Author: Media Point
23.Септември (kamenica.mk) Central Asia Metals (CAML) од Казахстан преку трансакцијата од 403 милиони долари вчера, петок 22. Септември, изврши аквизиција врз сопственоста на Linx Resources Ltd, на берзата во Лондон. Со ова досегашната фирма сопственик на Рудник Саса добива нов сопственик. Извршената аквизиција (преземање на сопственоста) вчера и денес е ударна вест на повеќето од светските медиуми за економија и бизнис. Lynx Resources Ltd. како досегашни сопственици во својот официјален извештај за рудникот Саса наведуваат дека “рудникот е опфатен со бавно-исцрпувачко темпо, богат со корисни минерали и со извршени истраги за константна експлоатација до 2032 година. Сите подетални информации можете…
Штип: Текстилните работници повеќе не пијат вода од пластично буре, сега вода се пие од гумено црево
Гледачи на Контактната емисија Што мисли народот на ТВ Стар вчера ја открија фирмата во која со години речиси 200 работници пиеле вода од пластични буриња. Зошто работниците биле понижени и на овој начин, причината е повеќе од скандалозна. – Се јавувам гледачка што работила во таа фирма. Претходно беше точно конфекција, а сега е фабрика за ластик. Се работи за Јагја Мезлер. Не знам зошто не се каже тоа јавно. Имаше водовод, но газдата го прекина за да не плаќа вода и си ископа негов бунар и си носевме шишиња од дома со вода, вели гледачка на ТВ Стар,…
Институциите во државата ги видоа солзите и го слушнаа плачот на самохраната мајка Ленка и нејзината 27- годишна ќерка Марина , лице со церебрална парализа и ветиа дека ќе ја исправат грешката, а ова двочлено смејество ќе добие социјален стан до кој ќе може и да стигне. Ова ветување следува откако ТВ Стар ја објави сторијата за ова семејство и парадоксалната одлука на Комисијата за станбени прашања при Владата со која лани им додели социјален стан на шести спрат во зграда без лифт во Делчево. Тоа е одлука од 2016 година, ние сме запознати со случајот и сите институции заедно…
Кога децата се мали, тие се како сунѓери. Го впиваат секое ново искуство, секој нов збор којшто ќе го научат, однесувањето кое го гледаат околу себе, а подоцна го имитираат. Всушност, ова раните детски години го претставуваат почетокот на развојот на нивната личност и полека почнува да се наѕира личноста каква што ќе станат еден ден. Американско истражување започнато во 2013 година покажало дека едукацијата кој започнува во најраното детство има несомнено влијание во подоцнежниот развој и живот на детето. Еве и зошто: Социјализација Под ова секако се подразбира социјализација надвор од рамките на семејството, која е од суштинска важност за…
Најмалку пет години 170 работници од текстилна фабрика во Штип пиеле вода од пластични буриња и од заедничка чаша врзана за бурето. Во фабриката, која е сопственост на турски бизнисмени има и водоводна мрежа, но водата е техничка, па работниците можеле да бираат дали да пијат техничка, или вода од градскиот водовод, но во буриња. Скандалот по толку многу години на виделина излегува сега, но во меѓувреме, пред околу 2 недели, ЈП Исар во оваа фирма инсталирал водоводна мрежа низ која тече вода од градскиот водовод. Инаку, истата фирма е странска инвестиција, но со третманот на работниците веќе неколкупати е…
20.09.2017 (kamenica.mk) Невнимателното управување моторно возило или негова неисправност придонесе за уште една сообраќајната несреќа што сепак заврши без посериозни последици. Несреќата се се случи во вторникот доцна попладне на магистралниот пат А3 во близина на влезот на селото Чифлик. Камион со кумановски регистерски ознаки што превезувал огревно дрво и се движел во правец на Штип, излетал од патот. Возачот не успеал да го задржи правецот на движење на товарното возило, туку тоа се превртело во блиската нива, на десната страна од коловозот. Притоа, причинета е материјална штета, но за среќа нема потешко повредени или жртви. Поради специфичноста на локацијата…
Денеска е празник на мајката на синот Божји, на мајката на сите мајки. Денеска е раѓање на Пресвета Богородица-Мала Богородица. Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди…
Заради пауза во домашното првенство, поради настап на македонската младинска селекција о 17 години, овој викенд девојките од ЖФК Каменица САСА ќе го одиграат својот прв меѓународен натпревар. Тие пред домашна публика на градскиот стадион во Каменица со почеток во 15:00 часот, на 24. Септември (недела), ќе одиграат пријателски меч против бугарскиот прволигаш ЖФК Спортика од Благоевград (Бугарија). Нашите девојки во досегашните натпревари од домашното првенство немаат победа, но не треба да се заобиколи фактот дека годинава е нивна прва сезона на натпреварување. Резултатите допрва ќе пристигнат, потребана е само упорност и пожртвуваност. За посебен поздрав е и ентузијазмот на…
20.09.2017 | 18:31 Прочитано: 617 Пионерски чекори во областа на кардиохирургијата во Р. Македонија, над 15 000 операции на срце, испишување на значајни поглавја во оваа област и чекори кои се водечки во областа на медицината не само кај нас, туку и во светски рамки се дел од досегашната успешна работа на еден од најистакнатите македонски кардиухирурзи Д-р Жан Митрев. Пред 20 години, на своја 36 годишна возраст д-р. Митрев стана првиот Македонец кој пресади срце на Универзитетската клиника во Франкфурт, а пред 17 години, ја изведе и првата операција на отворено срце во Р. Македонија. „Ова беше повод…
Кривопаланечко повторно под оган. Веќе трет ден гори шумска површина во селото Баштево и се работи на негово локализирање, информираат од Регионален центар за управување со кризи, Куманово. фото: архива Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка известила дека пожарот е повторно активен од пет часот утринава. Вчера седум кривопаланечки пожарникари со три возила, засилени со четворица пожарникари и едно возило од Ранковце, екипа од десетмина вработени во Шумско стопанство Осогово, Македонски шуми, работеле на гаснење на пожарот. Во гаснењето биле вклучени и пет вработени од локална самоуправа на општина Крива Паланка, како и четворица вработени од Дирекцијата за заштита и…
