Author: Media Point

Македонска Каменица, 3 јуни 2017 (kamenica.mk) – Во изминатите 24 часа во полицијата се пријавени исчезнувања на две девојчиња на возраст од 11 и 15 години, и една 38-годишна жена. Во полициската станица Гази Баба вчера во 13:00 часот Д.Џ.(44) од Скопје, пријавила дека на 1 јуни околу 14:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка. Синоќа во 22:40 часот во Полициската станица – Штип, С.С.(46) од с.Чардаклија-Штип, пријавил дека на 1 јуни од 20:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.С.(38). Петнаесет минути по полноќ во СВР-Куманово, И.З.(37) од Куманово, пријавил дека на…

ПОВЕЌЕ ...

Според најновиот годишен индекс на мир, Македонија е на 102 место од вкупно 163 земји во светот. Минатата година нашата земја беше на 94 место, а за 2017 година бележи пад од седум места и се наоѓа по Узбекистан и пред Белорусија. Најмирољубива земја е Исланд, а по неа следуваат Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Чешка, Словенија, Канада, Швајцарија и Ирска. Според резултатите од годишната анализа на Институтот за економија и мир, нивото на мирот во светот е пораснато за 0,28 проценти. Од друга страна, најмалку безбедни земји се Сирија, Авганистан, Ирак, Јужен Судан, Јемен, Сомалија, Либија, Судан, Централно Африканска…

ПОВЕЌЕ ...

Денес ќе се одигра долгоочекуваната средба меѓу ветераните на Црвена Ѕвезда и Брегалница, по повод откривањето на споменикот на фудбалската ѕвезда Драгослав Шекуларац во Штип. Најпрво во 15.30 ќе биде откриен споменикот на Шекуларац во паркот пред Факултетот за образовни науки во Штип, по што од 17.30 на Градскиот стадион ќе се сретнат некогашните великани на Црвена Ѕвезда со ветераните на штипските сини. Од Ѕвезда доаѓаат браќата Ѓуровски, Шестиќ, Караси, Боровница, Дуле Савиќ, Владимир Петровиќ Пижон, Милосављевиќ, Дарко Панчев, Илија Најдовски, Канатларовски, Банковиќ, Трифуновиќ, Михајловиќ и штипјанецот Драган Христовски, изјави Ванчо Коцев, меѓународен фудбалски судија. Иницијаторите ги повикуваат љубителите на…

ПОВЕЌЕ ...

Прозорците даваат убавина и дополнителна вредност на вашиот дом, и се една од најважните карактеристики на една куќа или стан. Тие ја имаат и главната улога во заштедата на топлинската енергија, овозможувајќи комфорт и здравје. Според истражувањата загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлина од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок. Но, како може да знаете дали вашите прозорци треба да се заменат? Користете ја оваа листа за да ја утврдите состојбата со вашите прозорци.  Дали се вашите прозорци со единечно стакло? Повеќето…

ПОВЕЌЕ ...

За прв пат во земјава во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, ќе се изведе хируршка интервенција за промена на пол.  Интервенцијата ќе биде во рамките на Симпозиумот за генито-реконструктивна хирургија која од 1-3 јуни се одржува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Операцијата ќе биде направена оваа сабота. Ова е првпат во историјата на Македонија, ваква операција да биде изведена кај нас.

ПОВЕЌЕ ...

Семејство од Кочани обвинува за лекарска грешка. Погрешна дијагноза, Трајана Георгиева веќе извесен период ја врзала за кревет на Скопска неврохирургија, тврди нејзиниот син. Според него, лекари од Кочанската болница на Трајана и дијагностицирале склероза, а вусшнот таа имала тумор на мозокот. „Кога лично побарав и со Брза помош ја однесов во Штип, констатираа дека всушност наместо склероза има тумор на мозок. Моментално се влоши здравствената ситуација, поради предолго лекување од склероза и доведување да туморот енормно се зголемил. Чекам само Господ да ја спаси и лекарите каде е моментално – на Неврохирургија во Скопје. Дали некој ќе се замисли…

ПОВЕЌЕ ...

Средношколците Мартин Јосифовски и Мартин Филипоски од гостиварскиот колеџ „Јахја Ќемал“ освоија бронзен медал на Меѓународната олимпијада за обновлива енергија, инженерство и животна средина што се одржа во Хјустон, Тексас (САД). Во конкуренција на 4.000 проекти доставени од околу 7.000 учесници од 100 држави во светот, проектот за добивање електрична енергија од дожд и град на младите гостиварски иноватори се најде меѓу трите првопласирани за кои се одлучила тричлената комисија која ги оценувала проектите. Средношколците од Гостивар теоретски докажале дека ударите на капките дожд и град можат да се претворат во електрична енергија. Во лабораторијата за експерименти во гостиварскиот колеџ…

ПОВЕЌЕ ...

Голем инцидент во Штип. 20-тина  лица, од кои најголем дел малолетници,  влегле во куќа и претепале татко и син. Инцидентот се случил среде бел ден на улицата Косовска, каде напаѓачите дошле вооружени со камења, дрвени стапови, мотика, лопата и други предмети. Најнапред со нив почнале да удираат во автобобилот и куќата, а потоа ги нападнале и домаќините кои скокнале да си го бранат имотот. Своето не само што не успеале да го одбранат, туку двајцата биле жестоко претепани и завршиле со повеќе скршеници во Штипската болница. Причините за ваквиот жесток напад, не се докрај познати, но веројатно е дека во…

ПОВЕЌЕ ...

Кочани прв, а Штип последен на листата на градови во регионот со најмногу разводи. Според Државниот завод за статистика, во првите три месеци од годината во Кочани се регистрирани 13 разводи и 34 склучувања на бракови. Веднаш по Кочани е соседниот град Виница, каде што за истиот период десет парови одлучиле да стават крај на својата брачна заедница. Штип е последен на листата. Во првото тромесечје од годината само две брачни двојки побарале законски да се разделат. Финансиската состојба и невработеноста се едни од главните причини кои доведуваат до развод, сметаат граѓаните. Но, не само економската состојба може да биде…

ПОВЕЌЕ ...

Од УХМР соопштија дека локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме. Во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време  со  пороен дожд, грмежи, појава на град и засилен ветер. Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има  локална појава на нестабилна облачност, која ќе проследена краткотраен дожд и грмежи, засилување на ветерот, а не е исклучена и појава на ситен град. Повеќе услови за нестабилнот ќе има во западниот и северозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.…

ПОВЕЌЕ ...