Author: Media Point
Ракометната репрезентација на Хрватска си ја заврши задачата и со победа над Исланд (34-33) го освои третото место и бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) во Скандинавија. Во „малото финале“, балканската селекција покажа зрелост и вторпат го совлада Исланд на овој турнир по мечот во групната фаза. И покрај сите проблеми, вироза и болест во тимот, Хрватска се издигна над се и во драматичен финиш успеа да ја оствари мисијата. Најдобар стрелец на мечот беше Магнусон од Исланд со 12 гола, пред Кристјансон со шест гола, додека кај Хрватите одличен беше голманот Мандиќ со осум одбрани, а лидер на листата на стрелци беше Лучин со…
Новата детска градинка во населба Расадник, полека го добива својот финален изглед. Од денес интензивно се работи на дворното уредување и инсталирање на сите планирани содржини. Изразувам задоволство од текот на работите кои се во завршна фаза. Денеска се монтираа содржините околу новопланиранито детско игралиште, а согласно со проектот, од денес започнува и изградбата на дворна ограда во должина од околу 200 метри, летниковец, печашки патеки, детско игралиште со најразлични содржини. Работите ги извршува фирмата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ. Следува процес на набавка на мебел и други потребни средства,…
Божествена Литургија во храмот „Преп. Наум Охридски – Чудотворец“ во Делчево Денес, 1 февруари 2026 година, во Неделата на митарот и фарисејот, кога се чествуваат преподобниот Макариј Велики и свети Марко Ефески, во храмот „Преп. Наум Охридски – Чудотворец“ во Делчево беше служена Божествена Литургија. Со Литургијата началствуваше епископот Делчевско-каменички г. Марко. По читањето на Светото Евангелие, владиката одржа архипастирска беседа, во која ја протолкува евангелската порака и истакна дека Црквата нè подготвува за почетокот на Великиот пост преку повик на смирение и покајание. Во беседата беше нагласено дека без смирение и искрено покајание, постот и молитвата ја губат својата…
Света Архиерејска Литургија и храмова слава во Оризари На 31 јануари 2026 година, кога Македонската православна црква го одбележува споменот на свети Атанасиј Велики и свети Кирил Александриски, во храмот „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари, Кочани беше одржана Света Архиерејска Литургија и храмова слава. Со Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија. По читањето на Светото Евангелие, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна духовна беседа пред верниот народ. По завршувањето на Светата Литургија беше извршена литија околу храмот со иконата на свети Атанасиј Велики, по што следеше мал водосвет и благословување и кршење…
Од денеска, 1 февруари, официјално почнува со целосно функционирање системот „Безбеден град“. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека системот ќе биде активен на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и долж магистралните патишта на Коридорите 8 и 10. Ова означува крај на толеранцијата и почеток на санкционирање на граѓаните чии прекршоци ќе бидат детектирани од поставените камери. Системот автоматски ќе регистрира четири типа на најчести сообраќајни прекршоци: Управување со брзина поголема од пропишаната; Минување на црвено светло; Непрописно паркирање; Управување возило со истечена регистрација. Од МВР појаснуваат дека камерите се стратешки поставени на критичните точки каде статистички…
Денешната ждрепка во Хернинг го откри патот на македонската ракометна репрезентација кон пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Германија. Македонија, благодарение на освоеното трето место во групата на Европското првенство во Данска, избори поволна позиција во квалификацискиот циклус и ќе настапи во само еден бараж, наместо во два. Нашата селекција ја дочека ждрепката како носител, што значеше избегнување на неколку европски ракометни велесили како Франција, Шпанија, Норвешка, Словенија, Унгарија, Швајцарија, Холандија, Австрија, Фарски Острови и актуелниот домаќин на ЕП Данска. Ждрепката одлучи Македонија да се соочи со победникот од првиот бараж-дуел, во кој силите ќе…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.С.(36) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 31.12.2025 во Делчево, пријавениот физички нападнал полицискиот службеник кој извршувал службени дејствија.
Возљубени браќа и сестри во Христа, денес Црквата ги прославува двајцата големи учители и светители на Православието: ✞ Свети Атанасиј Велики (IV век) беше непоколеблив борец за вистината на православната вера во времиња на аријански заблуди. Како архиепископ, тој со мудрост и ревност ја утврди Црквата, бранејќи ја чистотата на догмата за Светата Троица. Неговиот живот беше пример на трпение, смирение и ревност во служба на Бога. ✞ Свети Кирил Александриски живееше во истиот период и се прослави како голем учител на Црквата. Со неговото богословско писмо и проповед, тој ги осветлуваше вистините на верата и ја зајакнуваше духовната крв…
ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА КУЌА ВО ЃУРЃИНА ЛИВАДА, СЕЛО ЛУКОВИЦА Куќата е на приземје и спрат, со корисна површина од 160 м², а вкупната површина на имотот изнесува 1.200 м² (900 м² + 300 м²) плодно дворишно земјиште. Куќата и имотот имаат пристап до асфалтен пат и обезбедено водоснабдување од сопствен водовод и приклучок на градски водовод. Куќата е погодна за семејно домување или викенд одмор. Цена по договор. Повеќе информации на следниов контакт телефон +389 78 576 144
Работен состанок на пензионерите во село Истибања Во Пензионерскиот клуб во Истибања се одржа работен состанок со пензионерите од селото. Состанокот се одвиваше под претседателство на Павлина Ангеловска, со присуство на Стојко Митковски – републички делегат од ЗП Виница, Јаким Тасков – претседател на Огранокот Истибања и Моне Петров – делегат во ЗП Виница. На средбата беше презентиран извештајот за работата во текот на 2025 година, како и предлог-програмата за активностите планирани за 2026 година. Пензионерите дискутираа за тековните прашања и идните активности на огранокот.
