Author: Media Point
За 7% ќе бидат зголемени пензиите од март 2023 година, согласно новата методологија која налага постојан раст на пензиите. За година дена пензиите се зголемија за 16% а со усогласувањето во март пензиите ќе бидат за над 20% зголемени. Пензионерите изминатиот период добија и финансиска поддршка која како дел од антикризните мерки ја добија 330000 пензионери односно тие добија по 1000 денари за месеците март, април и мај или вкупно 3000 денари. Пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од вториот пакет антикризни мерки согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за полесно справување со…
Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98%. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, па РКЕ на денешната седница одлучи да ги намали малопродажните цени на горивата во просек за 0,98%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС–95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,00 ден/лит. Од полноќ ќе се полнат горивата по следните цени: ЕУРОСУПЕР БС–95 81,50 ден/лит,ЕУРОСУПЕР БС–98 83,50 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 76,00 ден/лит. Izvor> avtomagazin.mk
Скопјанец ја имал највисоката годишна буто плата во текот на 2021 година во износ од 122,3 милиони денари. Платата е остварена во дејноста на трговија на големо со производи од тутун. Уште еден скопјанец се најде на врвот во категорија највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари со продажба на сопственички удел. Ова го соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска врз основа на собраните податоци од годишните даночни пријави за 2021 година. – Граѓаните преку корисничките профили на Е-ПДД можат да ги проверат и корегираат и да ги проверат даночните пријави. Граѓаните кои ниту ги потврдиле,…
Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас,…
Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши. Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.
Македонската футсал репрезентација ја очекуваат два квалификациски предизвици во името на Италија и Шведска. Избраниците на селекторот Васко Скендеровски на 1. март и гостуваат на силната селекција на Италија. Во вториот дуел кој е на програмата на 5. март, на домашен терен играме против незгодната Шведска. Во таа насока, денеска селекторот Скендеровски и официјално го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овие два дуели. На него нема некои поголеми изненадувања, туку се работи за стандардните репрезентативци кои подолг период се дел од нашиот национален тим. Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Вјоша, Косово); Играчи: Драган Петровиќ (Проект),…
На 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
Богат спортски викенд во Македонска Каменица Викенд во кој екипите од Македонска Каменица се натпреваруваат на домашен терен. Почнувајќи од утре, сабота 25. Февруари со почеток од 14:00 часот, на градскиот стадион во Македонска Каменица, ФК Каменица САСА го пречекува лидерот на табелата во Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ГФК Гостивар. Утрешниот термин од 12:00 часот е резервиран за натпревар од XIX коло од Втората кошаркарска лига на Македонија, помеѓу КК Баскет Кам и КК Соколи од Штип, главен конкурент на скопски Вардар во борбата за првото место на табелата. Во недела, со почеток од 13:00 часот, истовремено…
Масовното тестирање на четиридневната работна недела во Обединетото Кралство, за кое се смета дека е најголемо од овој вид, има докази за добрите страни на оваа практика. Во тестирањето биле вклучени 61 вработено лице. Главното сознание е дека четиридневната работна недела за истата плата е подобра за здравјето и нивото на стрес на вработените. Од тоа може да имаат придобивки и компаниите. Дури 92 отсто од вклучените компании во тестирањето изјавиле дека ќе продолжат да работат четири дена во неделата. Компаниите не забележале намалени приходи во пробниот период од јуни до декември изминатата година. Некои компании дури забележале раст во…
Во рубриката Инстаграм приказни денеска Точка.Мк не запознава со Гонев – Модерниот номад. Според неговите зборови, тој не е професионален готвач, туку само човек кој е заљубен во природата и готвењето во природа! Малку скромна изјава, со оглед на тоа што можеме да го видиме на неговите видеа на социјалните мрежи. Гонев живее и работи во Радовиш, а тоа што не привлече малку подлабоко да го истражиме неговиот профил на Инстаграм е оригиналноста – неверојатни сцени од македонските убавини, храна од која ќе ви потечат лиги – и сето тоа споено со одлична видеомонтажа. Тој себеси се гледа…
