Author: Media Point

Македонска Каменица 04. Јуни 2017 (www.kamenica.mk) САСА е дел од Втората фудбалска лига! Славјето продолжува вечерва од 20 часот на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Сите заедно да ја споделиме радоста со нашите нови јунаци на градот! Со денешната победа во бараж натпреварот против ФК Превалец, екипата на ФК Каменица-САСА стана дел од Втората фудбалска лига. Саса со конечни 4:1 го заврши натпреварот кој го следеа огромен број љубители на фудбалот од Македонска Каменица дојдени на Градскиот стадион во Кочани. Сите играчи беа на ниво на задачата и во вториот дел убоитиот напад на Саса на чело со Зоран Златковски…

ПОВЕЌЕ ...

Со  голoт на Лука Циндриќ на три секунди пред крајот, ракометарите на Вардар влегоа во финалето за шампион на Европа. Ова е најголемиот успех на македонскиот машки ракомет. Во еден тежок меч, кој што беше изедначен во сите 60 минути, вардарци имаа нерви во последниот напад да постигнат гол и утре да ги измерат силите во финалето со Парис Сен Жермен. Самиот резултат 26:25 покажува колку беше изедначен мечот. Вардар дебитира на финалните натпревари за шампион на Европа, но во мечот со тимот кој има најмногу титули се покажа позрел и тактички поподготвен. Лука Циндриќ беше херојот на овој меч,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03. Јуни 2017г. (kamenica.mk) ЗРСК “Шаран” ги известува своите членови риболовци дека од денес започнува риболовната сезона во водите на Калиманско езеро. Како услов за рибарење покрај Државна риболовна легитимација треба да се поседува и дневна карта, која ќе чини 200 денари, односно сезонска карта која ќе може да се купи по цена од 2000 денари. Истите можат да се подигнат единствено кај “Прангов”, во центарот на Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03 Мај 2017 (kamenica.mk) Каменичани веќе се организирани за утрешниот бараж натпревар за влез во Втора фудбалска лига на својот фудбалски клуб “Каменица – САСА”. Огромен број каменичани утре организирано ќе патуваат во сеседно Кочани, каде во 17:00ч. на стадионот “Никола Мантов” ќе се одигра најважниот натпревар на САСА во последните две децении. Подготвени се и “Багери” кои вечерва во 20ч. најавија и собирање во центарот на градот за да уште денес ја изразат својата поддршка и љубов кон САСА. Спремен е и нивниот навивачки “аксесоар” составен од огромен број навивачки транспаренти, сирени, “бакљи” и знамиња. Сите во…

ПОВЕЌЕ ...

Ако вие сте навивач на Реал Мадрид, овој материјал не е наменет за вас. Ако го сакате Јувентус, ќе ви е интересно да прочитате уште нешто за вашиот омилен клуб. За сите останати кои се двоумат за кој од двата тима да навиваат во финалето во Кардиф ќе понудиме  причини, изборот да биде Јуве. 1. Џиџи Буфон- Нема постои човек, кој  го сака фудбалот и не го почитува легендарниот голман. Наскоро Џиџи ќе наполни 40 години, но продолжува да брани феноменално. Буфон има освоено скоро се во својата кариера, му недостасува само „трофејот со големите уши“. Вреди да навиваме за Џиџи. 2.…

ПОВЕЌЕ ...

Влезниците за концертот на Стинг, кој ќе се одржи на 15 октомври во арената „Борис Трајковски“, за помалку од еден ден беа комплетно распродадени! Љубителите на музиката на легендарниот британски музичар го послушаа советот на организаторите, чекајќи во редица за да си набават билет за овој ексклузивен спектакл, кој ќе биде во рамките на турнејата „57th & 9th“. Како што соопштија од „Авалон“, Стинг доаѓа во Скопје со компплетно своја продукција што на посетителите ќе им овозможи уникатно доживување со светски квалитет. Како специјален гостин на концертот ќе настапи Џо Самнер.

ПОВЕЌЕ ...

Музичарот Валентино Микле (ДеВаско) изминатото лето пет месеци крстосувал низ Балканот и Источна Европа, а меѓу многуте дестинации во неговиот распоред била и Македонија. Тој за време на престојот тука имал соработка и со нашиот пејач Марко Логаут. „Ова е моето прво музичко видео по повод 4 години патување околу светот со мотоцикл, воедно и поздрав за сите номади што го живеат својот сон. Песната е напишана и снимена во Македонија, за време на петмесечна турнеја низ Балканот, а снимката опфаќа десетина нации“, пишува во описот за песната насловена „Alma Gitana“, во која на пијано гостува Методија Костоски, а како…

ПОВЕЌЕ ...

Времето во Македонија денеска ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Како што соопшти УХМР, се очекува на места да наврнат над 35 литри на метар квадратен дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе се движи од 12 до 18, а максималната од 23 до 30 степени. Во Каменица нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 15, а максималната 29 степени. И в недела попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со…

ПОВЕЌЕ ...

Авторот Томаст Корлеи пет години ги проучувал секојдневните навики на 177 милјардери кои богатството го стекнале исклучително со сопствен труд. Резултатите од истражувањето се објавени во книгата Change your habits, change your life, а во продолжение прочитајте накратко неколку навики кои се карактеристични за овие луѓе. Постојано читаат – 88% од милјардерите секој ден посветуваат минимално 30 минути на читање во денот или било каква едукација за тоа како да бидат подобри и поуспешни. Вежбаат – Најмалку 30 минути од денот милјардерите го минуваат со кардио вежби. Се дружат со успешни луѓе – според Корлеи успешен си онолку колку што…

ПОВЕЌЕ ...