![]()
31. Јули 2017 (kamenica.mk)
На 5-ти Август, ФК “Каменица САСА” ќе го одигра својот прв меѓународен натпревар, против екипата на ФК “Пирин” од Разлог, Бугарија.

Ова ќе биде прв од неколкуте натпревари кои каменичани ќе ги играат надвор од границите во овој подготвителен период пред почетокот на новата сезона. Договорена се уште неколку меѓународни средби, една од нив е со ФК “Пирин” од Благоевград, останува само во текот на оваа недела, управата на клубовите и стручните штабови на екипите да ги прецизираат датумите на средбите.

Каменичани на гостувањето патуваат со цел да се претстават во најдобро светло, да го надиграат противникот, а во сопствените редови од овој натпревар да се вратат побогати со многу важно за себе, меѓународно искуство. ФК Каменица САСА, пред влазот во новата сезона од Втората фудбалска лига, важи за екипа која темелно и сериозно се подготвува на сите нивоа од играта која се повеќе заличува на стариот добар “тврд орев” тим од Македонска Каменица.

Мотивираноста кај сите играчите пред гостувањето во Разлог е на високо ниво, а играчите од игра во игра се повеќе ја зајакнуваат својата форма и воиграност на теренот.

