Кочани преполно со кучиња скитници. Групи на опасни, големи и болни кучиња, на кочанските улици се среќаваат се почесто. Но, тие воопшто не се наивни и досега многупати биле директна опасност за граѓаните :
- Мене лично ме имаат нападнато. Одев на лекар навечер и ме нападнаа. Опасни се многу, реагираат жители на Кочани.
Но, освен оние кои со нив имале директен контакт, во паника се и останатите граѓани. Сликата на група бездомни кучиња, е потенцијална опасност за сите :
- Во последно време се многу опасни, одат во група и напаѓаат. Најстрашно е што се водат во групи, велат анкетирани кочанци.
Поради ова, кочанци бараат конечно, да се стави крај на проблемот со скитниците, а во тоа може да помогнат и љубителите на животни:
- Мора да се најде некое решение. Еве на пример, тие што се љубители на животни, можат да вдомат некое, кажаа жители на Кочани.
Досега, единствено неколку пати кучињата скитници беа вакцинирани и прочистени, но повторно вратени на улица. Дали и кога ќе има целосно решение на проблемот, засега е неизвесно.

