Почна трката за студентски индекс. Завршени матуранти се обидуваат да си обезбедат едно од 5200-те понудени слободни места на Универзитетот „Гоце Делчев“ на вкупно 13 факултети.
- 11-та година по ред Универзитетот се обидува на еден интегриран, уникатен начин, на едно место заедно сите факултети, сите студиски програми планирани согласно конкурс, во Штип и во наставните центри на универзитетот, да ги организира пристојно своите уписи. Согласно конурсот на Универитетот се планирани 5.200 слободни места, околу 3.000 во редовната квота, околу 1.200 во квотата за кофинансирање и 900 во квотата за вонредно студирање, изјави Проф. д-р Кирил Барбареев, проректор на УГД.

Првиот ден документи поднесоа околу 700 заинтересирани, што е помалку од претходните години, но од УГД сепак се задоволни од досегашниот интерес.
- Интересот е добар на сите факултети, особено на Медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика, особено одредени студиски програми, како Бизнис логистиката во Скопје, во Гевгелија, но и на сите други факултети каде што кандидатите одредиле или сакале да се запишат на факултетите, изјави Проф. д-р Кирил Барбареев, проректор на УГД.
А она што е најважно е жедта на идните студенти за знаење споена со нивната амбициозност и планови за сопствената иднина.
- Одбрав геологија затоа што е во Штип, но и во Македонија има единствено овде, инаку ќе морав во странство да се запишам, вели анкетирана студентка.
- Ќе студирам моден дизајн и го одбрав овој факултет затоа што има многу добри коментари за него. Во иднина се гледам во сопствена фирма како дизајнер, вели друга анкетирана студентка.
- Запишав медицина, а го одбрав УГД пред се поради сите предности на топлиот дом, рече една од студентките.

Инаку, од универзитетот соопштија и дека документите на средношколците кои во моментов полагаат државна матура ќе бидат примени и по завршување на рокот, се со цел да им се излезе во пресрет.
Вториот уписен рок е на 25 и 26 август, а третиот на 5 и 6 септември.
