Author: Media Point

Технологијата ги претвори децата во емоционално неинтелигентна генерација, предупредува психотерапевтот Шон Кловер, автор на книгата „Кога децата го имаат главниот збор“. Неволја започна во тој момент кога технологијата го презеде приматот над смислената комуникација. Како што зависноста од технологијата напредува, децата низ светот живеат во меурот на нарцисоидноста, отуѓени од сопствените мисли и чувства, како и мислите и чувствата на другите. Помалку знаат да разговараат, а нивната човечност е доведена во прашање бидејќи сочувството е она што страда поради изложеноста на екраните. Во неговата позната книга „Емоционална интелигенција“, Даниел Голмен ја дефинира како способност да се препознаат сопствените и туѓите…

ПОВЕЌЕ ...

Американската приватна метеоролошка компанија „AкуВедр“ ја објави сезонската прогноза за Европа. Прогнозата се однесува за декември, јануари и февруари. Северна Европа и делови од Западна Европа на почеток ги очекуваат големи проблеми во форма на остри и чести бури, а тие во овие област ќе донесат големи количини на врнежи од дожд, предвидува „АкуВедр“. Иако почетокот на зимата во поголемиот дел од Европа нема да донесе вообичаени ниски температури, прогнозите укажуваат на тоа дека на крајот од зимата ќе биде доста постудено, со температури под просекот за овој период од годината. Областа од југот на Шпанија, преку Италија, па сè…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарија е финансиски рај за повозрасните Германци, кои дома едвај би составиле крај со крај со 958 евра, колку што е просечната пензија за 15,9 проценти од речиси 21 милион пензионери, колку што вкупно ги има во Германија. Бугарскиот дневен весник „Труд“ пишува дека германските пензионери веќе ги потиснуваат Британците за купувањето на недвижнини во Бугарија. Германската телевизија РТЛ пак објави дека пензионерите со тие пари можат богато да живеат во Бугарија, затоа што во таа земја цените на храната се двојно пониски отколку во Германија, а недвижнините се многу поевтини. За разлика од бројните Руси кои купуваат викендици во…

ПОВЕЌЕ ...

Според податоците на специјализираниот интернет портал Internet World Stats, 1.503.315 македонци користат интернет, што претставува 72,2 проценти од вкупното население, а милион луѓе ја користат социјалната мрежа Фејсбук. Според порталот, од вкупно 7.519.028.970 жители во светот, 3.885.567.619 луѓе користат интернет или 51,7 проценти. Од вкупно 822.710.360 жители на Европа, 659.634.487 користат интернет или 80,2 проценти. Во Исланд и Норвешка најмногу се користи интенетот или речиси 100 проценти од населението. Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија (75,5 проценти) и во Хрватска (74,4 проценти). Зад Македонија се рангирани Црна Гора (69,9 проценти), БиХ (69,3), Грција (69,1), Србија…

ПОВЕЌЕ ...

До крајот на оваа недела времето остана стабилното, суво и натпросечно топло (мини лето), пишува специјализираниот портал за временска прогноза Meteomax. Според анализата направена таму, на самиот почеток од оваа недела односно од денес, понеделник па натаму под влијание на циклонска активност ќе има промена на временската состојба кај нас односно ќе има зголемена облачност, врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите на воздухот. На некои места врнежите ќе бидат интензивни а можна е појава и на локална нестабилност проследена со грмежи. Според Meteomax се очекува да наврне позначително количество на воден талог.

ПОВЕЌЕ ...

Идната недела, ноќта меѓу сабота и недела меѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на времето така што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ВНИМАВАЈТЕ: Не се сите броила штелувани за евтина струја! Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин се овозможува заштеда во потрошувачката на…

ПОВЕЌЕ ...

Загина возач во тешка сообраќајна несреќа во Кочани. Ноќеска околу два часот дваесет и девет годишникот ја изгубил контролата врз возилото форд . Тој удрил во дрво, а потоа и во метален знак и се превртел. Со тешки повреди возачот билпренесен во болницата во Кочани, каде починал. Полицијата изврши увид на местото на несреќата на улицата Глигор Апостолов – Гочо .

ПОВЕЌЕ ...

21.Х.2017 (kamenica.mk) Од пред неколку месеци по црквите во Повардарската епархија фотографите се обврзани да платат некоја нова давачка за сликање и снимање – 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата. Тоа веќе се спроведува во Велес… Сите фото студија од овој крај ја потврдуваат оваа информација и велат дека имале и средба со владиката Агатангел на оваа тема, но без успех. Еден од сопствениците на фото студијата од Повардарието вели дека владиката им рекол оти во сите цркви ќе мораат да плаќаат по 500 денари доколку сакаат да фотографираат, „така сакал…

ПОВЕЌЕ ...