Author: Media Point

07.07.2017  Случај на семејно насилство регистрирала охридската полицијата, во кој малолетен син од Кочанско го претепал својот татко. Од увидот што го направиле полициските службеници е констатирано дека има доволно основи за да биде поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда. Според информациите од СВР инцидентот се случил минатиот месец во стан во Охрид каде пријавеното лице заедно со својот родител имало привремен престој. Од полицијата велат дека 15-годишниот малолетник од кочанската населба Оризари, на 9 јуни годинава околу 19,50часот започнал вербална расправија со татка си. Во еден момент тој му се нафрлил и започнал да го удира со цврст предмет.…

ПОВЕЌЕ ...

Доколку планирате патување во странство со автомобил, нема да ви бидат доволни пасошите и финансиските средства со резервациите. За тоа ќе ви бидат потребни повеќе документи, опрема и дозволи, во зависност од земјата. Кога станува збор за балканските земји и за другите популарни дестинации за Македонците, речиси секаде важат генералните правила: забранета употреба на мобилен телефон при возење, минимално дозволено количество алкохол и соодветна опрема за возилото, стои на официјалната страница на АМСМ. Доколку се патува со дете, имајте предвид дека во повеќето земји е потребно детско седиште за мали деца. Потоа, за македонските државјани што патуваат во странство се потребни…

ПОВЕЌЕ ...

https://m.youtube.com/watch?v=p0-fm8cNIJA&sns=fb Мотел ресторан „Парк Панорама“ се наоѓа на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица (на 7км од Делчево). Овде можете да уживате во вкусната храна, неверојатниот амбиент, прекрасната музика и живописната природа. „Парк Панорама“ е место за сите генерации, а за забавите од секое неделно попладне се задолжени “Респекти Бенд”. Телефон за резервации: 071 940 302. Проверете! Посетете го „Парк Панорама“ и бидете дел од прекрасните забави во текот на целиот летен период!

ПОВЕЌЕ ...

Срушена куќичката во детскиот парк во населбата Ново Делчево. Несовесни, играчката за децата, ја искористиле за забава во ноќните часови. Ова е мала штета, но е една од многуте кои во континуитет се прават во паркот и детското игралиште кое е единствено од ваков тип во Делчево. Редовно овде страдаат дрвцата, се вадат чешмите, се уништиваат клупите, а на сето ова дивеење, сведоци се жителите од населбата на чие конто се книжат долги непроспиени ноќи: Овде се собирата деца над 15 години, викаат цела ноќ, досадуваат и кршат, реагираат овдешни. Жителите од оваа населба за овој проблем спас барале и…

ПОВЕЌЕ ...

Младо момче, студент на возраст од 21 година е новиот  регистриран случај на  ХИВ позитивен во Виница. Заболениот тестовите ги направил во Скопје, а од Центарот за јавно здравје засега не го откриваат начинот на инфицирање. Ова е трет случај на ХИВ позитивен во Виница од 1991 година наваму, претходните двајца болеста не ја преживеале. Инаку, спооред официјалните податоци од Институтот за јавно здравје на РМ, во текот на месец мај 2017 година, пријавени се три нови случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол на возраст од 20-39 години од Скопје и Тетово. Согласно евиденцијата на пријавените случаи, кумулативниот број…

ПОВЕЌЕ ...

Тони Јакимовски ќе биде нов началник на СВР Скопје, а во останатите Сектори за внатрешни работи, началници ќе бидат истите кадри кои беа и во претходниот мандат на министерот Оливер Спасовски. Во СВР Куманово, началник ќе биде Стојанче Величковиќ, во СВР Охрид – Сашо Смилевски, СВР Велес- Злате Јаневски, СВР Штип, Љупчо Трајковски и СВР Битола, Славко Јовановски.

ПОВЕЌЕ ...

Листата на овие Италијански брендови и е помалку позната за нашата јавност. Не станува збор за Армани, Версаче, Долче, и слични на нив. Тука говориме за оние помали, поинтимни брендови, за кои Италијаните со страст зборуваат. Овие брендови варираат од градот на модата Милано, како Aspesi и MP Massimo Piombo, па се до кројачите од Неапол,  Rubinacci и Isaia. Доколку планирате патување во Италија, и наидете на некој од нив, обавезно подновете се со некое култно Италијанско парче – 01. ASPESI 02. BARENA 03. RUBINACCI 04. CURASO 05. OFFICINE CREATIVE 06. MP MASSIMO PIOMBO

ПОВЕЌЕ ...

Првиот пат кога пронајдов пакетче во зимската чизма го однесов кај еден познаник во полицијата кој ми кажа дека тоа е хероин. Знаев дека е нејзино, но никогаш не ми призна. Иако очигледно таа го негираше сето тоа, неможете да поверувате колку сила имаат да се борат на таков начин. Дури и мене знаеше да ме убеди, да се запрашам каква мајка сум јас, па можеби и не е наркоман, можеби грешам-а на масата имам позитивен тест на крвта. Тие секогаш имаат приказна, неверојатно се интелегентни и специјалисти за лажење. Лажговци, глумци, такви нема ни на филмовите. Таа призна само…

ПОВЕЌЕ ...

Мартин Ристовски е роден 2000-та година во Македонска Каменица, денес учи во ПСУ „Јахја Кемал“ во Бутел – Скопје. Првите две години од своето средно образование ги поминува под гимназиска општообразовна програма, а од Септември минатата година и во наредните 2 години, ќе биде дел од природно-математичката насока, која соддржи поголем фонд на часови по предметите од природните науки, математика и информатика. Со натпреварите по физика започнува во осмо одделение, уште во основното училиште “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Има освоено Прва награда во осмо и деветто одделение на државните натпревари, и со тој резултат на приемниот испит во…

ПОВЕЌЕ ...