Author: Media Point

01 јули 2017 | kamenica.mk   Крштевањето е една од Светите тајни на Црквата. Христијанското крштевање води потекло од Исусовото крштење од страна на Јован Крстител. Теолозите велат дека оваа Света тајна била востановена од Господ Исус Христос. Евангелието зборува дека Спасителот по воскресенувањето им се јавува на неговите ученици-апостоли. За време на едно такво јавување тој им рекол: Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, учејќи ги да го почитуваат тоа што сум го заповедал. Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават како кандидати за обред на крштевање…

ПОВЕЌЕ ...

Автобус со македонски регистарски таблички изгорел денеска на делот од автопатот кај Јагодина. Повредени во пожарот нема, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија. Според српските медиуми, пожарникарите го изгаснале пожарот кој го оквалификувале како самозапалување, а сообраќајот на овој дел од автопатот е нормализиран. Автобусот се запалил изутрината на правецот кон Ниш, кај надвозникот за селото Кончарево и целосно изгорел.

ПОВЕЌЕ ...

Жител на скопската населба Бутел 1 попладнево околу 12 часот во својот домги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот.  Веднаш потоа 84-годишниот скопјанец се самоубил. Полицијата го потврди инцидентот. Се случил на улицата Хо Ши Мин во близина на општина Бутел. Застреланиот внук 32-годишниот Т.С. им подлегнал на повредите на лице место, а сопругата на убиецот и нивната 58-годишна ќерка во сериозна состојба и во животна опасност се префрлени на Ургентниот центар. Во тек е увид на местото на убиството.

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на вчерашниот ден за исчезнати биле пријавени една малолетничка од Кочани, како и две жени од Виница. К.Н. од Кочани пријавила дека на 29. јуни во 1 часот, од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16-годишна ќерка. Во полициската станица во Виница, А.И. пријавил дека на 28. јуни во 1 часот, од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.И, додека во полициската станица исто така било пријавено дека вчера со неговото возило во непознат правец се оддалечила неговата соруга Ј.Д. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

ПОВЕЌЕ ...

Почна да попушта старата куќа на четиричленото семејство Бачовски од Берово. Неодамна се срушил едниот ѕид, куќата распукала на сите страни, а  50-годишната Данка која од лани е вдовица и живее со 900 денари социјална помош месечно, не може да издвои средства за да го сопре рушењето на  куќата. Пензија не можев да земам, мажот ми немаше стаж, а јас имам стаж ама немам години за пензија. Живеам со двете ќерки и внуката од 13 години. Немам друг излез не сме вработени ниту еден од фамилијата. Ми треба помош и ги замолувам сите кои можат да ми помогнат, рече низ…

ПОВЕЌЕ ...

Како што истакна вд директорот на ЈУМЦСР Делчево, Николчо Захариевски, вкупниот износ средства кои се исплаќаат за третородено дете изнесува 8.694.269. Посочи дека износот на средства за исплата месечно е 8.364 денари, а за годинава се исплатени до 8.694269 денари. – За да се оствари правото на паричен надоместок за трето дете треба да се исполнат одредени услови: мајката да е државјанин на Република Македонија и да не живее и да не работи во странство, да достави доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа од социјална заштита, згрижувачко семејсво или не се дадени на…

ПОВЕЌЕ ...

 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано изутрината на локалниот пат кон кочанското село Прибачево, во близина на месноста Пруга. Се работи за 76-годишен велосипедист од Кочани кој бил удрен од патничко моторно возило, а од полицијата потврдија дека по здобиените повреди од ударот, велосипедистот починал на лице место.„Околу 6.40 часот на локалниот пат селот Прбичаево село Оризари се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од  76-годишен возач од Кочани и патничко моторно возило пежо 406 управуван од 52-годишен возач од Прибачево. Во незгодата животот го загубил 76-годишниот велосипедист“, рече Гордана…

ПОВЕЌЕ ...

Голема свадба по сите старински свадбарски обичаи на 11-та Пијанечко –малешевска свадба ќе прават  Љупчо Петровски од Делчево и Тања Димитровска од Симитли. УО на КУД Гоце Делчев одлучил од петте пристигнати апликации годинава по сите старински нишани својата љубов да ја крунисаат Љупчо и Тања. Ние пред да ја донесиме одлуката со сите направивме интервју, но пресудно беше тоа што невестата е од Симитли, а Делчево е збратимено со Симитли, изјави Зенил Реџепов, КУД „Гоце Делчев“. Љупчо Петровски е познат тренер на ЖКК „Клубски –Патриот“ кој во 2013 година го освои и Купот на Македонија, а Тања е студентка.За…

ПОВЕЌЕ ...

13 луѓе, шверцери на дрога се осудени на смрт во Кина на јавен судски процес кој се водел пред 10.000 луѓе. Некои од нив се егзекутирани без никакво задржување. Процесот е спроведен во градот Шинвеи во јужната кинеска провинција Гуандонг на 24 јуни годинава. Извор: СтарТВ – Штип Осуммина од осудените на смрт се егзекутирани веднаш, но не пред насобраната толпа луѓе. Вкупно биле фатени 18 лица, но петмина се помилувани додека за 13 казната била смрт. Осумината итно биле качени во комби и однесени на извршување на смртната казна. Video Player

ПОВЕЌЕ ...

Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, што неколку часа беше блокиран од навивачи на спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив, кои претходно на бензинска пумпа кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија. На пат кон Куманово се пресретнати од полицијата, но одбиле да бидат приведени и го блокирале патот. Според податоците од Министерство за внатрешни работи, изутрината околу три часот автобус со бугарски регистрарски ознаки кој сообраќал на магистралниот пат А2, Крива Паланка- Куманово, запрел на бензинска пумпа „Макпетрол“ на обиколницата кај Крива Паланка, при што патниците, навивачи на спортски клуб „Ботев“ од Пловдив, Република Бугарија,…

ПОВЕЌЕ ...