Author: Media Point
Во екот на сезоната на берба на вишните во регионот Пијанец, каде што тие се застапени на површина од 300 хектари, има голем недостиг на сезонски работници. Славчко Гоцевски, кој има насади на 15 хектари со вишна, истакнува дека проблемот со сезонските работници се провлекува секоја година. – Годинава намален е и родот поради мразот и градот од пред неколку дена, така што и ефективната заработувачка на работникот ќе биде намалена, односно работниците ќе ги плаќаме по набрана гајба со вишни, а кога нема род и заработувачката ќе биде помала. Проблемот го решив со зголемување на цената така што плаќав…
Локалните исцелители, жените кои ги познавале извонредните сили на билките, мистериозните песни. Карактеристични за областа Подлачија, овие жени биле нарекувани вештерки или септуча. Септучите се како артефакти на античка мудрост, врз основа на фолклорните верувања. Сепак, луѓето сé уште веруваат во нивните моќи. Кои се тие? Некои од нив тврдат дека духот на Св Богородица се појавил пред нив и споделил некои мистериозни тајни. Повеќето од нив се жени, но понекогаш и мажите го следат овој пат. Тие обично живеат далеку од големите градови, останувајќи почесто во малите села „на крајот на светот“. Ако сакате да се сретнете со szeptucha…
Министерството за труд и социјална работа инфорима дека во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија. Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа, а на останатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните препораки. Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие и други дејности.
03 ЈУЛИ (21:33) Вечерва во Охрид и околината се почуствуван три нови земјотреси. Земјотресот со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала беше почуствуван во 20 часот и 28 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет степени според Европската Макросеизмичка Скала. Претходно земјотрес со јачина од 3,9 според Рихтер беше регистриран и во 20:03 часот. И овој земјотрес бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет-шест степени според Европската макросеизмичка скала. Во 18:14 часот бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени…
Кочани, 3 јули 2017 Музичките настани ќе бидат во фокусот на 11. издание на манифестацијата „Петровденски конаци“ што под мотото „Музичко будење на градот“, ја организира Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани со поддршка од Министерството за култура и локалната самоуправа. Како што соопшти директорката на „Бели мугри“, Кристина Атанасова Арсова, концерти ќе одржи одличната и оригинална група во своите настапи каменичката “4и21” бенд. Нивниот последен настап беше токму пред каменичката публика у тоа како пред група на одличните Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд. Бендот функционира и работи во Скопје, но пола од нив доаѓаат од Македонска Каменица…
Серијата земјотреси кои што со недели го тресат Охрид и околината, а епицентарот им е на неколку километри од единствениот жив вулкан на Балканот во Косел, отворија нови дувала. Новите дувала се видливи веднаш што ќе се стигне на местото каде што со векови постои познатот дувало. Појавени се шест нови. Четири до старото дувало и уште две на мало ритче. При денешната посета на Косел се чувствува засилен мирис на сулфур и чад од вулканот . На местото каде што се дувалата забележавме три мртви животни, јазовци кои што ги има на овој дел од Косел. ИЗВОР: Шиломагазин.мк
Во 2016 човештвото, барем делот со мобилни, има потрошено 1600 милијарди часови на користење мобилни апликации, и за некоја година ова ќе биде многу повеќе. Процената на компанијата за аналитика Ап Ани е дека во 2021 на оваа ставка од трошењето време на човештвото ќе отидат 3500 милијарди часови. Во истата споредба се открива дека бројот на луѓе што користат смартфон апликации во 2016 изнесувало 3,4 милијарди долари, и дека до 2021 оваа бројка ќе порасне на 6,3милијарди. Ова значи и повеќе пари, па од 1300 милијарди долари во 2016, глобалната потрошувачка на апликации во 2021 ќе порасне на 6300 милијарди долари. Приходите…
Пред неколку минути, силен земјотрес од 5.1 степен ја стресе Македонија. Епицентарот на земјотресот е на 5 километри од Ресен, односно на 3 килеметри од Јанковец на длабочина од 2 километри.
До крајот на денешниот ден (03.07.2017) времето во државава ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со сончеви периоди но и со повремени локални врнежи од дожд. Можна е и поретка појава на грмежи а ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од северен правец кој ќе предизвика ГОЛЕМ пад на температурите и истите ќе пониски дури за околу 15 степени за разлика од изминатите неколку денови кога владеја ЕКСТРЕМНО високи температури на воздухот. Максималната температура ќе се искачи во интервалот само од 18 до 27 степени. За нови и детални информации следете www.kamenica.mk
Вработени во Водостопанство „Брегалница“ – Кочани, вршејки увид на теренот за состојбата со испорачаната вода во полињата, изутринава забележале труп на удавен човек закачен на решетките од каналот кај село Жиганци. Од Водостопанство „Брегалница“ информираат дека за случаот веднаш е известена Полициската станица од Кочани и се очекува во текот на претпладнево телото да биде изваден од водите на каналот. Според нив, ова не е прв случај на пронаоѓање тела на удавени во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница кај селото Жиганци на металната ограда. Се очекува во текот на денешниот ден да биде идентификувано удавеното лице, а на местото…
