Гледано по тоа кој вид на рак погодува најголем број на мажи и жени во западните земји, ракот на дебелото црево стана најголемо чудовиште. Колоректалниот карцином е еден од првите две водечки причини за смрт поради малигни болести во развиените земји, и покрај фактот дека оваа болест може да се излекува со хируршка интервенција, доколку дијагнозата е поставена во рана фаза, велат експертите. Моменталните терапии за ова малигно заболување вклучуваат операција, хемотерапија, биолошка терапија и зрачење. За жал, симптомите за рак на дебело црево не секогаш можат да бидат јасни и скоро секогаш се мешаат со симптоми кои водат кон…
Author: Media Point
Серија земјотреси утрово ги вознемирија жителите на Каменица, Делчево, Пехчево и Берово. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 115 километри југоисточно од Скопје, и потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево-Кресна. Оваа серија земјотреси најсилно се почувствувала во Каменица, Делчево, Пехчево и Берово. Времето, магнитудата и осетеноста се следните: во 10 часот почувствуван е земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, во 10 часот и 17 минути земјотрес со јачина од 2,3 степени, во 10 часот и 19 минути од 2,6 степени, потоа во 10 часот и 27 минути почувствуван…
19. X. 2017 (kamenica.mk) Во 10:30 часот утрово, граѓаните на Македонска Каменица осетија посилен земјотрес. Истиот е почуствуван и во околните градови на Истокот од државата. За јачината и епицентарот на земјотресот ќе ве известиме во текот на денот, веднаш штом ќе добиеме детални и проверени информации за истиот.
Голем поздрав и секоја почит за одговорот на продавачката на книги на плоштад. А за тоа колку се искрени луѓето, повелете на коментари. Извор: Мотика
Едно лице почина, а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Умчари која се случи синоќа. До несреќата дошло на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот во правец кон Ниш, кога автомобилот од марка „Ауди А6“ со македонски регистерски таблици излетал од патот. Во возилото имало четири државјани на Македонија, двајца мажи и две жени на возраст од 30 до 35 години кои од Белград се враќале кон Македонија. Повредените се пренесени во Ургентниот центар. Двајца од патниците се во тешка состојба и се борат за живот.
Текстилците се работници на кои неретко им се кршат правата. Во текстилната индустрија две плати не ги покриваат месечните трошоци за живот. Погледнете го видеото на „Види вака“:
18 октомври 2017 (kamenica.mk) Вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици. Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно препораките на СЗО и штити од два типа на вируси од групата A и еден тип на вирус од групата Б, а производител е Абот од Холандија, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под три години со намален имунитет,…
Виница, 18 октомври 2017 (kamenica.mk) Девет теракотни релјефни икони од Виница ќе учествуваат на светската изложба „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ која денеска ќе биде отворена во музејот Ашмолијан на Универзитетот во Оксфорд. Тие се уникатен споменичен вид и дел од една од најрепрезентативните збирки на Археолошкиот музеј на Македонија. Збирката била многупати претставувана во многу музеи во светот. Теракотните икони се откриени во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница. Релјефните плочи биле предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн…
17.X.2017 (kamenica.mk) Во четврток, 19 Октомври, со почеток во 12 часот во просториите на Локалната Библиотека „Крсте Петков Мисирков“ во М. Каменица, клон на ЈЛБ„Илинден“ од Делчево ќе се одржи оштински напревар „Млади Библиотекари“. Учество ќе замат ученици и членови на локалната и училишната библиотека на возраст до 14 години. Победникот од Општинскиот натпревар ќе учествува на Републички натпревар кој оваа година ќе се одржи во Сруга во месец Ноември. Традиционално Републичкиот напревар „Млади Библиотекари“ го организира Библиотекарското задружение на Македонија кое оваа година ќе биде 18 по ред. За општинскиот натпревар учество ќе земаат 18 учесници и 4 ментори…
Работиме само за да јадеме. Ова е логичен заклучок по последните анализи на Државниот завод за статистика, според кои најголем процент од платите, завршуваат за покривање на трошоците за храна. Вкупно 60-70 отсто од заработеното завршува за полнење на фрижидерот и стомаците. Овој висок процент на трошоци за храна, не става во редот на сиромашни земји: Тоа значи дека имаме низок стандард, зашто стандардот не подразбира да работиш само за храна и комуналии, туку и за други потреби, патување, доградби, инвестиции и слично, посочи Глигор Иванов, економски аналитичар. Според домашниот есап на секое семејство, кај нас храната е исклучително скапа:…
