Author: Media Point

ФОМО (страв од пропуштање / fear of missing out) е кратенката што без да трепнеме им ја налепивме на тинејџерите и приближно младите, затоа што се неспособни да остават тоа смартфонот и да престанат да проверуваат што прават другите по Инстаграм и Фејсбук. Сега ФОМО тропна на врата и кај овие разумниве и способни генерации. Делумно текот на 2016 ги истенчи живците на повозрасната публика, делумно самата публика дозволи да биде убедена во апокалиптичноста на настаните од минатата година, (делумно Трамп твита како да ќе го вработуваат ко советник), па исходот е легија од сосема нова публика од возрасни луѓе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар испиша фудбалска историја, откако во Истанбул го совлада големиот Фенербахче со 2-1 и обезбеди пласман во групната фаза на Лига Европа. Со тоа, вардарци станаа првиот наш тим кој ќе игра во групната фаза во едно од натпреварувањата на УЕФА. Тимот на Чедомир Јаневски покажа карактер и успеа да победи пред 40.000 Турци, кои грмогласно го бодреа, но потоа и го исвиркаа својот миленик. Противникот во ЛЕ, Вардар ќе го дознае на утрешната ждрепка во Нион. Фенербахче тргна офанзивно и уште од самиот старт нанижа неколку шанси. Најпрво се закани Озан со глава, а потоа…

ПОВЕЌЕ ...

Со доста потешкотии заради засилениот ветар и непристапниот терен, екипите на ТППЕ Македонска Каменица успеаа денес, уште во раните утрински часови целосно да го изгаснат пожарот што вчера беше активен во селото Моштица кај Македонска Каменица. Нивните екипи беа помогнати од останатите ТППЕ во регионот (Кочани и Делчево), ЈП Камена Река, членови на Ловното друштво од Македонска Каменица и голем број месно население, жители на село Моштица сите во координација на Шумската полиција во градот. Пожарот беше активен од пладневните часови во текот на вчерашниот ден, но поради брзата реакција на пожарникарските единици, тој успеа да зафати само десетина хектари…

ПОВЕЌЕ ...

Во 19  часот вчера во Полицијата во Битола, 53-годишниот И.О. од селото.Могила, битолско, пријавил дека околу 16 часот во стрништето на Т.К. на месноста викана  „Мала Река“  во атар на селото Могила, при напасување умреле осум молзни крави. За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба на местото излегле ветеринарен лекар, инспектор по земјоделие и инспектор по ветерина. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

Денес е четврток, 24 август 2017 година, 236-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:45, а ќе зајде во 19:24 часот. Денот ќе трае 13 часа и 39 минути. И ова утро во Македонија имаме претежно сончево и свежо утро. Иако во текот на денот не очекуваат се повисоки температури, ноќните и утринските температури ни укажуваат дека се доближуваме до крајот на август и почетокот на климатолошката есен која што започнува од 1 септември. МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури од 6 до 15 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло…

ПОВЕЌЕ ...

Адолф Хитлер и сите припадници на Третиот Рајх биле уверени дека ќе победат во Втората светска војна. Токму поради тоа, тие не само што подготвувале планови за борба туку и детално разработувале и планови за владеење после победата. Враќање на земјата на американските Индијанци Нацистите биле подготвени на геноцид, но кога станува збор за американските Индијанци, тие изненадувачки ги прифатиле. Меѓу плановите за покорување на Америка било и ветувањето дека американската земја ќе им ја вратат на домородците. Тие работеле со групата Американско индијанско сојузништво и ги регрутирале како фашистички симпатизери. Некои членови од групата не биле само симпатизери, туку…

ПОВЕЌЕ ...

До 29 август годинава трае рокот за доставување барања за поддршка на млади земјоделци. На повикот може да се јават земјоделци до 40-годишна возраст, а аплицирањето е исклулчиво електронски. Државната поддршка предвидува максимални 600.000 денари неповратна финансиска помош за младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис. Услов е да бидат запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не повеќе од 18 месеци. Добивањето на субвенцијата зависи и од освоените бодови, односно од тоа каде се наоѓа стопанството и за која намена се аплицира. Најголем број бодови носат барањата за набавка на опрема за чување и складирање на производство, за опрема за преработувачки капацитети и членството во земјоделски задруги.…

ПОВЕЌЕ ...

Езерата создаваат чувство на смиреност и сите сакаме да се релаксираме покрај нив. Чистата вода и лесното ветерче може да направи целосно да уживаме во природата. Но, дали ова важи за сите? Дали сите езера се безбедни за бањање или воопшто за седење покрај нив? Погледнете ги овие прекрасни, но опасни и смртоносни езера во светот. Ќе се осмелите ли да пливате во нив? Бросно, Русија Жителите многу често гледаат огромно чудовиште кое личи на древен гуштер во езерото. Научниците се обиделе да им помогнат да го најдат, но залудно. Но, што всушност се случува? Процесот на распаѓање на дното…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарот што од денес попладне е активен во атарот на село Моштица, продолжува да гори и во ноќните часови. Причините за предизвикување на пожарот и понатаму се непознати, но истите се истражуваат од страна на одговорни и истражни органи. Екипите на ТППЕ Македонска Каменица, помогнати од единици на ТППЕ Делчево и Кочани, членови на Ловното друштво од М.Каменица – САСА, вработени во ЈП Камена Река и голем дел од месното население успеаа да го локализираат пожарот, но на моменти засилениот ветар и на места непристапниот терен се пречка истиот да се стави под целосна контрола. И покрај надчовечките напори на…

ПОВЕЌЕ ...

Голем шумски пожар во атарот на село Моштица. Пожарот е активен веќе неколку часа на просторот помеѓу и над Грмовско маало и Далевци. Екипите на ТППЕ од Македонска Каменица се активни на терен и интензивно работат на локализирање на истиот. Двете блиски маала се обезбедени од ширење на пожарот, но поради тешко пристапниот терен целосното локализирање на пожарот е отежнато. Со повеќе информации во наредните неколку часа, по добивањето на нови информации и сознанија од теренот.

ПОВЕЌЕ ...