Author: Media Point

Демант од Општина Кочани на текстот со наслов „Општина Кочани набавува бадеми, лешници, виски, вино и останати производи за пола милион денари“, објавен на порталот „Инфомакс“ Во врска со текстот објавен на порталот „Инфомакс“ под наслов „Општина Кочани набавува бадеми, лешници, виски, вино и останати производи за пола милион денари“, Општина Кочани ги информира граѓаните дека насловот на текстот и објавената фотографија се тенденциозни и извадени од контекст. Јавната набавка за прехранбени производи и пијалаци претставува редовна и законска постапка, предвидена во Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани. Спецификацијата на производите е изготвена врз основа на реалните потреби…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со законски одредби, се забранува на индивидуалните или на деловните објекти како огревен материјал за затоплување да користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков друг вид отпад кои при согорувањето испуштаат отровни материи и го загадуваат амбиенталниот воздух. Поради ова од Општина Делчево најавија дека инспекциските служби ќе вршат вонреден инспекциски надзор посебно во инсталациите каде има значителни емисии во амбиенталниот воздух и согласно со законските одредби ќе се преземаат соодветни казнени…

ПОВЕЌЕ ...

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски вредности. Водостоите на Охридското и Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамки на просекот.

ПОВЕЌЕ ...

По вечерашниот пораз од Охрид, битолчани тешко го прифатија резултатот од дербито во Суперлигата. Освен инцидентите и искршената врата во гостинската соблекувална, приведен е и ракометарот Дејан Манасков. Како што информира СВР Охрид, на 14.12.2025 година во 20.20 часот во полициска станица бил приведен Д.М. (33), ракометен играч од Скопје и член на клуб од Битола. Тој по завршувањето на натпреварот во спортската сала „Биљанини Извори“, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А., помошен тренер на домашниот клуб. Настанот е пријавен и се работи на негово целосно расчистување. По завршување на постапката, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва, во 18 часот, во центарот на Скопје, ќе бидат запалени празничните светилки. Како што најави град Скопјепразничната магија се враќа на плоштадот „Македонија“. Со богата програма, украсен амбиент и изненадувања за сите генерации, главниот град ќе го одбележи почетокот на новогодишните и божиќните прослави. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати покана до сите скопјани да бидат дел од заедничкото палење на празничните светилки, закажано за денеска. Во неговата порака стои дека празниците се време кога градот треба да свети од радост, насмевки и заедништво: „Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. Сите ние ја заслужуваме таа…

ПОВЕЌЕ ...

Групата за народни ора „Ајдара“ при НЧ „Арсени Костенцев – 1980“ – село Изгрев, одбележа 7 години од своето основање. Групата е основана на 4 декември 2018 година, а прославата се одржа оваа сабота во просториите на читалиштето, во предбожиќна и исклучително свечена атмосфера. Вечерта помина во знакот на разиграни бугарски народни ора, кои се виеја до доцна во ноќта, исполнети со многу енергија, добро расположение и љубов кон фолклорот. За доброто расположение на сите беше организирана забавна томбола со духовити подароци, а посебно внимание му беше посветено на раководителот на групата, Милен Димитров. Тој доби уникатен и исклучително емотивен…

ПОВЕЌЕ ...

На 13.12.2025 во 23:20 часот во с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициската станица Македонска Каменица го лишија од слобода Д.П.(31) од Македонска Каменица затоа што пред дворот на куќата каде што престојува е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Извршен е службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 18.11.2025, преку неговиот профил на социјалната мрежа, пријавениот објавил фотографија со која промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

ПОВЕЌЕ ...

Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ? ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ…

ПОВЕЌЕ ...

Започнуваат подготовките за традиционалните Бадникови поворки во Македонска Каменица. Организаторите ги повикуваат сите деца и родители да се приклучат и да учествуваат во празничната подготовка преку песна и дружење. Пробите ќе се одржат во просториите на храмот „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, со почеток во 15:00 часот, на следните датуми: 16, 18, 23, 25 и 30 декември 2025 година, како и на 3 јануари 2026 година. Бадниковата поворка ќе се одржи на 6 јануари 2026 година, кога учесниците ќе излезат на улиците на градот за заедничко празнично одбележување. Организаторите упатуваат отворен повик за учество до сите заинтересирани…

ПОВЕЌЕ ...