Author: Media Point
„Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка Скопје за орочени влогови и депозити платиле камати во износ од 36,75 милиони евра, а откако значаен дел од тие орочени влогови и депозити ги пласирале како кредити и заеми од каматите заработиле 186,9 милиони евра! Нето разликата создадена од тоа што наплатиле и тоа што платиле е 150 милиони евра!!! Трите најголеми деловни банки во земјава: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка Скопје лани заедно оствариле нето приходи од камати во износ од 150 милиони евра! Ова е приход што банките го прават, наједноставно речено, како разлика од каматите…
Има стара поговорка, која вели дека не можеш да знаеш како се чувствува некој човек додека не влезеш во неговите чевли. Јас го сторив токму тоа. Бев во нивните чевли, а ова е моето искуство од деновите додека седев на картон преправен како питач на улицата Македонија Околу триста бездомници секој ден се обидуваат да го заработат својот леб во нашиот главен град. За жал, овие луѓе, најчесто припадници на некоја од маргинализираните групи, во своите обиди да дојдат до некој денар стануваат цел на несовесните граѓани, кои воопшто не се воздржуваат да го изразат својот револт, гнев и гадење…
Шведскиот Музеј на промашувања крие некои богатства за нкои можеби никогаш не сте слушнале, но кои доведоа до навистина револуционерни производи. Самуел Вест, 43-годишен психијатар е сопственик на своевидна колекција од околу 50 инвентивни, но сепак пропаднати производи. Светот е полн со пропаднати работи. Пропаднати општества, политичари, влади, спортисти, познати личности, компании и инвентивни производи. Овој шведски музеј покажува како одредени идеи пропаднале и на тој начин им го отвориле патот на други за профитабилни бизниси. Вакви иновации има многу и се разновидни. Од Форд Едсел, интернет пред интернетот и мобилните со копчиња или твитањето, па се до легендарното промашување…
Средношколците и студентите во Скопје се срамат да работат како келнери или шанкери, за разлика од нивните врсници во помалите градови кои самите се нудат за ваквите позиции, покажува искуството на сопствениците на угостителски локали. „Кафе-бар од Скопје има потреба од келнери и келнерки со и без работно искуство. Потребно е да имаат завршено минимум средно образование, да се одговорни, културни и сериозни кон работните обврски. Познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност. Почетна плата 12.000 денари нето плус бакшиш“. Ова е само еден од бројните активни огласи за работа кои може да се најдат на специјализираните интернет-страници…
Патувањето на одмор најчесто значи патување на долга дестинација. Кога е во прашање летниот одмор, Македонците најчесто се решаваат тој период од годината да го поминат во кај нашиот јужен сосед – Грција. Ова се најважните правила и прописи што треба да ги знаете при патување во соседна Грција. Највисока дозволена брзина Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места,…
Повеќе од 3.000 новозаболени од рак се регистрирани само на скопската Клиника за онколгија и радиотерапија за овие девет месеци заклучно со 1 октомври, 2016 година, со што се очекува до крајот на годината оваа бројка да достигне над 4.000 нови случаи, потврдија од болницата за „Фокус“. Во оваа бројка не влегуваат пациентите кои што се лекуваат во други јавни здравствени установи и во приватните болници. Според информациите од клиниката, овие бројки секоја година алармантно се зголемуваат, а кај нив најчесто доаѓаат пациенти кои што веќе се дијагностицирани. Во споредба со оваа година, лани на клиниката до крајот на годината…
Не постои човек кој не ја знае безвременската детска песничка „Сакам кола убава“, која пред 23 години на Златно славејче ја отпеа Дарко Давитковски. А, истиот тој Дарко пред неколку дена рокерскиот стил го замени со одело и „рипна во тавче“, со Ирина, жената на неговиот живот. Еве како денес изгледа Дарко: Еве го и нивното прекрасно свадбено видео:
Двајца млади хрватски физичари, Петар Павловиќ и Марко Сошиќ објавија труд во престижното научно списание „Физикал Ривју Д“, во кој ја изнесуваат можност за нов модел за настанок на Вселената кој би бил алтернатива на добро познатата Теорија на Големата експлозија. Во текстот „Цикличната космологија во модифицираната гравитација”, Петар Павловиќ, кој е научник од Универзитетот во Хамбург и член на тимот на Научно истражувачкиот центар ДЕСИ, и Марко Сосиќ од загрепскиот Електотехнички факултет, ја истражуваат можноста на модел на циклична Вселена. Станува збор за концепт, кој повеќе пати се појавувал низ историјата, но никогаш досега не бил обработен како целосен…
Леонардо да Винчи, Марк Твен, Моцарт, Марија Кири, Никола Тесла, Аристотел, а денес и Бил Гејтс, Лионел Меси, итн. Сите овие се добро познати левучари. Повторно се истражуваат старите тези за талентот на левораките луѓе. Пред повеќе од 30 години, една студија покажа дека стапката на левучарите меѓу талентирани студенти по математика е значително поголема отколку кај десничарите. Неколку научници тврдеа дека леворакоста дури може да има штетни ефекти по општата когнитивна функција и на академското достигнување. Исто така друго истражување покажало дека левучларите се застапени помеѓу лица со интелектуални потешкотии. Трета голема студија пак, покажала дека левучарите постигнале послаби…
19. Јуни 2017г. | www.kamenica.mk Македонска Каменица Фото: Дарко Вангеловски
