часот 18.05.2023 – 08.00-20.00 часот 19.05.2023- 08.00-20.00 часот 20.05.2023- 14.00 часот па се до почеток на претставата. Главните улоги во македонско српската комедија ,,Обвинителка”, ги имаат Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски Автор: Огнен Неделковски Режија:…
