Author: Media Point
Најдоброто од Македонија, заштитено богатство од УНЕСКО како светско културно наследство, „Гласоечкото“ од Долни Подлог-Тетовско и „Копачката“ од делчевско Драмче, вечерва и утревечер ќе бидат претставени пред дипломатскиот кор во соседна Бугарија и во Рускиот-културен- информативен центар во Софија. Споени во едно, непроценливото богатство на македонската вокална и орска традиција, со свои концерти ќе ја промовираат македонската уникатна фолклорна традиција. Се гордееме со овој настап ова е несекојдневно за нас. Организацијата доаѓа од Минситерството з акултура и макеоднскиот-култутен информативен центар во соработка со нашата амбасада во Софија. Ова е значаен настап ја промовираме РМ со двете културни наследства, изјави Перса…
Истражувањата покажале дека сок од црвено или темновиолетово грозје, благопријатно делува на срцето исто како и црвеното вино. Сокот од црвено грозје го намалува ризикот од згрутчување на крвта, го намалува лошиот холестерол, го спречува оштетувањето на крвните садови и помага за нормализација на крвниот притисок. Помага за исфрлање на токсините од организмот Грозјето е богато со антиоксиданси, вклучувајќи ресвератрол и флавоноиди. Свежиот сок од грозје е богат со витамините А, Б и Ц, а од минералите содржи калциум, калиум, железо, магнезиум и други. Тој е одличен чистач на црниот дроб, го забрзува метаболизмот и овозможува брзо елиминирање на токсините од организмот и крвта. Содржи…
Во рудникот „Леце“ во околина на Медвеѓа на југот од Србија, синоќа околу 23 часот, се пронајдени беживотните тела на двајца македонски државјани, кои биле вработени во тој рудник. Според српските медиуми, раководството на рудникот потврдило дека настрадале македонските државјани З.П. (48) и Т.Н. (53). Според сведоци, несреќата се случила за време на минирањето не еден дел во рудникот. Еден од рударите, кој бил во иста смена со настраданите, изјавил дека македонските рудари не се повлекле навреме при минирањето и се задушиле од гасовите во јамата. Според други сведоци, еден од настраданите македонски државјани, кој бил надзорник, се симнал во…
Швајцарската компанија Даниел Руцхти ДООЕЛ објавува 2 огласи за вработување на кандидати СО или БЕЗ искуство. Условите за работа се ОДЛИЧНИ. Столар (со или без исксутво) – ПЛАТА ДО 21.500 ден Столар-фарбар (пожелно е искуство) ПЛАТА ДО 21.500 ден Покрај платата на вработените им се ипплаќа и РЕГРЕС на крајот од годината. Извор: vrabotuvanje.com
Тежок инцидент во Кочани. Едно лице е сериозно повредено и во критична состојба задржано на лекување на Клиниките во Скопје. Него таму го испратил 58-годишен кочанчанец нанесувајќи му неколку убоди со нож по телото. На ова му претходела расправија и тепачка меѓу сега тешко повредениот 37-годишен со иницијали В.А. и 33-годишнен А.Д. , од една страна и 58-годишниот Л.А., од друга. В.А. и А.Д. со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што тој со нож на В.А. му нанел повеќе убоди во пределот на телото. В.А. бил пренесен во Медицински центар Штип, од каде…
Продолжениот празничен викенд ги наполни бугарските туристички центри, но и плажите во Грција. Само преку Граничниот Премин Делчево на 8 Септември за Банско или Грција заминале 2000 патници. Најмногу од Скопје, но и Тетово, Охрид, Штип и од цела Македонија. За продолжениот викенд на ГП Делчево поминале на влез и излез 7750. Само на 8 септември на влез и излез се евиднетирани 3075 патници од кои 2000 беа на излез и 90% од нив се македонски државјани. Најмногу патуваа за Банско Бугарија и Грција, изјави Марјан Димитровски, командир на ПС на ГП Делчево. Зголемената фреквенција на возила и за…
ЕВН од Штипско семејство сакаше да наплати заостанат долг и изгуби на суд. Семејство од Штип доби правосилина судска пресуда против компанијата: Ова е крајна разврска, Апелација Скопје го потврди случајот и веќе немаат право на жалба, немаат право на друга инстанца. Мислам дека ако отидат и на меѓународен суд ќе изгубат, зашто сите правни нормативи се исцрпени во матичната земја. На оваа постапка имавме вештачење, извештачивме, докажавме дека по ниту еден правен основ ова семејство на ЕВН не и должи ништо, објасни Емил Недков, адвокат. Случајот се води уште до мај 2015 година, кога семејството решило да побара правна…
Сеча на огревно дрво во смрт однесе уште едн млад живот од Истокот. Овој пат, жртва е 43-годишен жител на делчевското село Габрово, кој животот го завршил приклештен од трактор, натоварен со исечени дрва. Смртта младиот делчевец го пречекала кај местото викано Кремењач. Тој седел во приколицата врз дрвата кога возачот се обидел да го стартува тракторот, но обидот завршил со превртување на возилото. Левото тркало, силно го пориклештило делчевецот во пределот на половината, по што тој таму се разделил со животот. Лекарска екипа, само ја констатирала моменталната смрт. Надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а телото на…
16 години од терористичките напади на 11 септември САД одбележат 16 години од стравичните координирани терористички напади, кои на 11-ти септември 2001-та година го шокираа светот. Доналд Трамп, прв пат како претседател ќе присуствува на одбележувањето на годишнината, која ќе почне со минута молчење во истото време кога првиот авион се заби во светскиот трговски центар.. Нападите во кои загинаа вкупно 2.998 луѓе, ги извршија припадници на терористичката група Ал Каеда со киднапирани авиони. Тој трагичен настан го означи почетокот на американската и западната глобална кампања против тероризмот, која резултираше со војните во Авганистан и во Ирак.
Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со…
