Author: Media Point
ФК Каменица САСА денес со почеток од 18:00 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица против ФК Кит-Го од Пехчево ќе го одигра својот втор пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона од Втората фудбалска лига. Натпреварот е уште една шанса за меѓусебно воигрување на екипата по сите позици на теренот. Закажаното ждребување за редоследот на натпреварите во оваа сезона која беше закажана за вчера, е одложена за 7 дена. Така ФК Каменица САСА покрај тоа сеуште не го знае распоредот на фудбалските натпревари, по се изгледа сеуште не е познат и составот на противниците. Во наредниот период каменичани ќе…
Ако некогаш во животот сте вежбале во теретана, сигурно сте налетале на некои од овие луѓе. За разлика од останатите кои дошле само да вежбаат, овие се таму да ќарат нешто, да се фоткаат, да покажат на другите колку се силни итн. Ако ви текнува на некои други вакви примери од ваше лично искуство, споделете со нас во коментарите. https://youtu.be/-WwRdnjgGSM
Брзиот начин на живот неретко диктира лош распоред на оброците и уште полош избор на храна. Мит е дека не може здраво да се храните на ограничен буџет, особено во лето кога има толку многу достапни здрави и свежи намирници како сезонско овошје и зеленчук. Овие оброци може да ги подготвите лесно и брзо и да ги понесете со себе на работа и да ја внесете дневната доза хранливи состојки, витамини и минерали што ќе ви дадат енергија во текот на целиот ден. Појадок: Протеински шејк. Во блендер ставете 2 лажици зобни снегулки, 1 лажица протеин во прав, еден грст зрнесто…
13:05 26 јули 2017 (kamenica.mk) Од Министерството за здравство информираат дека директорот на клиниката на прес-конференција ќе објасни што се случува. Заразно заболување е утврдено на Инфективната клиника во Скопје, а во моментов, неофицијалните информации говорат дека клиниката е во карантин откако наводно двајца починале. Директор на Клиниката, Звонко Миленковиќ, кој е и претседател на Комисијата за заразни болести, во моментов се наоѓа во Министерството за здравство, каде за околу еден час треба на прес-конференција да објасни што точно се случува. Во јавноста веќе излегоа информации дека на клиниката биле примени неколку пациенти со заразно заболување. Извор: PlusInfo.Mk
Пратеници во Собранието предлагаат измени на Законот за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, по скратена постапка, со кое се бара да му се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена и за даночен обврзник физичко лице, затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање глоба, пренесува Академик. Во постојното решение се предвидува дека доколку при вршењето на контролата даночниот инспектор или даночниот контролор утврди дека даночниот обврзник не го регистрира прометот преку фискален апарат, не…
Ернест Ебелинг е 63-годишен Германец, кој оваа година на летување во Хрватска дошол со трактор. На патот до Трогир, до каде што се возел девет дена поминал 1700 километри. Патувањето го поделил на девет дена, за секој ден поминувал по 110-120 километри. Неговата сопруга сепак не тргнала со него, туку се одлучила за авионско патување.
26. Јули 2017г (kamenica.mk) Во сообраќајна несреќа што се случи утрово на регионалниот пат кон Делчево загина едно лице.Несреќата се случила кога возило со странски привремени таблички удрило во мотокултиватор. Од силината на ударот возачот на мотокултиваторот излетал и удрил во колата здобивајќи се со тешки телесни повреди,на кои им подлегнал на патот кон болница.И возачот на колата и возачот на мотокултиваторот се од Делчево, информираат од Полицијата. На лице место на несреќата беа излезени екипи од МВР и од ОЈО.Сообраќајот додека траеше увидот беше блокиран ,но возилата се пренасочуваа по друг алтернативен пат.
Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Официјални делегации и претставници на институции денеска ќе положат цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Традиционалната крводарителска акција „За Скопје со љубов. Дарувај крв – биди хуман“ ќе се спроведува од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Организатори се Црвениот крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Пауновска ќе присуствуваат на проширениот капацитет…
27. Јули 2017г. (kamenica.mk) Неофицијално дознаваме дека на патниот правец кон Делчево се случила сообраќајна незгода, и според неодифијални извори има загинато лице. Полицијата е излезена на терен, повеќе информации очекуваме во текот на денот. Патниот правец кон градот Делчево е во застој.
Жител на Делчевско казнет со 1.500 лева , односно околу 750 евра во Бугарија. Казната му ја одредил судот во Благоевград откако било утврдено дека го пречекорил дозволеното време за престој во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. За сторениот прекршок се разбрало, откако тој одлучил да се врати во Македонија. При проверка на пасошот на граничниот премин „Станке Лисичково“ церинарниците утврдиле дека делчевецот ја претерал. Наместо легалните 91 ден, делчевецот кај источниот сосед поминал дури 577 дена, односно еднаипол година. Тој во Бугарија влегол во ноември 2015 –та и наместо да ја напушти државата во февруари 2016, тој никаде непријавен и…
