Author: Media Point

Судејќи според експертите, најсреќни сме во крајно необични години. Нова студија открива дека младите луѓе и возрасните на прагот на седмата деценија, всушност се најсреќни луѓе. Според истражувањата, врвот на среќата во животот на едно лице е меѓу 18 и 25 година и тоа задоволство во средните години опаѓа. Меѓутоа, се смета и дека лицата во 60-тите години исто така се задоволни со својот живот, бидејќи сите стресови околу подигнувањето на децата и работата сега се зад нив, па се помирни. Научниот соработник д-р Делиз Хачинсон смета дека луѓето имаат три клучни елементи на личната благосостојба: финансиска безбедност, силна врска…

ПОВЕЌЕ ...

Манастир Острог  15 – 17 септември 2017 Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Супер понуда на Либеро Травел: Септемвриски одмор на…

ПОВЕЌЕ ...

Неговото семејство по транзицијата се соочи со финансиска криза. Преживуваат со една плата и од собирање шишиња. Но, слабата материјална состојба не го спречи Томе Kиријази (18) да напредува во учењето. Од прво одделение основно училиште до четврта година средно не добил помала оценка од петка. Годинава матурира како првенец на генерацијата во техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола. Во средината е познат како многу талентиран математичар и физичар со солидни познавања по астрономија. Покрај честите присуства на регионални и државни натпревари по математика, каде што освојувал и награди, летово ново искуство за него беше учеството на Светскиот натпревар по…

ПОВЕЌЕ ...

На домашниот стадион на Квинс Парк Ренџер екипа собра Алан Ширер и играше против тимот на Лес Фердинанд. Во центарот на вниманието беше Жозе Мурињо, тренерот на Манчестер Јунајтед кој во второто полувреме го замени голманот Дејвид Џејмс и застана на голот (интересно Џејмс на 47 години изгледа како пред 10-15 години). Мурињо не играше долго, но успеа да: прими гол, да го критикува линискиот судија што не видел офсајд, да добие жолт картон за задржување на времето (поздрав од судијата Марк Халси) и да постигне убав гол од пенал во серијата. На крајот тимот на Ширер победи 5-3 на…

ПОВЕЌЕ ...

На летната сцена во Делчево синоќа заврши 41-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал каде настапија 15 фолклорни друштва од земјава и странство. На фестивалот му претходеше традиционалната културна манифестација „Пијанечко-малешевска свадба“ која преку венчавката на Тања Димитрова од Симитли, соседна Бугарија, и Љупчо Петровски од Делчево, беа афирмирани народните свадбарски обичаи од Пијанец. Зенил Реџепов, координатор на проектот од КУД „Гоце Делчев“ истакна дека на традиционаната свадба се афирмирани и возобновени 30 свадбарски обичаи. – Дел од обичаите ги изведувамена свадбарскиот ручек, дел на летната сцена за да можат да ги видат сите присутни. Среќен сум што успеавме и оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Новата сезона за ФК Каменица САСА започна со пораз. Второлигашкото патување го започна од Радовиш, каде против ФК Плачковица одигра за минимален пораз од 2:1. Во првиот дел од натпреварот Саса имаше водство од 0:1, но каменичани одиграа многу лошо второ полувреме, примија два гола, при што заработија и непотребен црвен картон. За вака слабата игра една од причините може да бидат и многуте повреди на клучни играчи во тимот. Списокот на повредени првотимци во редовите на Каменица САСА е долг. Добра вест и олеснување за тренерот и целокупниот Стручен штаб на тимот е што дел од нив постепено…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска околу 10.15 часот кај месноста викана ,,Чешмиче“ на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила. Екипи од ПС Куманово се на лице место и во моментов се врши увид. Сообраќајот е во прекин во двата правци и возилата се преусмеруваат по стариот пат.

ПОВЕЌЕ ...

Скршена клучна коска и неколку ребра од кои 7-то десно е сериозно оштетено. Ова се констатираните повреди во Штипската клиничка болница кај 33- годишен моторџија од Кочани. Во тешка здравстена состојба тој таму е донесен доцна синоќа, откако изгубил контрола над моторот и с епревртел. Повредите според лекарите се искулителноо сериозни и истите кочанецот во гипс и во кревет ќе го држат повеќе време. Тој е задржав во Штипската болниа и таму ќе остане се до стабилизирање на состојбата. Што и како се случувало синоќа на кочанските улици е работа која ја утврдува полицијата. Засега истрагата оди во насока дека…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, недела 03. Септември со почеток од 16:30 часот на градскиот стадион во Макеонска Каменица ЖФК Каменица – САСА ќе го одигра својот прв официјален натпревар. Во првото коло како дел од Првата женска фудбалска лига, девојките под водство Зоран Златковски, тренер на екипата и Шеф на стручниот штаб, ќе се сретнат со еден од најголемите фаворити за освојување на прво место во лигата, екипата на ЖФК Драгон од Скопје. Неколкуте одиграни досегашни натпревари во контролниот-подготвителен период покажа дека во Каменица има потенцијал за развој на женскиот фудбал и амбиции за постигнување на одлични резултати во иднина. Вкупно тренираат околу…

ПОВЕЌЕ ...