
21. Јули 2017г.
Македонска Каменица
Важно известување за сите заинтересирани жители на Македонска Каменица спремни да учествуваат во потрагата по нашиот исчезнат сограѓанин Ацо Јовановски од село Саса:
Време на тргнување е 07:00 часот. Зборно место за тргнување е Полициска станица во Македонска Каменица.
Превоз, потребна храна (сендвич) и вода (1литар), има за секого обезбедено од страна на општинските служби. Секој со себе да понесе личен ранец и соодветна гардероба (облека и чевли) за движење во планински услови. Потрагата трае во текот на целиот утрешен ден, завршува во доцните попладневни часови.
Одговорни лица за контакт:
– Наташа 071 737 465
– Гоце 070 857 181
– Дарко 077 463 993
Понатамошни инструкции ќе следуваат од одговорните лица за организација и координација на групите.
